Карантините ни покажаа дека не ни требаат канцеларии за да работиме заедно

Минатата 2020 година не` научи што е навистина важно во животот: здравјето, семејството и стабилната интернет врска. По долгите недели социјално дистанцирање и поминување време дома, бевме приморани одново да ги процениме заслугите од работењето во заедничка канцеларија. Деловните состаноци сега можат да се одржуваат преку видео врска онлајн, соработката е можна од удопството на нашиот дом, а тимовите докажаа дека можат да работат ефикасно без потребата сите да се координираат во физички простор, пишуваат Џими Вејлс, ко-основач на Wikipedia и Фандом Орит Копел, извршниот директор на Glass Voices и ко-основач на WikiTribune.

Соработка на далечина е возможна одамна

Работењето на далечина преку онлајн соработка не е нов концепт. Wikipedia – најдоброто остварување на оваа практика ќе го слави 20от роденден во 2021 год. Милиони лица придонеле со сопственото знаење и соработувале за да го создадат она што надалеку се смета за најдобрата енциклопедија кога било составена. Сепак, повеќето од нас ниту се сретнале лице-в-лице, ниту пак ја почувствувале потребата да патуваат до заедничкиот канцелариски простор за да ги разговараме последните измени и клучните слајдови, додека консумираме грицки и пиеме лошо кафе. Wikipedia работи толку добро бидејќи можеме да соработуваме во време што сами го одредуваме, од нашиот сопствен простор, со фокус на создавањето одлична содржина.

Веќе со години човештвото било ангажирано во бавниот процес на пренесување на дел од работата во онлајн соработка. Низ целото шокантно искуство од оваа пандемија, бевме принудени да ги предизвикаме сопствените конвенции за она што навистина бара физичко присуство, наспроти што може ефикасно да се направи онлајн. Дали навистина треба да поминуваме толку голем дел од времето и од ресурсите во патот до и од работа? Дали мора да го делиме истиот простор каде најчесто работиме индивидуално пред екранот на нашиот компјутер? Дали не споделуваме документи, комуницираме и соработуваме со нашите колеги преку онлајн платформи, дури и кога се наоѓаме во истиот физички простор?

Работењето на далечина забрзано еволуира во пандемијата

Пандемијата на коронавирусот е поттикот што ни беше потребен на сите нас да го натераме работење на далечина да отиде еден чекор понапред. За да се одрази сегашната состојба, работните онлајн платформи ќе почнат да интегрираат дополнителните социјални опции и можности во 2021 год, и ќе ги искористат аспектите на заедничкото работење, што е нешто што сите чувствуваме дека ни недостасува.

Кога ќе се воспостават овие системи, и тимовите и компанијата како целина ќе имаат корист, не само поради тоа што ќе се фокусираат исклучиво на работата, туку и нештата што го одвлекуваат вниманието и трошоците поврзани со кирија, патувањето до и од работното место и деловните патувања ќе бидат отстранети.

Транзицијата ќе ни дозволи да соработуваме уште поефикасно додека ги зачувуваме интеракциите со нашите колеги и го одржуваме чувството на заедничка припадност. Ги создаваме основите на колаборативна работа во 2021 год и понатаму – и ова не е само привремена промена. Стариот свет не се враќа назад.

Извор: Wired

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -