Како 5Г технологијата ќе ги трансформира бизнисите

Се сеќавам во 90тите кога компјутерите станаа сеприсутни, на работните места наголемо се зборуваше дека луѓето ќе имаат огромни количини новооткриено време што можат да го посветат на изборот што да прават следно. Наместо тоа, го откривме токму спротивното: продуктивноста, очекувањата на клиентите и конкуренцијата се зголемија драстично. Верувам дека 5Г ќе воведе слично подигање на повисоко ниво во практично секој елемент од бизнисот, економијата и општеството, пишува Роберт Реис, експерт по лидерски стратегии, за Форбс.

За да им се помогне на извршните директори подобро да го сфатат новиот свет на 5Г, Реис бил модератор на тркалезна маса што се одржала на 30 октомври годинава, со следните лидери: Маниш Шарма, извршен директор на Грпацијата Accenture Operations, Сузан Фостер, од at-Home Solutions, Сампат Совмјанарајан, претседател на Verizon Business Global Enterprise и Роб Џонсон, извршен директор на Vertiv.

Нови и безбедни алатки за комуникација и соработка

Сампат Совмјанарајан, зборуваше за специфичните начини на кои неговата компанија ја менува комуникациската равенка. „За време на пандемијата, бевме сведоци на забрзан ритам во дигиталната трансформација. Во центарот на оваа брза промена е 5Г, што менува се`, од добавувачките ланци, традиционалните практики во поглед на здравствената нега, како и начинот на кој се организираше работата во фабриките бидејќи се воведе хибриден начин на работа. На пример, клучен фактор во нашата компанија беше купувањето на платформата за видео конференции BlueJeans, бидејќи ја разбравме важноста на безбедните алатки за соработка за бизнисите и сега овие алатки се главната артерија на новата глобална работна сила. Паметните технологии на BlueJeans и подобрената безбедност ќе заземат централно место во начинот на кој луѓето работат и веруваме дека 5Г ќе овозможи нови технологии како што е оваа промена во самата природа на бинзисот“.

Роб Џонсон, чија компанија е водечка сила во производството на инфраструктура за податоци зборуваше за патот на растот на примената на 5Г, но „сепак, додека се` уште во рана фаза, мрежата веќе ја покажува клучната улога што ќе ја игра во следната фаза на дигиталната трансформација. Виталните примени што се возможни со 5Г мрежи – како што се медицински операции на далечина, автономни возила и дронови за достава – ќе ја трансформираат здравствената нега, бизнис операциите и друго“. Џонсон додаде: „Во Vertiv, имаме тесна соработка со телекомуникациските компании за да им помогнеме да ја изградат инфраструктурата за 5Г мрежата. Ова вклучува приспособување на поголемите потреби за енергија на мрежата и додавање на капацитет за пресметки и сместување на работ на мрежата, каде што идентификувавме четири архетипни примени: интензитет во поглед на податоците, сензитивност за човековата латентност, сензитивност за латентноста во поглед на комуникацијата машина со машина и критичност по однос на живот – сите овие аспекти бараат безбедност, сигурност и цел спектар друг вид способности за ефикасност“.

Квалитетна здравствена нега ќе може да се добие дома

Како што дискусијата премина на здравствената нега и можностите што ќе се отворат со воведувањето на 5Г мрежи, Сузан Фостер, која работи за глобална компанија што нуди интегрирани здравствени услуги и производи, ја сподели сопствената визија за нејзината компанија, како обезбедувач на медицински производи што им помагаат на клиентите дома лесно да можат да ги најдат, нарачаат и добијат истите. „Зошто досега сме немале повеќе здравствена нега дома? Првата причина е дека болниците никогаш не ја усвоија оваа промена. Втората причина е што во поголемиот дел, пациентите не веруваа дека можат да добијат исто ниво на нега надвор од болничките ѕидови. Промената што гледаме дека се случува сега ќе стане голема промена во здравството: можноста технологијата да има брзина, сигурност, густината да почне да обезбедува нега со поголема прецизност дома, е токму тоа што луѓето го сакаат сега. Домот стана место за лечење и место за добивање третмани, и 5Г ќе биде инструмент што значително ќе го подигне квалитетот на здравјето дома“.

Маниш Шарма, кој е извршен директор на групацијата кој опфаќа 140000 корисници зборуваше за тоа како 5Г мрежата ќе создаде нова економска рамка. „Исто како што 4Г ја придржуваше економијата „по-побарување“, 5Г ќе не` одведе во „економија на искуство“, ќе ни овозможи да работиме на похумани начини“. Кога Рајс прашал како конкретно 5Г ќе влијае на бизнисите, Шарма потенцира: „Во случајот на финансиите и сметководството, клиентите веднаш сакаат да ги затворат книгите. 5Г ја трга блискоста како бариера за добивање увиди врз основа на кои може да се делува во реално време – што значи дека нуди експоненцијална добивка за операциите на една компанија“.

На крај, Маниш Шарма даде резиме како иднината на технологијата менува се`. „Експоненцијалната природа на технологијата значи дека стапката на промена никогаш повторно нема да биде бавна како што е денес. Додека тоа значи дека пред Ковид-19, промената изгледаше невозможна и неверојатна, сега искусуваме целосно нова димензија на брзина и скалабилност во технолошката промена“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -