Како пандемијата влијае на финансиските средства на жените претприемачи

Започнување сопствен бизнис и бавење со претприемништво е тешка задача за секој, но се чини дека жените основачи на компании се соочуваат со повеќе предизвици од мажите, и често пати овие пречки конкретно се однесуваат на полот. На некој начин, Ковид-19 им го попречи патот кон развојот, но на друг, коронавирусот им помогна да создадат нови шанси, пишува Алисон Колман, независен новинарка која покрива вести од светот на бизнисот, за Форбс.

Во Велика Британија, само еден од тројца претприемачи е жена. Затворањето на оваа родова разлика би можело да додаде дополнителни 250 билиони фунти во националната економија, што е еквивалентно на четири години економски развој, посочуваат наодите од Ревијата за жени претприемачи Алисон Роуз.

Пристап до финансиски средства е ,традиционален’ проблем

Сега повеќе од кога било претходно потребни се повеќе жени претприемачи, но пандемијата и карантините направија многу малку во поглед на засилување на нивната кауза, особено ако станува збор за родители, бидејќи истражувањето на Институтот за фискални студии и Универзитетскиот колеџ во Лондон открива дека жените го добиваат „лавовскиот“ дел во обезбедувањето грижа за време на карантините, што значи дека достапното време за работа или водење сопствен бизнис им е драстично намалено.

Овој тренд се огледува и во податоците на Virgin StartUp, организација која минатата година се зарече дека подеднакво ќе финансира мажи и жени основачи до крајот на 2020 год. Претходно годинава, 43% од апликациите за финансирање дошле од жени основачи, а тој процент се искачи на 47% до средината на Март, но во првите шест недели од карантинот, овој процент падна на 23%.

„Пред кризата, веќе знаевме дека жените типично имаат помали шанси да добијат финансирање, а кога добиваат, добиваат помали средства,“ вели претседателката на Virgin StartUp, Линда Грант. „Карантинот само го влоши ова и скоро веднаш осетивме дека жените ќе бидат посилно погодени, а со истражувањето видовме и потврда на она во што силно се сомневавме“.

Финансиски средства се проблем за сите основачи на бизниси. Додека владата издвои 33 билиони фунти преку програма за заеми и воведе други видови мерки што треба да им помогнат на фирмите да ја пребродат кризата, стартап компании што работеа со загуба водеа вистинска борба да пристапат до средствата бидејќи не беа во можност да докажат дека би „прошле“ на пазарот ако не би постоела пандемијата на Ковид-19, што беше дел од критериумите за подобност.

Во текот на минатите години, британската програма за заеми за стартап фирми се покажа како клучна поддршка за основачите, вклучувајќи ги и жените. Основана во 2016 год, од мајка и ќерка Лорал и Ејшел Квин, стартап компанијата Sustainably која работи во областа на финансиската технологија, ги охрабрува клиентите да прават позитивно социјално влијание со собирање округли суми на нивните трансакции што не вклучуваат кеш, и тој ситнеж или вишок од мала сума пари се дистрибуира како микро-донации за каузите за кои клиентите се залагаат. Во раните фази на бизнисот, трпеливо свесни за субјективноста во однос на родот што постои во нивната индустрија, мајката и ќерката успеаја да обезбедат 50 000 фунти заем од Virgin StartUp.

„Сакавме да задржиме што поголема сопственост на бизнисот, така што најдобриот начин напред беше преку заем за стартап фирма заедно со финансиските средства од некој грант,“ вели Лорал Квин. „Подигањето средства беше уште потешко овие неколку месеци бидејќи некои од бизнисите на инвеститорите беа негативно погодени од кризата. Работите се менуваат, но промената мора да се случи побрзо“.

Позитивен исход

Но влијанието на Ковид-19 исто така овозможи нови шанси за жените, како за тие во корпоративниот сектор така и за бизнисите. На пример, работата од дома го нивелираше теренот со тоа што се тргна хиерархијата, која статистички поставува повеќе мажи на позиции во погорните ешалони, а компаниите почнаа да охрабруваат стилови на лидерство што се потпираат врз емпатија. Предизвикот сега е да не се вратиме назад на тој начин на размислување, потенцира Лесли Хит, коосновач на фирма за бизнис консултантство A Matter of Choice.

Хит вели: „Пофлексибилното работење од дома обезбедува предност бидејќи можете да правите приоритети помеѓу бизнисот и домашниот живот по потреба, и да работите на начин што им одговара на вашите потреби и на тие на бизнисот, што сега е пошироко прифатено како општа пракса“.

Сепак, не сите жени имаат позитивно искуство со работата од дома, особено кога треба да се справуваат со емоционалните последици од скорашните настани и ненадејната промена на начинот на кој работеле.

„Ова предизвикува прегореност, особено помеѓу жените кои се обидуваат да го изменаџираат сето тоа, на далечина,“ додава Хит. „Советувањето, на индивидуално или групно ниво, може да им помогне во справувањето со ова и да ја поттикне нивната самодоверба, а оттука нивото на продуктивност ќе порасне“.

Недостатокот на верба во себе е една од најголемите бариери со кои се соочуваат жените претприемачи, но како што објаснува Сајмон Пеј, коосновач и извршен директор на PopUp Business School, тие имаат причина да имаат поголема самодоверба по Ковид-19.

„Ние сме на нова територија, и на многу начини, ова е шанса што се добива еднаш во животот за започнување на нешто целосно ново,“ вели тој. „Ние никогаш нема да имаме шанса како оваа да излеземе од нашето секојдневие, да размислиме и да создадеме нешто важно за нас. Дознајте што сакаат луѓето и што овој пат им треба и како вие можете да го обезбедите тоа на начин што е на иста линија со вашите интереси и страст“.

Линда Грант е исто така голем оптимист за иднината, и инсистира дека предизвиците што сите ги доживеавме за време на кризите, како и борбите со кои се соочени жените основачи на бизниси во овој период само послужија да ја засилат нивната одлучност.

Таа вели: „Падот на апликации за заем што го видовме во раните фази на карантинот почнува да се подобрува. Ќе има големи препреки по пат, но заветот што го дадовме минатото лето да финансираме 50% мажи и 50% жени е важна посветеност и таа амбиција се нема променето“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -