Како што се приближува зимата, вработените ќе треба да ги покријат дополнителните трошоци поврзани со работењето од дома

Во текот на летните месеци Гарет првпат стана свесен дека работењето од дома дојде со одредена цена. И покрај тоа што живее во мал еднособен стан, сметките за струја на менаџерот за оптимизација на работните процеси, се дуплираа. „Знаев дека мојата потрошувачка ќе се зголеми значително, но секако не очекував дека ќе се качи до ова ниво,“ објаснува тој. „Моите месечни заштеди мораа да бидат жртвувани, тоа ме фрустрира во голема мера,“ пишува Алекс Кристијан за Wired.

Како и милиони други Британци, кујнската маса на Гарет се претвори во работна маса. Три четвртини од неговиот работен ден, што претходно ги поминуваше во пат до работа и внатре во канцеларијата во Источен Лондон, сега скоро целосно ги поминува дома. Неговиот лаптоп и вториот монитор се вклучени цели 8 часа. Полначот за неговиот телефон живее во неговите раце, секогаш вклучен. Неговиот чајник му дава звучни сигнали секое утро, пладне и вечер.

Домашните сметки во зима се очекува да пораснат значително

Како што поголемиот дел од работната сила е стационирана дома, не треба да не` чуди што сметките се зголемуваат: просечното домаќинство сега има 12 поврзани уреди, што е пораст за 17 проценти од почетокот на карантинот. Но токму сега, како што се намалува денот и есенските ветришта завиваат надвор, трошоците за нашата работа од дома сигурно ќе се вивнат – истражувањата покажуваат дека колективниот пораст на сметките за струја ќе достигнат речиси 2 милијарди фунти оваа зима. Просечната сметка на лице кое работи на далечина со полно работно време ќе се зголеми за речиси 18 проценти до пролет следната година, и најверојатно ќе чини повеќе од 700 фунти.

Гарет е еден од среќните. Иако неговата заштеда ќе претрпи, тој е самоуверен дека ги има средствата да се справи со пикот во сметките за струја – охрабрен бидејќи нема да треба да го потроши неговото мало богатство на патувањето до работното место секој ден. За другите, кои од друга страна се соочуваат со намалени плати и обезбедуваат за нивните семејства каде некои од членовите сега се невработени како резултат на кризата, одвојувањето екстра пари за зимските сметки, во однос на истите пред Ковид-19, ќе биде проблем.

Работните услови имаат удел во деловната ефикасност

Како што се приближува зимата и замавот на Ковид-19 се зголемува, се` повеќе домаќинства со ниски примања – кои не работат повеќе во канцеларија – ќе се соочат или со зголемени трошоци и паѓање во долг, или со рационализација на греењето за време на денот до степен во кој ќе стане штетно по однос на нивното здравје. „Ладните домови можат да предизвикаат или да влошат голем број сериозни здравствени состојби како што се астма, удари и срцеви заболувања,“ објаснува Мет Копланд од добротворната организација Национална енергетска акција (National Energy Action). „Ако домовите се ладни, влажни и со провев тогаш тие ќе важат како места со највисок ризик за најлошите ефекти од Ковид“.

Греењето, водата и струјата се дел од канцеларискиот пакет. Со оглед на тоа што работниците сега треба да покријат трошоци што претходно се покривале од страна на работодавачот, дали тие треба сега да бидат компензирани од страна на нивните шефови? Според сегашните британски закони, вработените кои треба да работат од дома можат да побараат 6 фунти неделно од нивната компанија за кои не треба да се плати данок. Но, тоа зависи од дискрецијата на работодавецот. И со оглед на тоа дека голем број бизниси се борат да преживеат, само многу мал дел одбрани компании можат да си дозволат да ги одвојат тие 6 фунти. „Нашата сметка за струја буквално се качи до небо бидејќи двајцата работиме од дома со полно работно време,“ вели Емили, софтверски инженер од Лондон. „Мојот партнер е во здравствената технологија, тој добива додаток и за среќа тоа ни ги покрива екстра трошоците“.

За несреќа, тие кои се во наочајна потреба од неделен надомест најверојатно работат за најнедобронамерните шефови во индустриите што се развиваат за време на и по периодот на пандемијата. Сепак, Џоан Вокер, од иницијативата „Групација за реформа на даноците за оние со мали примања“ верува дека работниците сепак треба да им се обратат на нивните шефови за помош ако им треба. „Работодавецот можеби нема да го исплаќа додатокот, но тоа можеби се должи на едноставната причина што не ни размислиле за тоа. Можеби тие не можат да си ја дозволат целосната сума од 6 фунти, но нешто е подобро од ништо – вреди да се подигне свеста со вашиот сектор за човечки ресурси“.

Работа во канцеларија можеби е поефтина

Додека НЕА ја повикува владата да направи правно барање фирмите да обезбедуваат основен додаток за работа од дома, некои работници на далечина сакаат да ги елиминираат дополнителните трошоци со враќање во канцеларија. „Не би имала проблем да се вратам ако тоа беше опција,“ вели Кејт, која работи за голема корпорација во Лондон. Таа објаснува дека одделението за интернет поддршка е отворено, но само за вработени во екстремни околности. „Вообичаено возам велосипед до работа па немам трошоци за транспорт. Имаме кантина на работа така што јадењето дома всушност е поскапо. Ја работам истата работа, но веќе не ги добивам тие надоместоци и имам повеќе трошоци“.

Има и други причини поради кои вработените завршуваат со помалку пари секој месец. „Почнав да губам пари,“ признава Ребека, работник во добротворна организација во внатрешноста на земјата. „Моите трошоци за превоз беа минимални, и имав извозено околу 200 бизнис милји месечно коишто можев да ги побарам назад. И добивав бесплатен чај и кафе – на што баш штедев бидејќи сум страстен пијач на чај“. Секако, повеќе шолји чај значи поголемо користење на казанчето во купатилото и повисоки сметки за вода. Ребека додава дека нејзиниот менаџер размислува да направи промени во буџетот на компанијата за да им исплаќа на вработените неделен надомест. „Но бидејќи станува збор за добротворна организација, се` се прави со многу ограничен буџет. Се` додека не можат да ги зголемат заштедите, не знаат дали ќе можат да си го дозволат тоа“.

Ова прашање оди подлабоко од работници кои се жалат и се обидуваат да ја зачуваат последната пара што ја добиваат од компаниите бидејќи се трудат да ја пребродат глобалната криза. Станува збор за проблем со вработеноста: дали е фер вработените, кои отсекогаш го зголемувале профитот на нивните шефови, сега да треба да ги покриваат и нивните дополнителни трошоци? Кејт не мисли така. „Менаџирам тим, некои од нив имаат вистински проблеми сега, и нашата работа оди навистина добро и покрај Ковид. Сосема е возможно да работодавците да размислуваат за гест којшто на некој начин може да го намали товарот на нивните вработени. За поединците, станува збор за многу подиректно влијание на џебот“.

Кејт се` уште не зборувала за ова прашања со нејзиниот работодавец, но размислува за тоа. Сега кога времето се врати еден час назад, се сеќаваме на убавото сончево време поминато во карантин, а почнуваме да се навикнуваме на работењето од дома за време на зимските месеци. Како што светлата почнуваат да се палат рано попладне, радијаторите работат засилено и се потпираме на зголемени дози кофеин да не` држи будни – милиони луѓе низ целата земја ќе го почувствуваат уште пострашното влијание на Ковид-19. Очекувајте да расте и кавгата за тоа кој треба да ги покрие дополнителните трошоци на оние кои работат од дома.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -