Како успешно да ги развиете клучните вредности на вашата компанија и да бидете сигурни дека се применуваат

Ако погледнете во илјадниците бизниси што во моментов работат, бргу ќе видите дека клиентите можат да купат слични производи или да стигнат до слични услуги од многу различни места. Она што навистина ве прави различни од другите се вашите клучни вредности. И вработените и купувачите чувствуваат емпатија и се поврзуваат со овие идеи и верувања. Па како да ги создадете и да бидете сигурни дека луѓето навистина ќе ги применуваат? – прашањето го поставува Сту Шауерман, основач и извршен директор на KnowBe4, Inc, компанија која нуди платформа за тренинзи и симулиран риболов.

Гледајте што прават другите компании

Разговорот со лидерите од другите бизниси ви дава индикатори за тоа како тие функционираат и во што веруваат. Има еден тон достапни книги за чекорите што ги преземаат брзорастечки компании, исто така. Но, во секој случај, сакате да добиете резиме на нивните најдобри практики за да можете да стекнете основна перспектива за тоа како треба да функционира една компанија.

Размислете како сакате да влијаете на светот

Размислете за тоа што лично сакате да го создадете како основач. Во овој дел би требало да оставите личен белег и да бидете иновативни со вашата вистинска индивидуалност, дури и кога размислувате за најдобрите востановени практики. Каква сакате да биде средината или како сметате дека таа треба да изгледа? Што сакате да постигнете врз основа на тоа кој сте? Потоа, бидете што порадикално транспарентни и искрени во врска со вашите цели. Заземете екстремна сопственост за вашите концепти и борете се за нив постојано.

Создадете јасен прирачник

Анализата на најдобрите практики и размислувањето за тоа како сакате да влијаете на универзумот ви овозможуваат јаснотија за тоа што всушност претставуваат вашите клучни вредности. Но, кога ќе ги идентификувате тие вредности, морате да ги преведете во секојдневни однесување во бизнисот. Можете едноставно да ги свикате сите вработени и да разговарате за тоа што го размислувате.

Во овој дел потребен е прирачник. Во прирачникот треба да ги наведете сите политики и процедури што ги дефинираат задолженијата на луѓето. Помеѓу редовите на сите технички правила, ја комуницирате вашата намера за тоа каква компаниска култура замислувате. Добро обучете го вашиот тим за значењето на вашите политики. Тестирајте ги за да бидете сигурни дека ги разбираат и дека можат да работат во рамката што вие сте ја поставиле. Ако го направите ова добро, ќе имате вградени механизми што на вашиот тим ќе му обезбедат одговорност и кои постојано ќе ги засилуваат вашите вредносни концепти.

Вредностите треба да бидат видливи

Можете да ги засилите идеите во вашиот прирачник на различни начини. На пример, на природен начин „посолете“ го вашиот мејл со клучните вредности, или закачете ги на ѕид за луѓето да можат да ги гледаат секој ден. Што повеќе се изложени на овие концепти, толку им е полесно да ги прифатат и следат. Луѓето треба да ги прифатат вредностите пред тие верувања да можат да ги насочат нивните однесувања или одлуки.

Бидете пример

Колку вистински луѓето го следат прирачникот со правилата зависи во голема мера од тоа дали вие всушност сте пример и се однесувате така како што сакате и другите да прават. Ако вие не сте примерот, тогаш луѓето ќе стекнат впечаток дека не сте сериозни за вашите правила, и можете да се поздравите со политиката на работењето.

Секако, вие сте само една индивидуа. Не можете да бидете насекаде цело време. Така што, ќе треба да имате заменици. Ова се луѓе на кои можете да се потпрете и да бидете сигурни дека ќе бидат пример во ваше име. Тие луѓе веќе го делат вашиот начин на размислување и имаат голема одговорност и интегритет со нивните сопствени дејствија. Тие ќе го забрзаат процесот во кој и други ќе ви се придружат и ќе го моделираат нивното однесување во склад со вредностите.

Повторете

Ниту еден пазар не е статичен. И не само тоа, но како што стекнувате животно искуство, вашата перспектива и вредности исто така ќе се променат. Така што, развојот на клучните вредности на вашата компанија и преземањето дејства во насока на тоа и вашите вработени да ги применуваат е тековен процес. Одвојте време и одново размислете и анализирајте ги вашите верувања, цели, политики и примерот што го давате. Направете прилагодувања кога и таму каде што има смисла.

Клучните вредности се вистинскиот фактор што ќе направи да се разликувате од останатите на глобалниот пазар. Тие прават огромна разлика во тоа дали вашата компаниска култура е здрава и гостопримлива. Така што, особено е важно да ги споите најдобрите практики и сопствените цели, да составите прирачник што ќе им даде на луѓето конкретни начини да делуваат според јасни принципи. Не смеете да се плашите да бидете пример за тие верувања во прирачникот, и морате да имате луѓе од доверба кои можат да го зголемат вашиот личен пример. Без разлика дали сте во стартап компанија или треба да посветите време и напор на сериозно ребрендирање во рамки на една постоечка компанија, инсистирајте на тоа дека воспоставувањето и делувањето според клучните вредности е приоритет.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -