Кои се 100те најуспешни македонски компании според СКЗМ?

Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) го одржа десеттото издание на манифестацијата Топ 100, на која беа прогласени најдобрите и најуспешните 100 компании во земјава.

СКСЗМ додели награди на врвните пет компании, поради остварените достигнувања во своето работење и се издвојуваат како водечки компании за 2019 година. Стопанската комора додели и три специјални награди.

Критериуми за избор

За изборот на овие водечки компании, пресудни се неколку индикатори, кои вклучуваат годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал, со што истите се издвојуваат од останатите од каталогот.

Првата награда и припадна на компанијата Даути Комерц, втората награда на компанијата Алма-М, третата награда на компанијата Пофикс, четвртата награда на компанијата Бас Тути Фрути и петтата награда беше доделена на Киппер. Компанијата АК-ИНВЕСТ ја освои наградата за најбрзо растечка компанија, Едукативниот центар РЕА ја освои наградата за компанија предводена од жена, а фирмата Кнауф Радика ја освои наградата за компанија со успешно партнерство.

Наградите ги доделија претставници на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, односно Неби Хоџа, Мендерес Кучи, Трим Ќемали и Влора Адеми, како и претставници од Владата на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев, Талат Џафери и Крешник Бектеши. Една од наградите беше доделена од страна на гостин, односно г. Николин Јака од Стопанската Комора на Тирана.

Успешна традиција

Во своето обраќање, претседателот на СКСЗМ истакна дека има поминато една деценија откако овој настан се организира, при што Комората и бројот на нејзините членови постојано растат, а настанот ТОП 100 доби друга димензија, како моќен бренд на СКСЗМ кој самите членови го создадоа, воспоставија и развија во текот на 15-годишното патување на Комората.

„Горди сме на фактот дека станавме синоним за подадена рака и чадор за сместување на бизниси. Ги поддржуваме државните институции во нивните напори за трансформација и унапредување на развојните политики во земјата, особено придонесувајќи за создавање на подобра деловна клима во земјата,“ посочи тој.

Истовремено изрази сочувство за загубата на  Енвер Малиќи, еден од најголемите основачи и поддржувачи на Комората, симбол за успешен претприемач и дарежлив филантроп.

Десетото јубилејно издание на овој настан за презентација на каталогот Топ100 беше од затворен карактер, поради почитување на сите мерки и препораки за спречување на ширењето на Ковид-19. Преносот од настанот се одвиваше во живо преку социјалните мрежи, на три различни јазици – македонски, албански и англиски.

Извор и фотографија: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -