Како џогирањето ве прави подобар работник

Повеќето луѓе наутро имаат свој ритуал. Исто така, поголемиот дел од нас сакаат што подолго да спијат. Но, сепак постојат бројни и докажани бенефиции од утринското вежбање.

Наместо веднаш по будењето да размислувате за обврските, да читате мејлови и слично излезете надвор. Со трчањето ќе се ослободите од стресот, ќе се разбудите и во текот на денот ќе бидете помалку нервозни и уморни, но и помотивирани за работа.

Физичката активност позитивно влијае и на телото и на умот. Така, со утринското трчање ќе бидете пофокусирани и полесно ќе доаѓате до идеи. Можеби, решение на некој проблем ќе најдете токму за време на трчањето.

Исто така, трчањето ве прави попродуктивни, затоа што додека да стигнете на работа, веќе сте ја осмислиле листата на работни обврски. Вака, опасноста од одложување на обврските е сведена на минимум.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -