Компаниите треба да целат кон создавање инспиративни претприемачи (не само ефикасни работници)

Иако според популарното верување претприемништвото подразбира предизвикување на стандардите и поместување на границите, претприемачкиот начин на размислување денес се смета за карактеристика што секој треба да ја поседува, без разлика на вокацијата. Претприемачот има визија, истрајност, глад и амбиција што води до резултати и овие карактеристики би требало сите вработени да ги имаат. Малата нијанса тука е дека во една компанија, визијата е веќе осмислена, но дури и тогаш, вработените можат да придонесат и да ја дооформат таа визија, постојано приспособувајќи се на менливите фактори на индустријата, пишува Анурада Чалу, директор за човечки ресурси во Property Finder.

Привлекување квалитетни професионалци е приоритет

Претприемачкиот начин на размислување исто така инспирира квалитети што ние во компанијата Property Finder ги охрабруваме меѓу нашите вработени, а тој вклучува и способност да се предвидуваат и надминуваат пречките, работа со минимална супервизија, инспирирање доверба и фокус на резултатите. Нашата севкупна аспирација е да пораснеме во технолошка компанија – светилник во индустријата. За да ја оствариме таа цел, се трудиме да бидеме магнет за таленти во регионот, што ќе ни овозможи да ги привлечеме вистинските професионалци, што пак е с’ржта на нашиот успех. Во контекст на таа аспирација, претпоставувајќи дека нашата конечна цел е уметничко ремек-дело, постои платно што треба да се наслика и ние постојано бараме талент од висок калибар да дојде да го слика тоа платно со нас; конкретно зборувајќи, талентираниот професионалец ќе има значајна улога со огромно влијание.  

Особено сме среќни што сме лоцирани во Обединети Арапски Емирати, каде професионалците се едуцирани во богатата култура на регионот, која подразбира атрибути како лојалност и гордост поради работата, како и соработка што инстинктивно ги тера да мислат на растот на нивните колеги, како и на личниот раст. Тешко се доаѓа до овие квалитети, и оттука тие претставуваат одлична основа. Помладата генерација поседува висок степен инспирација, и нашата улога како нивни ментори и лидери е да ги разбереме и прифатиме дека тие претпочитаат да го живеат сопствениот живот според сопствени правила (наместо според однапред дефинирани норми), да ја негуваме нивната амбиција и начин на работа, и само нежно да ги насочуваме, само ако тие побараат. Мораме да веруваме во оваа генерација и да и` се тргнеме од патот.

Единствениот предизвик кога работите со млади е дека понекогаш нивната самодоверба и директен пристап може погрешно да се интерпретира како непочитување, што е контра продуктивно во поглед на здравата динамика, но освен тоа, се кладам на оваа генерација која продолжува да ме восхитува секојдневно. Од организациска перспектива, компанијата треба да употреби неколку мерки за да создаде стимулативна средина што му дозволува на тимот да ги рашири крилјата и да лета кон нови височини. За почеток, треба да разбереме дека луѓето треба да бидат најдобрата верзија од себеси на работа, што почнува со осигурување дека обезбедената атмосфера ги мотивира и ги тера да сакаат да се враќаат на работа секој ден.

Се вложува во професионалниот раст и развој на секој вработен

Исто така е важно да го препознаете значењето на професионалниот раст, особено меѓу младата генерација. Ние усвоиме пристап „70:20:10“, конвенционална методологија за учење што покажува дека луѓето најмногу растат кога 70% се учат на самото работно место, 20% се стекнуваат преку фокусирани тренинзи, и 10% се учат преку коучинг. Во нашиот случај, со оглед на животната фаза на нашата организација и стратегија за привлекување таленти, бараме професионалци кои имаат висок потенцијал за раст на самото работно место, покривајќи 70%. За 20те% фокусиран тренинг, инвестиравме во платформа за учење што обезбедува неограничен пристап до целиот тим за да учат и ги изострат вештините што се потребни за нивните конкретни улоги, или пак за дополнителни курсеви што им будат интерес. И на крај, за да го покриеме делот со коучинг, ние (како и повеќето етаблирани компании) негуваме култура на постојано давање повратни информации и менторство.

Стартап култура

Уште повеќе, по повеќе од една деценија од нејзината создавање, нашата компанија се` уште одржува култура на стартап фирма и во процесот на нејзиното растење се оттргна од хиерархиската организираност, што не е случај со повеќето корпорации. Минорни практики и процеси што спаѓаат во стартап културата сериозно помагаат во засилувањето на задоволството на вработените од работното место. Тоа е како домино ефект – врата на канцелариите на вишите менаџери е секогаш отворена, и тоа не само што им овозможува на вработените отворено да ги споделат нивните грижи и мислења, туку создава и простор за свежи и иновативни идеи од сите слоеви на тимот. Нешто едноставно како што се средбите што ги нарекуваме „фала богу што е четврток“, кога целиот лидерски тим е достапен за одговарање прашања помага во поттикнувањето на транспарентноста и довербата во рамки на нашиот бизнис.

Како заклучок, би сакал да завршам со цитат од Лао Це, мојот омилен учител по лидерство, кој ми остана во паметење во текот на сите овие години: „Лидер е некој кој луѓето едвај знаат дека постои; кога неговата работа е завршена, неговата цел исполнета, тие ќе кажат: самите го направивме ова“. Повеќе од насочување, менаџерот или менторот има обврска да води преку личен пример, бидејќи тимот е емулација на нивниот лидер. Вработените се неизмерно важни во поглед на формирање на работната етика и мора да покажат витални ставови како што се силна работна етика, достапност за вработените, соработка во тешки периоди и отворено да искажуваат пофалби. Клучно е еден лидер да го разбира неговиот тим и да го усвои нивниот лидерски стил бидејќи е тоа е неопходно во мотивирањето и извлекувањето на најдобрите квалитети од вработените.

На крај, мојот предлог за припадниците на помладата генерација кои сакаат да напредуваат во успешни лидери би бил прво правилно да се сфатат основите – важно е да бидете исклучително компетентен во она што го правите; вежбајте, вежбајте и на крајот вашите вештини ќе бидат совршени. Кога овој дел ќе помине, научете како да размислувате однапред и направете агенда за планот што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели. И на крај, научете ги триковите за соработка, понизност, влијание и истрајност. Бидете народен човек и раководете од срце.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -