Како соодветно да му се заблагодарите на вашиот тим

Не станува збор за пари

„Парите се компензација,“ вели д-р Боб Нелсон – светски признат авторитет од областа на оддавањето признание и поттикнување ангажман кај вработените. Тој е автор на повеќе од 30 книги и претседател на Нелсон Мотивејшн, компанија која обезбедува тренинзи од областа на менаџментот и нуди консултантски услуги.

„Компензацијата е право, оддавањето признание е дар. Дел од тоа зошто оддавањето признание значи толку многу е фактот што не морате да го правите“.

Вистинското време е се`

Нелсон ги охрабрува лидерите да не губат шанса да ги пофалат вработените на брз, искрен и проактивен начин. „Можете успешно да пофалите некој во 10 секунди во ходникот. Што побрзо можете да ги фатите луѓето кои нешто прават правилно, толку повеќе ја засилувате таа практика, толку се поголеми шансите дека ќе ја повторат. Така што, ако согледувате нешто, кажете нешто“.

Бидете искрени

„Искреноста мора да дојде од срцето, ама понекогаш е тешко некој нешто да се научи. Дел од искреноста доаѓа од специфичностите. Користете ги. Кажете им што сте чуле, што сте виделе, што ви го фатило вниманието. Тоа обезбедува поголем кредибилитет“.

Бидете лични

„Ова е секако тешко бидејќи не можете да бидете секаде цело време. Но, кога можете да додадете личен момент, кога можете тоа да го направите лице-в-лице или со директен телефонски повик, тоа ќе има повеќе моќ“.

Пофалете, па престанете

„Голем број извршни директори… ќе кажат нешто убаво и потоа, ќе го закопаат тој исказ со забелешки за тоа што е погрешно со проектот, за печатните грешки или што и да е. Мојот совет е да не ги споменувате негативните страни кога зборувате за позитивните. Бидете 100% позитивни. Менаџерите и лидерите го прават тоа многу ретко – така што, не ги мешајте работите, бидете чисти“.

Создадете навика

„Сакам да смислувам начини на кои пофалбата може да стане дел од вашата дневна шема, на пример на состанок со вработените во понеделник сабајле, или нешто слично. Можете да го искористите тоа време за почеток за да ги повикате сите добри работи засебно за секој член на тимот, во контекст на целата компанија. Тоа е многу моќна алатка“.

Бидете проактивни

„Всушност, треба вистински да барате можности да им оддадете признание и покажете благодарност кон вашите луѓе. Ако само реагирате, ќе бидете реактивни и во однос на грешките. Ако сте извршител, тогаш изјавата има повеќе сила, повеќе моќ. Често пати се работи за симболичен гест, кој испраќа порака до другите луѓе дека станува збор за нешто што сите треба да го правиме“.

Извор: chiefexecutive.net

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -