Како побезбедно да се вратите во канцеларија

Многу работодавци би требало да усвојат „хибриден“ модел на канцелариска работа, при што некои вработени би работеле во канцеларијата, а други на далечина. Јасно комуницирајте ги плановите за работното место со вработените, особено новите канцелариски протоколи, како што се тестирањата и носење маски, препорачува Forbes.com.

Поврзано:

Размислете за начинот на враќање на работните места. „Можеби е најдобро да  започнете со бавно отварање, односно со намалување на бројот на присутни во еден ден во канцелариите,“ вели д-р Марк Кортепетер, професор по епидемиологија на Медицинскиот центар на Небраска и автор на „Внатре во жешката зона“. Тој, исто така, сугерира воведување флексибилни работни планови и прпорачува „да се практикува либерална политика за престој дома ако лицата се болни“.

Тестирањето на антитела може да биде корисна алатка, но не и решение, вели Кортепетер. Точноста на тестовите може да варира, особено затоа што постои период на време помеѓу моментот на заразување со вирусот и развојот на антитела. Исто така, не разбираме целосно дали имањето на антитела се претвора во заштита од инфекција и колку долго.

Изградете заштитни области. Вирусот претежно се шири преку големи респираторни капки, така што користењето на плексиглас или други видови бариери може да спречи директното ширење на овие капки.

Минимизирајте контакт лице-в-лице преку воведување виртуелни состаноци. За состаноци лице-в-лице, проверете дали има доволно простор за да се одржи социјалната дистанца.

Воспоставете протоколи за вработените во врска со користењето лична заштитан опрема, како што се маски и ракавици.

Што велат експертите

„Некои работни обврски можат одлично да се извршуваат и на далечина, додека некои мораат да се извршуваат во канцеларија, затоа е најдобро да се усвои хибриден флексибилен работен модел при повторно отворање на канцелариите,“ потенцира Џони Ц. Тејлор, претседател и извршен директор на Здружението за менаџирање човечки ресурси.

„Постојат различни начини повторно да се отворат вратите на работните места“, вели Тејлор. Најновото општествено истражување за работодавците откри дека 39% од испитаницата во студијата планирале да спроведат фазна стратегија за повторно отворање, при што критичните тимови ќе се вратат први на работните места; додека пак 19% од нив планираат да спроведат стратегија за наизменичен распоред, при што вработените ќе одат на работа во наизменични денови или недели.

На работното место треба да има воспоставено политика за користење на лична заштитна опрема, како што се маски и ракавици, но внимавајте на фактот дека недефинирани упатства ќе предизвикаат забуна. „Сега внимателно гледаме што се случува кога луѓето се враќаат на работното место, особено кај бизнисите кои не ги обврзуваат вработените да носат маска“, вели Тејлор. „Добивате нова област на спорови што ќе мора да ја решаваат работодавците“.

Совети од претприемачи

Главниот извршен директор на Фејсбук, Марк Зукенберг, неодамна најави промени во нивната политика за работење на далечина, како на пример, вклучувајќи вработените да побараат опција за трајно работење од дома и  да го зголемат вработувањето на оддалечени вработени за да ја диверзифицираат својата работна сила. „За последните 10 или 11 недели, 95% или повеќе од нашите вработени работело на далечина и она што го заклучивме е дека тие ја завршуваат својата работа“, вели Лори Голер, заменик претседател на одделот за човечки ресурси. 

Новиот акцент на вработување на далечина ќе му овозможи на Фејсбук географски да го прошири својот базен за таленти. 

„Тоа навистина создава многу можности низ САД. Значи, сега не треба да живеете на една од локациите [каде што имаме канцеларии] што значи дека луѓето не мора да ги напуштат своите заедници за да работат кај нас,“ објаснува Голер.

Кога гигантот за социјални медиуми ќе започне да ги отвора канцелариите со дозвола од државните и локалните власти, тие очекуваат да работат со капацитет на 25% максимум, додека се воведат соодветни мерки за безбедност. „Одлучивме да заземеме поконзервативен пристап, како во однос на напуштањето на канцелариите, така и во однос на враќање во канцелариите,“ додава Голер.

На што треба да внимавате

Бидете претпазливи за работните услови (или колеги вработени) кои не се во согласност со упатствата за безбедност. Канцелариите се полни со површини кои сите ги допираат- рачки на вратите, прекинувачи за светло, уреди – проверете какви се новите протоколи за чистење и дезинфекција во вашата канцеларија. Останете подалеку од преполната конференциска сала или други места каде луѓето не се во можност да се дистанцираат.

Која е позитивната страна на оваа ситуација?

Додека работата на далечина претставува голема промена за многу луѓе, таа исто така овозможува многу поголема географска разновидност при вработувањето и пристап до нов извор на талентирани вработени. Многу компании најверојатно ќе прифатат хибриден пристап на работа, како еден од најсигурните бизнис модели во моментов. „Секоја компанија ќе мора да направи што е соодветно за неа и нејзината ситуацијата,“ вели Голер. „Она што го откривме во Фејсбук, е дека овој бизнис модел одлично функционира за нас. Ние сме прилично возбудени и оптимисти за иднината на нашата компанија.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -