Како и зошто треба да го искористите кариерниот потенцијал на вашите млади вработени лица

Поради превирањата во последните неколку месеци, младите луѓе беа едни од поголемите губитници на работната сила. Особено лицата помлади од 25 години го почувствуваа товарот од принудните одмори и отпуштањата од работа. За време на месец мај 2020 год, во Европа, невработеноста кај лицата помали од 25 години порасна три пати побрзо од целокупниот просек. Последиците од ова ќе бидат чувствувани долго откако непосредната криза ќе помине. Не само од поединците, туку и од страна на нивните поранешни, сегашни и идни работодавачи, пишува Кели Палмер, автор и јавен говорник од областа на претприемништвото и лидерство за Entrepreneur.

Попречен раст

Дури и кратките периоди на невработеност на почетокот на кариерата можат да имаат влијание врз долгорочните кариерни можности на едно младо лице. Еден месец невработеност кога сте помеѓу 18 и 20-годишна возраст предизвикува доживотен пад на приходите за 2%. Секое време одземено од работа има влијание на вештините и искуството што еден млад човек може да го развие – вештини кои се клучни за опстанокот на пазарот на трудот. Ова се преточува во поограничени можности за вработување, поголеми шанси за идна невработеност и намалена плата.

За работодавците, ова може да ја зголеми празнината во потребните вештини која веќе се зголемува. Губењето млади лица рано во нивната кариера исто така го спречува работодавецот да извлече корист од кариерниот потенцијал на тие лица и нивната способност да создаваат и употребуваат нови вештини што се потребни да се задоволат менливите потреби на бизнисите.

Секој мора да е вклучен

Во сечиј интерес е да се поддржи вработувањето и развојот на нови вештини на едно младо лице. Владите го препознаваат ова и ставаат значителен акцент на поддршката на младите лица низ многубројните предизвици на оваа 2020та година. Европската Унија на пример, ги поттикнува владите да ги користат фондовите на европското семејство за да создадат нови работни места за млади и да обезбедат соодветни обуки. Британската влада најави мерки за поддршка вредни 2 билиони фунти наменети за младите лица кои сакаат да ја започнат нивната кариера во професионалниот свет. Според нивни истражување, младите работници сочинуваат речиси една четвртина (24%) од целата работна сила на Велика Британија.

Сепак, бизнисите се тие кои треба да продолжат да ги прават овие напори кога ќе престанат пристапот до итни мерки и инвестициите. Британската шема за поддршка ќе трае 6 месеци и нема да ги задоволи реалните проблеми на бизнисите и младите работници. Она што е потребно да се направи на дол рок е постојана посветеност на растењето на кариерите на младите, а ова почнува со постојана надградба на вештините.

Потребни се се` повеќе различни вештини

Половичниот живот на вештините се намалува и моментално тој трае околу 5 години. Еден билион работни места ќе треба пак да се конфигурираат во следната деценија, а младите работници ќе бидат во првите редови на оваа промена.

Една клучна вештина што бизнис лидерите би требало да ја негуваат во нивните работни средини е прилагодливоста. Како што ќе се менуваат работните места, потребите за вештините на секоја улога исто така ќе еволуира. За поединците да продолжат да ги имаат потребните вештини, и со цел бизнисите да останат конкурентни, потребно е надградување на вештините.

Како да се надградат вештините на младите таленти

Имајќи го ова на ум, како би можеле бизнисите да ги надградат вештините на нивните млади работници на долг рок?

Идентификувајте ги вештините на вашата работна сила: почнете со идентификување на сегашните и идните вештини на вашите работници. Проценката на нивните сегашни вештини ќе ви даде прецизна почетна точка со која ќе можете да го измерите напредокот. Исто така вреди да размислите кои би биле вештините што еден млад работник би требало да ги има во следните една до три години. Едноставно, фокусирајте се на неколку потребни вештини за младите вработени не се најдат во ситуација да се чувствуваат пренатрупани од можни патишта за понатамошен развој.

Подредете ги со вашите бизнис цели: Подредувањето со вашата деловна стратегија исто така е клучно за да бидете сигурни дека напорите на вашите млади работници да научат нови вештини ќе донесат материјална вредност. Ова поврзете го со целите и интересите на секој работник, и најдете заедничко тло каде двајцата, т.е. вашиот бизнис и вашиот вработен, ќе имаат корист. За среќа, младите работници веќе се прилично ангажирани во развојот на нивната кариера. Младите работници имаат три пати повеќе шанси да останат кај нивниот прв работодавец пет години и повеќе ако тој работодавец им обезбеди повеќе можности да научат нови вештини и да ја развиваат кариерата.

Понудете различни можности за учење: Понудата на спектар различни можности за надградба на вештините ќе ви помогне да ги задоволите луѓето таму кадешто веќе поминуваат голема количина време во учење. На пример, припадниците на генерацијата Зед (моментално во нивните тинејџерски години и рани дваесетти) претпочитаат социјални средини за учење, водени од страна на нивните врсници, со мали бариери во поглед на пристапот и достапни по барање. Речиси 40% од работниците активно го споделуваат нивното знаење и вештини со нивните врсници преку коментари, блогови, видеа и други неформални начини на комуникација.

Обезбедете можности за пракса: Уште еден клучен аспект е да им обезбедите на вашите млади вработени можности за практикување на нивните новостекнати вештини. За младите лица кои се на самиот почеток на нивниот професионален живот, овој чекор е особено важен. Една статија објавена во деловниот билтен на Универзитетот Харвард вели дека 75% од новите информации се забораваат ако не се применат во рок од 6 дена по нивното усвојување. Ако некој не може да ја примени вештината во неговата/нејзината секојдневна работа, тогаш размислете на продолжување на задолженијата, преместување на различни работни позиции или волонтерство, како начини кои ќе им овозможат долгорочно да ги запомнат новонаучените информации.

Собирајте податоци: На крај, потребно е да ги соберете податоците за вистинските вештини. Напредокот не може да се мери или процени без нив. Почнете со собирање податоци веднаш штом младо лице почне да работи на доделена позиција, почнете да создавате профил на неговите/нејзините вештини и ќе имате целосен, ажуриран преглед на сите негови/нејзини вештини и аспирации. Овој профил може да ги следи низ нивната кариера како прецизно досие на се` што постигнале – што пак ќе им помогне да ги засилат можностите за идно вработување.

Овие податоци за нивните вештини ќе ви бидат од корист и во поглед на подобро планирање на работната сила, развивање стратегии за подобрување на вештините, напредок во кариерата, и многу други аспекти на вашето деловно работење.

Момент што ја дефинира иднината

Одлуките што го носите денес ќе траат една генерација. Со поддршката на секое младо лице да го исполни сопствениот кариерен потенцијал и да развие вештини што се неопходни за иднината, работодавците ќе бидат сигурни во нивниот долгорочен успех. Ќе имаат огромна корист од агилна, едуцирана и ангажирана млада работна сила, подготвена да прифати нови можности и да се прилагоди на новите деловни предизвици.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -