Како жените да избегаат од замката на синдромот на натрапник

Држам говори и зборувам на семинари за „Моќта на присуството за жените лидерки“ и по една сесија, бев замолена од директорката за човечки ресурси да ја обучувам Сандра. Ме запознаа со неа и ја претстави како исклучително талентирана професионалка со исклучителни лидерски вештини. Сандра беше подготвувана да заземе врвна лидерска позиција и ми делуваше како совршена жена за мојот обучувачки ангажман. Обожавам да работам со успешни жени кои сакаат да станат уште поуспешни, споделува д-р Карол Кинси Гоман, меѓународна говорничка од областа на лидерството, на нејзиниот ЛинкдИн профил.

Требаше да ме шокира кога, на крајот на нашата прва сесија, оваа талентирана жена ми кажа: „Сакам да знаеш колку сум нервозна што се среќавам со тебе. Ми беше страв дека нема да мислиш дека сум достојна да работиш со мене“.

Требаше да ме шокира, но не ме, бидејќи истото сум го чула и претходно – но САМО од жени клиенти.

За ваквата ситуација го окривувам синдромот на натрапник.

Синдромот на натрапник е страв од тоа да сте откриени како измамник и ве совладува чувство на безвредност за вашиот успех и дека не сте исто толку способни како другите. Обата пола го искусуваат синдромот на натрапник, но жените се особено подложни на него и влијанието на синдромот е посилно кај нив.

Сомнежот во себе кај жените може негативно да влијае на нивната кариера, како што покажуваат истражувањата, кога се трудат да напредуваат во рамки на компанијата или кога бараат унапредување.

Добрите вести, доколку веќе сте паднале во стапицата на синдромот на натрапник, е дека постојат стратегии што можат да ви помогнат да побегнете. Мојата книга „Истакнете се: како да го изградите сопственото лидерско присуство“ пишува за нив, а еве ги моите три омилени:

Водете дневник на успеси

На дневна основа (по можност на крајот на денот), запишете ги сите работи со кои се гордеете – цели што сте ги постигнале и ситуации со кои добро сте се справиле. Ќе видите како дури и малите успеси, кога ги регистрирате и прегледувате на редовна основа можат да направат позитивни промени во начинот на кој се цените себеси.

Престанете да ја намалувате вредноста на вашите постигнувања. Никој не доаѓа на одредено ниво без талент и напорна работа. Дури и среќата да играла улога во вашата кариера, не било несреќа или судбина тоа што ве подготвило да ги искористите предностите во околностите во кои сте се нашле. Следен пат кога некој ќе ве пофали, не бегајте од пофалбата. Едноставно, насмејте се и кажете „благодарам“.

Внатрешниот критичар претворете го во внатрешен обучувач

Од сите негативни повратни информации што можеби ќе ги добиете, ниедно нема моќ да направи толку штета по однос на вашата самодоверба, колку тоа што самите си го кажувате. Еднаш еден мој клиент ми призна: „Ако зборував со моите пријатели на начинот на кој зборував со себе, немаше воопшто да имам пријатели“.

Вашиот внатрешен критичар забележува кога работите не се одвиваат како што треба. Го зема при срце секој критички настроен коментар што ги слуша од другите. Ја зголемува вашата слабост и ги игнорира вашите силни страни.

Наместо автоматски да се критикувате себеси, размислете како би се однесувал тренер или обучувач кој ве поддржува. Кога вашиот внатрешен критичар кажува работи од типот: „Никогаш нема да бидеш добар презентер, па престани да се обидуваш,“ вашиот внатрешен обучувач би рекол: „Секој пат кога зборуваш учиш што те прави подобар презентер за следниот пат. Издржи и говорничките вештини ќе стануваат се` подобри“.

Неуспехот е пат напред

Неодамна, кога прашав една извршна директорка како се справува во застоите, таа одговори: „Не верувам во застој. Се обидувам брзо да паднам, да научам од тоа искуство и да се движам напред“.

Ова е техниката на „Трите Р“. Првото Р е ревидирање (Review): прифатете ја ситуацијата со испитување на тоа што се случило; второто Р е одново правење на нештото (Redo): размислете што сте научиле од тоа искуство и создадете јасна ментална слика за тоа што би направиле поинаку следниот пат во слична ситуација; и последното Р е ослободување (Release): пуштете го. Нема ништо вредно што тој неуспех може да го понуди, така што пуштете го и продолжете понатаму.

Ова се моите три стратегии за бегство од синдромот на натрапник. Која најдобро функционира за вас?

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -