Ковид-19 е „совршен изговор“ работната недела да трае 4 дена

За огромен број компании низ целиот свет, Ковид-19 предизвика економска катастрофа и направи милиони луѓе да ги изгубат работните места.

Поврзано:

Но според една лоби група, пандемијата на коронавирус е идеална можност да се преиспитаат работните динамики со цел да се засилат економиите и да се подобри целокупната добросостојба – односно, претставниците на групата препорачуваат дека сега е вистинското време да се откажеме од петдневната работна недела, со 40 работни часови, пишува Euronews.

Ковид-19 ни го обезбедува совршениот изговор вистински да погледнеме во иднината на работата. Секако, ова што му се случува на светот е ужасна нешто, но возбудата во ситуацијата лежи во фактот што можеме одново да го осмислиме концептот за работното место, посочува Шарлот Локарт, извршен директор на непрофитната организација која обезбедува платформа за истомисленици кои ја поддржуваат идејата за четиридневна работна недела – 4 Day Week Global.

Она што некогаш беше само иницијатива, сега се чини дека добива на сила

Нов Зеланд е еден од најуспешните примери во светот во поглед на справувањето со пандемијата на коронавирус, но националната економија на земјата сепак претрпе удар. Сегашната премиерка, Жасинда Ардерн, ја поддржува идејата за четиридневна работна недела во насока на засилување на домашниот туризам, додека истовремено ќе се подобрува и рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот.

„Слушам како многу луѓе даваат сугестии дека треба да имаме четиридневна работна недела. На крај, тоа се однесува на вработените и работодавачите. Но (…) има многу работи што ги научивме од Ковид-19, за флексибилност на луѓето кои работат од дома, и продуктивноста што може да биде поттикната од тоа,“ Ардерн кажа во видео споделено во живо на Фејсбук во текот на минатиот месец.

Помалку часови, подобра продуктивност?

Кога Мајкрософт ја проба четиридневната работна недела во неговата канцеларија во Јапонија минатата година, извести дека имало зголемување на продуктивноста за 40%. Тој експеримент беше дел од проект чиј фокус беше испитување на рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот и нејзиното влијание врз продуктивноста и креативноста.

Франција воведе работна недела од 35 часа пред две децении, и ја ужива една од најкратките работните недели во Европа. Оваа промена беше спроведена од страна на социјалистичкиот премиер Лионел Жоспен, со цел намалување на невработеноста. Одлуката да се скрати работната недела создаде стереотип за Франција како нација на мрзливци, но во споредба со другите земји во светот и нивото на продуктивност, оваа земја скоро секогаш е меѓу првите.

Иако е малку понизок од САД и покажува знаци на забавување во последните години, Бруто домашниот производ по одработен саат во Франција е околу 25% повисок од остатокот од Европската Унија и во однос на најбогатите земји во светот, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Локарт вели дека поразителниот економски исход ја прави идејата за пократка работна недела уште поитна, особено кога „фокусот на продуктивноста сега никогаш не бил волку важен“.

„Човечката природа е таква да не можеме целосно да работиме 37 или 40 часа неделно,“ додава таа.

„Она за што ние се бориме е дека ако го охрабрите вашиот персонал да ги пронајде тие „дупки“ во текот на денот и потоа се ослободат од нив за да имаат повеќе слободно време, ќе сфатите дека вашата компанија ќе биде барем 20% попродуктивна.“

Нè држат фокусирани

Фактот дека живееме во време на хипер-поврзаност, кога сè повеќе луѓе се изјаснуваат дека имаат потешкотии да се „исклучат“ од работа, е вистинската причина зошто Локарт смета дека работна недела со 40 часа веќе не е функционална за нас.

„Кога се воведе за првпат, немавме паметни телефони, е-мејл и секакви прекинувања, и затоа всушност моравме да создадеме дисциплина,“ посочува таа.

Карантините кои траат со недели поради ширењето на коронавирусот примораа милиони родители да се справуваат со последиците од затворањето на нивните деца дома и обидот да работат во исто време – што значи дека се соочуваат со постојани прекинувања и креирање работни распореди што зависат од времето кога децата одат на спиење.

„Разликата што ја доживеавме за време на карантините поради Ковид-19 секако е фактот дека сега треба да ги образуваме нашите деца дома истовремено. Но ако ги погледнеме можностите за флексибилно работење на далечина, ќе видиме дека тоа им одговара на повеќето бизниси, па затоа мислам дека ќе се соочиме со многу зголемена продуктивност,“ вели Локарт.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -