Како се станува сам свој газда

Концептот на „сам свој газда“ секогаш е сон на луѓето кои работат професии од 9ч наутро до 5ч попладне. Почнувањето бизнис може да биде возбудлива и стресна авантура, така што планирањето е клучно за постигнување на сопствените цели.

Пред да донесете големи одлуки во врска со вашата професионална кариера, дознајте на кои аспекти од работењето треба да обрнете внимание за да бидете успешен сопствен шеф и да заработувате, а притоа да не сте „заглавени“ на работа од 9ч до 5ч.

Зошто би требало да работите за себе?

Еден валиден одговор би бил – слободата на кариерата со самовработување. Постојат многу предности кога сте си самите газда. Кога сте подготвени за таков чекор, морате да имате самодисциплина. Можеби ќе ви треба време да се привикнете на поставување ваше сопствено работно време, но штом еднаш ќе успеете да ги одредите работните часови, ќе почувствувате нешто како откровение.

Типичните работни места не би ви дозволиле да патувате, што можеби е најголемата корист за оние со слободен дух. Кој може да каже „не“ на предноста на одговарање на меилови, удобно сместени покрај базенот, во различни хотели во различни земји?

Заработката зависи од вас

Да, возбудени сте од идејата да бидете сам свој газда, и секако дека постојат голем број привлечности. Кога работите за себе, сумата што ја заработувате зависи само од вас. Секако, нема да ја имате сигурноста на годишна плата, и ќе имате периоди кога ќе зажалите што сте се откажале од фиксен приход. Сепак, за брзо време ќе сфатите дека наплаќањето на сопствен хонорар е високо мотивирачка активност. Што повеќе работите, толку повеќе заработувате. Со време ќе научите подобро да се справувате со работниот товар. Бивањето сам свој газда е слика за себе со која ќе се идентификувате и која ќе ви служи како основен извор на самодоверба.

Професии во кои можете да бидете сам свој газда

Можеби се прашувате како се станува сопствен шеф и како се избира најдобрата професија каде можете да напредувате како самовработен. Во продолжение се наведени неколку професии каде веднаш можете да почнете да работите на развивањето на кариерата како сопствен газда.

Можеби се прашувате дали постои начин да се биде сопствен газда онлајн? Да, многу професии нудат вакви можности, како што се развој на веб страници и развој на мобилни апликации, и впрочем се едни од професиите за кои има највисока побарувачка во моментов. Исто така професии како фотографија, пишување, едитирање, графички дизајн се исто така многу популарни меѓу самовработените професионалци.

Во прилог се неколку совети за тоа како да станете сам свој газда.

Истражете го секторот и конкуренцијата

Најдобро би било да бидете внимателни кога се впуштате во предизвикот на менување на професионалниот живот. Пред да започнете сопствен бизнис, најпрво треба темелно да го запознаете вашиот сектор и вашите конкуренти.

Секогаш имајте свежи бизнис идеи што се однесуваат на вашиот сектор. Истражате за пречките со кои се соочуваат луѓето во вашата индустрија и како успеваат да бидат успешни доколку имате прилика да запознаете луѓе кои веќе се занимаваат со сопствен бизнис во вашето поле. Ваквите контакти би ви помогнале подобро да го разберете секторот.

Внимателно пресметајте го вашиот потенцијален приход и трошоците. Ако немате доволно познавања за тоа како да ја одредите цена за сопствениот труд, почнете со одредување на репер. На интернет постојат неколку онлајн алатки што можат да ви помогнат да ја одредите цената за вашата работа.

Почнете со креирање бизнис план

Откако еднаш ќе направите истражување и сте стекнале самодоверба со вашите бизнис идеи, треба да развиете план со кој тие ќе станат подиректни. Бизнис планот ќе биде доказ за вашиот деловен успех. Вашиот бизнис план треба да го опфати концептот за вашиот бизнис, вашето место на пазарот, и други детали за тоа како ќе управувате со финансиите.

Поставете неделни, месечни и годишни цели

Кога работите за компанија што е во нечија туѓа сопственост, шансите се прилично големи дека вашиот шеф ги поставува таргетите и целите за вас. Бидејќи сега размислувате за започнување сопствен бизнис, неопходно е да ја разберете важноста на работењето според плановите. Сепак, овој пат, вие треба да сте тие кои ќе ги поставите целите како шеф.

Кога ќе го направите ова, ќе можете да согледате што сте постигнале до сега и што треба да правите во иднина. Најдобриот начин да се постават цели е да запишете што сакате да постигнете за една недела, месец, и на крајот од годината.

Научете повеќе за плаќањето даноци

Многу е возбудливо да се биде сопствен газда, сепак, слободата носи нови одговорности. Постојат предности и негативни страни кога сте си шеф сами на себе. Една од работите што можат да не ви се допаѓаат е како се плаќаат даноци. Можеби го мразите фактот дека даноците ќе бидат ваша обврска, но тоа нема ништо да смени. Треба да ги планирате приходите и во поглед на вашиот буџет, да им дадете приоритет на даноците.

Најважното нешто е да имате контрола на плаќањето на даноците. Ако даноците ви се комплицирани и сфаќате дека не можете да се справите со нив, обидете се да ангажирате професионалец кој може да ве поддржи. Познавањето на обврските во однос на даноците е многу важно за самовработените професионалци.

Едуцирајте се постојано

Секако дека поседувате вештини и таленти во вашето поле, но кога ќе бидете подготвени да си бидете сопствен газда, ќе сфатите дека ќе треба да работите работи што изискуваат поинаков сет вештини.

Секогаш разгледувајте онлајн обуки, или на пример, магистерски студии во областите каде можете да научите повеќе за основите на претприемништвото. Кога сте сам свој газда, секоја инвестиција што ја правите во себе е исто така инвестиција во бизнисот.

Обидете се да ги сведете на минимум работите што ве деконцентрираат

Можеби си велите: „Сакам веднаш да станам сам свој газда“. Сепак, транзициите се секогаш тешки. Ако ја менувате кариерата и размислувате да започнете сопствен бизнис, би требало да внимавате колку ефикасно го користите сопственото време.

Особено ако почнувате со домашна канцеларија, морате да бидете внимателни да не го арчите сопственото време.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -