Како се одредува моралниот ризик во време на пандемија

Ковид-19 го натера човештвото да ги преиспитува моралните одлуки. Кога капацитетот на една болница е ограничен, кои пациенти добиваат пристап до опрема која спасува животи? Колку долго би требало да траат ограничувањата предизвикани од ширењето на коронавирус по однос на јавните дејности, имајќи ја предвид огромната цена на таквите мерки? На оваа листа, некои додаваат уште еден морален предизвик: колку треба да е јавната помош дарежлива во однос на домаќинствата и фирмите што највеќе се погодени, кога таква помош може да предизвика злоупотреба на мерките за поддршка обезбедени од државата? Ваквиот вид грижи, што потпаѓаат под категоријата на она што општествените научници го нарекуваат морален ризик, сега за  време на пандемијата се релативно придушени, и тоа со право. Но, тешките прашања во врска со ризикот и одговорноста не можат вечно да се одлагаат, цени Економист.

Поврзано:

Моралниот ризик опишува ситуации во кои цената за ризичното однесување не се покрива целосно од тие кои се одговорни за тоа однесување, така што охрабрува преземање прекумерен ризик во иднина. Полиса против пожар, на пример, може да доведе до тоа сопствениците на еден дом да се однесуваат понеодговорно – да речеме, нема да ги променат батериите во детекторот за чад, бидејќи цената за каква било штета ја покрива осигурителната куќа. Грижите поврзани со моралните ризици често се појавуваат за време на кризи, кога владите се соочуваат со притисок да ги спасат институциите што мака мачат во име на целокупната економија. Предарежливата поддршка за банки што едвај преживуваат може да ја ограничини кратокорчната цена на кризиата, но може да доведе до други ситуации во кои треба да се преземе поголем ризик во иднина, доколку финансиските институции се обложуваат на фактот дека владите и следниот пат ќе ги спасат.

Моралниот ризик

Обемот на моралниот ризик ретко се јавува во толкава големина како сега. Со цел забавување на ширењето на Ковид-19, многу земји сопреа голем дел од нивните економии. И, со цел спречување изгубените продажби и работните места да се претворат во масовни банкротства и сиромаштија, владите „испумпаа“ огромни количини помош во домаќинствата и фирмите. Економисти при Меѓународниот монетарен фонд претпоставуваат дека владите во развиените економии можат да предизвикаат фискален дефицит, што во просек може да надмине 10% од Бруто домашниот производ во 2020 год. Дефицитот во САД се предвидува дека ќе надмине 15% од БДП. Како додаток на директните мерки по однос на трошоците, многу земји ослободија и направија достапни огромни суми на пари во форма на заеми и заемски гаранции. Богатите земји исто така ја проширија помошта што ја обезбедуваат кон други, така што им дозволија на некои сиромашни земји да го одложат плаќањето на долговите, на пример.

Во меѓувреме и централните банки мораа да делуваат. За првпат, националната банка на САД купува ризичен долг со висок принос и обврзници издадени од државата и локалните влади. Оваа одлука е донесена со цел да спречи укочување на активностите на пазарите, што може да доведе до неможност за исплата и економска катастрофа. Стандардите за издавање на некои должнички хартии од вредност неколку години пред да се појави пандемијата веќе беа сериозно намалени. Можноста за постоечка федерална помош може да доведе до уште повеќе заеми под сомнителни услови. Државните влади што се соочуваат со долгорочни ограничени ресурси можеби ќе се справуваат со овие проблеми со помалку итност во очекување на федерална помош, но тоа ја зголемува цената на секоја иден проблем со неплаќање.

Моралниот ризик

Ризична работа

Од друга страна, економистите се однесуваат изненадувачки опуштено кога станува збор за можните морални ризици предизвикани од мерките за справување на пандемијата, и тоа поради неколку причини. За почеток, овие вака смислени политики ги заштитуваат луѓето и институциите од вкупната цена на пандемијата. Без овие мерки, луѓето и фирмите може ќе се обидат да се снајдат како што вообичаено прават, со ширење на вирусот и одложувајќи ја појавата. Тајмингот е исто така многу важен. Спречувањето на економскиот крах и пазарната паника како што се наметнуваа карантинските мерки изискуваше итно делување. Смислените интервенции да го минимизираат моралниот ризик – како на пример насочување на помошта кон поединци и фирми кои највеќе заслужуваат, и внимателно следење на нивните дејства за да се откријат и спречат лошите однесувања – ќе ја дистрибуираа помошта многу бавно и скржаво, со цел да се избегне економска штета.

Уште повеќе, грижите поврзани со моралните ризици се применуваат и на ризиците што можат да се смалат на разумен начин – како што е ставање нови батерии во детекторот за чад. Дури и највнимателната фирма или домаќинство ќе има сериозни проблеми да го издржи шокот што ја лишува скоро од сите приходи со месеци без престан. Помошта во овие времиња има помали шанси да го промени идното однесување отколку помош за време на побанални периоди на тешкотии. Владите можат да тврдат дека помошта е еднократна, предизвикана од невидена катастрофа.

Прашањата за моралните ризици не може да се одложуваат вечно. Како што ќе ослабува пандемијата, некои од овие прашања ќе бараат итен одговор. На економиите ќе им треба голема поддршка за да оздрават. Помошта во тој момент ќе мора да биде внимателно осмислена за да се обезбеди разумна поддршка, додека истовремено ќе треба да се процени кога ќе престанат да важат специјалните правила што се применуваат во ера на пандемија. Ако некои гаранции или јавна помош не може да се вратат, тогаш ќе треба да се воведе нов преглед и регулаторен капацитет за да се спречи негативното однесување.

Во годините по пандемијата ќе нè чекаат потешки избори. Ковид-19 изгледа како особено разорна и глобална катастрофа. Но заканите од климатските промени значат дека такви нетипични природни катастрофи најверојатно ќе станат почести. Оттука, на владите најверојатно ќе им биде потешко веродостојно да изјават дека помошта обезбедена во врема на вакви катастрофи е еднократно, бидејќи е потребно да се обесхрабри неодговорното однесување и да се спречи наталожувањето на опасни ризици. Владите се во право што овозможуваат помош сега без големо двоумење, но во годините што следат ќе ги натераат општествата да бараат повеќе лична, и колективна одговорност. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -