Мажите и жените ја доживуваат ситуацијата со Ковид-19 на различен начин

Работењето во денешно време воопшто не личи на работењето пред два месеци. Вработените работат на далечина, состаноците се одржуваат преку телефон или видео врска преку интернет, и повеќето од нас не се справуваат само со работните обврски, туку и со сопствените домаќинства, нашите деца, како и задолженијата и обврските на нашите деца, пишува entrepreneur.com.

Поврзано:

Оттука, се поставува прашањето како сме сите? Но, одговорот зависи од тоа кого прашувате.

Консултантската компанија „Чувај ѝ го грбот“ (Have her Back), која им помага на фирмите да постигнат родова еднаквост, спроведе истражување со вработените во средни до големи компании кон крајот на месец Март, за подобро да разберат како овие претпријатија и нивните вработени се прилагодуваа на новиот начин на работа. Извештајот ги анализира критичните потреби и поддршка што ги бараат вработените, и посочува како родот, родителството и генерацијата можат да нè информираат за нивните грижи во ова време, и како тие сакаат нивниот работодавач да одговори, сега и во иднина.

Следат неколку клучни согледби.

Мажите се позадоволни од жените со постоечките политики за работа од дома на нивните работодавачи

Генерално, 35 проценти од мажите мислат дека одговорот на кризата на компанијата во која работат е „одличен“, додека само 24 проценти од жените го дале истиот пофален одговор. Празнината се проширува кога „Чувај ì го грбот“ се фокусира на родителите – 5 процент од татковците ги оцениле нивните ресури како одлични, додека само 18 проценти од мајките го дале истиот одговор.

Но, татковците кои имаат работа вистина мака мачат со обезбедувањето нега и грижа за семејството, и ова особено важи за машката популација.

Не е тајна дека успешното справување со децата и училиштето и работењето од дома е скоро невозможна задача, и повеќето испитаници се согласуваат со ова тврдење. Но, 31 процент од татковците во анкетата кажале дека оваа ситуација е „исклучително тешка“, во споредба со 14 проценти од мајките, што пак сугерира дека татковците се можеби несвесни за тоа колку е тешко, на дневна основа, справувањето со децата и нивното образование, додека истовремено обезбедувате грижа и нега.

Жените сè уште се чувствуваат дека тие го носат поголемиот дел од товарот.

Според студијата, повеќето жени се чувствуваат дека поголемиот дел од обврските поврзани со обезбедување грижа и нега во овој период, паѓа на нивните плеќи. И за несреќа, само 27 проценти од мајките чувствуваат дека нивниот работодавач го разбира овој товар.

Ковид-19

Вработените од двата пола имаат големи потреби за обезбедување поддршка, но многу различен вид поддршка.

Како што светот полека ќе излегува од кризата со пандемијата, вработените мајки највеќе сакаат гарантирани приходи и платено боледување – факт што го засилува претходното откритие дека повеќе жени чувствуваат дека товарот на обезбедувањето нега и грижа паѓа на нивните плеќи. Татковците имаат силна потреба од комуникација од страна на нивните шефови што ќе им го подига моралот, како и повеќе обуки за работење на далечина, надзор и менаџмент.

Кризата ги тера работниците долго и длабоко да размислуваат за нивната иднина.

Запрашани дали постојат шанси да ги сменат работните места во иднина врз основа на тоа како нивниот работодавач се справил со кризата, одговорите се поделија во категории според генерациите. Голем дел – 60% од „милениумците“ велат дека има големи шанси да сменат работа поради нивното новостекнато искуство; 51 процент од испитаниците во анкетата кои припаѓаат на „генерацијата Икс“ го чувствуваат истото, додека само 27 проценти од постарите генерации ќе размислат дали ќе го напуштат сегашното работно место. Ова претставува голема можност за работодавачите во поглед на справување со пандемијата: што подобро ги слушаат и одговараат на потребите на вработените, толку посилен тим ќе можат да задржат, и да ангажираат, од другата страна.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -