Како ќе изгледаат божиќните прослави во Европа

Земјите во Европа се во различни фази од целосно затворање, а голем број туристички градови имаат затворени барови, ресторани и божиќни пазари.

Во прилог е опис на некои од најпопуларните дестинации, како и осврт на правилата што се на сила таму.

Франција

Рестрикциите во Франција беа тргнати на 15 декември за празничниот период.

Ова значи дека патувањето низ земјата без потреба од дозвола сега е дозволено, а дозволени се и меѓународни патувања.

Ова пак значи дека Британците можат да патуваат во Франција без притоа да одат во карантин, но ова важи до 31 декември, а земјата сепак останува на листата на земји чии жители треба да одат во карантин доколку ја посетуваат Велика Британија.

Семејствата и пријателите можат да се сретнат без ограничувања во божиќниот период, иако се советува да не се собираат повеќе од 6 лица. Продавниците се исто така повторно отворени.

Баровите, ресторани и кафулињата се затворени но голем дел од нив продаваат грицки и пијалаци за носење, а полицискиот час кој важи од 8 часот навечер се` уште трае, освен на 24 декември.

Божиќните пазари во Париз и Стразбур нема да се одржат, а Дизниленд во францускиот главен град останува затворен.

Шпанија

Земјата во моментов е во состојба на тревога, што значи дека не се препорачува да се патува локално иако тоа правило не важи од 23 декември до 6 јануари.

Сепак, правилото дека може да се примаат најмногу 6 лица како гости во овој период е преиначено во максимум 10.

Полицискиот час, кој почнува од 10 часот навечер или на полноќ, во зависност од регионот е се` уште на сила, а на Бадник и на новогодишната ноќ полицискиот час ќе започне во 1:30 наутро.

Големи прослави нема да се одржуваат, додека Канарските и Балеарските острови ќе дозволат слободно движење.

Германија

Новото строго целосно затворање на Германија започна на 19 декември, а продавниците што не се од примарна важност и училиштата ќе останат затворени до следната година.

Баровите, рестораните и туристичките атракции исто така остануваат затворени, иако услуги за храна за носење се` уште се нудат.

Правилата ќе бидат олабавени на 24 и 26 декември, кога ќе биде дозволено да се сретнат највеќе 5 лица, но се препорачува да бидат во изолација една недела претходно.

Големи јавни настани нема да се одржуваат, додека продажбата на огномет и пиењето на јавни места е забрането.

Познатиот божиќен пазар во Нирнберг нема да се одржува годинава, првпат по Втората Светска Војна.

Италија

Земјата останува целосно затворена и се воведува забрана за патување низ регионите од 31 декември до 6 јануари, како и на Божиќ (25 декември), 26 декември и 1 јануари.

Се` уште е на сила полицискиот час кој почнува во 10 часот навечер и трае до 5 часот наутро низ цела Италија, што значи дека полноќната миса во црквите нема да се одржува.

Италија допрва треба да потврди дали членовите на семејствата ќе можат да се среќаваат на Божиќ.

Португалија

Земјата ги олабавува рестрикциите овој Божиќ и дозволува домашни патувања од 23 декември до 26ти, истиот месец, и не постои ограничувања во поглед на домашните собирања.

Полицискиот час исто така ќе биде продолжен од 11 часот навечер до 2 часот наутро на Бадник и Божиќ.

Сепак, големи настани нема да се одржуваат, вклучувајќи ја и прославата за новогодишната ноќ, а највеќе 6 лица е дозволено да се групираат надвор.

Грција

Некои црковни услуги за Божиќ ќе можат да се одржат во Грција, а максимум 9 лица е дозволено да бидат присутни внатре во црквите и 25 во катедралите.

Сегашниот полициски час од 22часот ќе важи во текот на целиот празничен период.

Туристите ќе мора да поминат три дена во карантин ако патуваат за Божиќ или Нова година, според новите правила кои ќе важат до 7 јануари.

Извор: thesun.co.uk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -