Како работата можe да ви помогне да ја надминете оптовареноста

Годината 2020та е синоним за кризи: пандемија, граѓански непокор поради расна неправда, финансиска нестабилност, тековна климатска криза и политички превирања. Додека сите Американци се исправени пред сериозни предизвици, особено откако помина точно една година од воведувањето на карантините поради пандемијата, вработените жени особено го чувствуваат товарот. Според согледбите на Катица Рој, за помалку од 12 месеци, Американците изгубија 32 години напредок во поглед на родовата еднаквост во учеството на жените во работната сила, пишува Роми Њуман, претседателка и ко-основач на Fairygodboss, најголемата платформа во САД за жени кои бараат нова работа.

Јас ја имам единствената гледна точка да имам увид во постовите и дискусиите што ги водиме на нашата платформа каде жените се собираат за да разговараат за нивните кариери, и јасно е дека жените ја достигнаа критичната точка, посочува таа. Жени кои ја изгубиле работата не можат да најдат нова, и се фрустрираат поради необјаснети одбивања што ги добиваат во доцна фаза во процесот на регрутација; или пак се невидливи за регрутерите на нови вработени. Ако воопшто успеат да најдат нова работа, голем број од нив се фаќаат себеси како прават странични чекори наместо да напредуваат по нагорна линија, само за да се во можност да ги платат сметките. Тие кои веќе имаат работа тешко се справуваат со повеќекратните улоги од наставничка во домашни услови, до домаќинка и лице кое обезбедува нега за постарите членови на семејството, додека истовремено работат со полно работно време. Во голем број случаи, часовите и очекувањата за постојана достапност што се поврзува со работата со полно работно време се зголемија за време на пандемијата.

Според една анкета спроведена од МекЕнзи, 25% од жените кои ги задржале работните места размислуваат да ги напуштат кариерите или да прифатат пониски позиции. На двата краја на спектарот, жените се преоптоварени и тоа ги тера или да ги напуштат работните места или не им дозволува да се вратат назад на пазарот на трудот. Голем дел од оваа ситуација се должи на работодавачите и нивната способност да го променат начинот на кој работиме за да можат да обезбедат место за сите вработени. Но тие промени нема да се случат преку ноќ.

Така што, додека продолжуваме да се залагаме и правиме напори да воведеме промена, што можеме да направиме во меѓувреме за да издржиме и одново да ја откриеме нашата страст за она што го правиме или пак да најдеме нови извори на инспирација?

Во продолжение се три предлози, што сите можат да ги користат, не само жените.

Пронајдете го вашиот тек

Тек е „менталната состојба во која лицето кое извршува некаква активност е целосно внесено во чувството на засилен фокус, целосна вклученост и радост што ја чувствува во текот на процесот“. Ова може да помогне во неутрализирање на анксиозноста и да ја засили самодовербата. Тоа е чувството што го добивате кога ќе се изгубите толку многу во работата што ја правите што не сте свесни колку време поминало и чувствувате дека имате повеќе енергија на крајот отколку на почетокот.

Најдете ги периодите од денот кога ви е лесно да влезете во добар ритам и користете ги тие активности за да ја зголемите енергијата. Јас сум екстровертна личност, така што кога сум на состанок и кога учам од одличен разговор или се обидувам да убедам некого во нешто, влегувам во мојот тек што ме прави енергична и подготвена да се справам со се` што треба да сработам тој ден.

Некои луѓе го пронаоѓаат свој тек кога пишуваат, ги гледаат омилените серии на Нетфликс, вежбаат или работат на нивното хоби. Други го наоѓаат текот кога можат да се поврзаат и да учат од други во виртуелниот свет. Ако можете, направете нови приоритети во вашиот распоред за да можете да го почнете денот со што и да е тоа што ви дава повеќе енергија. Ова не значи дека ќе престанете да ја работите работата што понекогаш ве цеди, но кога сте свесни за вашите моменти на непречен тек, тогаш ќе ви биде полесно да постигнете подобра рамнотежа секој ден. И за оние кои се справуваат со обврските поврзани со домашното образование и детската грижа, кога самите на себе си го давате подарокот да имате барем еден одреден период непрекинат тек, тогаш ќе ја почувствувате разликата во поглед на оптовареноста речиси веднаш.

Бидете сојузник и помагач

Според Клиниката Кливленд, постои нешто такво што се нарекува „дрога на помагачот“. Кога им помагаме на другите, тоа може да ја подобри нашата самодоверба, да го намали притисокот на крвта, да ја намали депересијата, па дури и да ни помогне да живееме подолго.

Помагањето не мора да биде во форма на посветеност што бара многу време и енергија. Може да биде десетминутен муабет со некој нов колега во вашата компанија кој се` уште се навикнува на новото работно место, или краток преглед на нечие си-ви, или интервју симулација со некој кој е во потрага по нова работа. Неодамна, ја имав привилегијата да работам со жени кои ги изгубиле работните места поради пандемијата на работилницата за потрага по нова работа што ја организира нашата компанија. Тој настан беше одличен начин да понудам навистина специфични совети поврзани со наоѓањето нова работа.

Со оглед на зголеменото внимание на расните неправди на работните места, важен начин како да бидете помагач е да застанете на страна на некој чиј глас е можеби маргинализиран и да станете негов сојузник. Лично, одвојувам повеќе време за читање, учење и слушање за да можам подобро да ги разберам искуствата на колегите од малцинските заедници и ја користам нашата платформа за да ги засилам нивните гласови.

Станете сериозни во врска со некоја радост

Кога растев, татко ми имаше обичај да ми каже дека ако работата е забавна тогаш не би ја нарекувале работа. А сепак, има голема иронија во неговата изјава бидејќи знам дека татко ми ужива и се чувствува исполнет во неговата работа.

Исто како и тој, среќна сум што имам работа што ми носи радост, но ако работата што ја работите наследно не ви носи радост, тогаш каде и како можете да ја инкорпорирате радоста во вашиот работен ден и како можете да ја пренесете на други? Понекогаш тоа е едноставно како закажување кратка кафе пауза со колега или пријател, или правење пауза за кратка прошетка. За мене, тоа е одвојување еден час дневно за онлајн јога за време на мојот работен ден, или слушање на аудио книги за мистериозни убиства додека ги извршуваме баналните секојдневни работни обврски.

Како можете да додадете радост на вашата работна листа со задолженија и да ги пречкртувате секој ден? Во книгата „Годината на Да“, Шонда Рајмс напиша: „Годината на да значи дека си давате себеси дозвола да го промените фокусот од она што е приоритет и е добро за вас кон она што ве прави да се чувствувате добро“. Сега секако е времето да дознаете што е тоа што ве прави да се чувствувате добро и да го правите тоа.

Ве повикувам да си давате поддршка една на друга, да го правите она што ве прави да се чувствувате добро, да зборувате гласно за себеси и за другите чиишто гласови можеби не се слушаат, и можеби најважно, да најдете време за радост.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -