Како жена претприемач може да го израмни теренот за игра

Факт бр. 1: Мажите во голема мера доминираат со светот на бизнисот, иако статистиките покажуваат општо покачување на бројот на бизниси во сопственост на жени. Според Глобалниот монитор за претприемништво (the Global Entrepreneurship Monitor), светскиот број на жени во бизнисот се зголемил за 10% во 2017 год. Највисоката стапка на женско претприемништво се гледа во Субсахарска Африка, со 11,3%, по што следи Азија со 9,1%., пишува The Standard.

Факт бр. 2: Жените генерално поседуваат мали, неформални бизниси. Истото истражување покажува дека глобално, само 6,2% од жените претприемачи поседуваат развиени бизниси, што претставува околу две третини од стапката на мажи. Глобалниот монитор за претприемништво ги дефинира развиените бизниси како компании кои активно работат повеќе од 42 месеци.

Факт бр. 3: Истражувањето откри дека жените сè уште имаат поглема склоност од мажите да искусат прекини во нивниот бизнис. Повеќето бизниси во сопственост на жени биле прекинати поради финансиски причини – 45,8%, додека 29,6% од нив известиле дека морале да го затворат бизнисот поради недостаток на профит, а 16,2% истакнале дека им недостасувале финансии.

Овие статистички факти покажуваат дека, иако жените претприемачи се во поповолна состојба да ги развиваат нивните бизниси, сепак тие мораат да вложуваат дополнителни напори во борбата за успех како жена претприемач. Жените претприемачи играат клучна улога во секоја економија. Всушност, истражувањето на Глобалниот монитор за претприемништво откри дека жените претприемачи имаат повисоки нивоа на иновации отколку нивните колеги мажи. Иновативноста е дефинирана како „понуда на производи што се нови за некои или за сите клиенти.“

Имајќи го тоа на ум, следниве совети ќе ви помогнат да останете и да успеете како жена претприемач.

Најдете добар ментор

Една од најголемите причини за родова нееднаквост во претприемништвото, со право, е недостаток на жени како успешни примери. Со помалку жени основачи на бизниси, изворот на жени кои можат да менторираат помлади и нови жени претприемачи е значително помал. Оттука, не е изненадување зошто 46% од жените претприемачи кажуваат дека се соочуваат со недостаток од советници или ментори, што пак го ограничува растот на нивниот бизнис.

Добар ментор е некој кој редовно споделува лично стекната и практична мудрост со вас. Со советот и насоките обезбедени од страна на менторот, ќе ви биде полесно да одбегнете некои од скапите грешки што можат да го доведат вашиот бизнис до пропаст. Исто така ќе можете да носите подобри одлуки и да го продлабочите сопственото знаење за бизнисот, така што патот до успешниот бизнис ќе го изодите побрзо.

Според податоци од анализата спроведена во 2018 год од страна на Endevour, непрофитна организација што поддржува влијателни претприемачи низ светот, компаниите чии основачи биле менторирани од страна на врвни претприемачи имале три пати повеќе шанси исто така да станат исполнителни претприемачи.

Жена ментор ќе биде подобро опремена да ви помогне да ги пребродите специјалните предизвици со кои ќе се соочите како жена претприемач

Иако сè уште можете да извлечете корист од мажи ментори, имајте на ум дека жена ментор е уште подобро. Жена ментор ќе биде подобро опремена да ви помогне да ги пребродите специјалните предизвици со кои ќе се соочите како жена претприемач. Таквите предизвици можат да вклучуваат сексизам, справувањето со поделбата на времето меѓу грижата за сопственото дете и развивањето на бизнисот, како и ситуации во кои се истакнува т.н. „синдром на натрапник“.

За да најдете соодветен ментор, можете да се обратите кај жените претприемачи кои вие ги сметате за личен пример. Линкдин и другите социјални медиуми го олеснуваат начинот на поврзување со други луѓе, кои можеби порано не ви биле на дофат. Исто така, би требало да присуствувате на локални настани за бизнис вмрежување со цел да се поврзете со потенцијални ментори. За среќа, голем број на настани за вмрежување со фокус на жени и клубови за поддршка на женското претприемништво се создадоа во текот на последните неколку години.

Во Северна Македонија, од годинава постои ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери, како организација која нуди помош, поддршка и менторство за жените кои сакаат да започнат сопствен бизнис или се во поодмината фаза на развој па размислуваат да воведат иновации, или да го подобрат и унапредат целокупното работење на компанијата. Дел од поддршката за женското претприемништво е и иницијативата Women in Adria Macedonia, чија цел е промоција на позитивните примери и добрите практики, како и успешните приказни дома и во регионот.

Вмрежувајте се со жени

Жените се сопствени најлоши непријатели, така? Погрешно! Ако влезете во бизнис со ваков начин на размислување, најверојатно ќе го зголемите сопствениот ризик од неуспех. Како жена претприемач, важно е да имате неколку сигурни женски конекции во светот на бизнисот.

Повеќе од 75% жени на високи позиции имаат внатрешни кругови на блиски луѓе каде најчесто доминираат жени, или пак имаат силни врски со жените во нивната мрежа со кои се често во контакт. Овие наоди произлегуваат од истражувањето спроведено во 2019 год, објавено од страна на Универзитетот Нотр Дам и Универзитетот Нортвестерн.

Можеби ќе си помислите: „Не е проблем. Имам неколку пријателки претприемачи, иако повеќето од моите бизнис пријатели се мажи.“ Оваа стратегија нема да „упали“. Истражувањето исто така покажа дека жените со внатрешен круг колеги кои се мешани по род или се доминирани од мажи се повеќе склони да останат на подолните позиции во една компанија. Но за разлика од жените, истражувањето покажа и дека успехот на мажите во светот на корпорациите и бизнисот не е погоден од родовиот состав на нивните мрежи.

сретнете жени претприемачи кои размислуваат на сличен начин како и вие и со кои можете да создадете заемно корисни бизнис односи

Како жена, имате помали шанси да извлечете корист од мрежите составени од мажи, како што тоа би било случај со вашите колеги мажи. Мажите исто така се помалку склони да ве поканат на спортски натпревар или партија голф, на пијалок за да поразговарате за следниот бизнис договор или да ја унапредите вашата бизнис мрежа. Оттука, мора да имате посилна волја во однос на креирање „женски клуб“. Внимавајте да сретнете жени претприемачи кои размислуваат на сличен начин како и вие и со кои можете да создадете заемно корисни бизнис односи.

Поседувајте ги сопствените остварувања и успеси

Поради општествените условувања, жените имаат поголеми шанси од мажите да го потценат сопствениот придонес и остварувања. Резултат од оваа тенденција кај голем број жени претприемачи е соочувањето со последиците од т.н. „синдром на натрапник“. На пример, поради чувства на несоодветност, можеби ќе се најдете во ситуација да наплатите помалку за вашата експертиза или да давате премногу без некакви финансиска обврска од страна на потенцијалниот клиент.

Можеби ќе се најдете во ситуација во која ќе треба да воспоставите контролира, што може да влијае врз вашата способност да го водите бизнисот. Премногу често, повеќето жени кои работат како извршни директори работат во средина во која доминираат мажи, и каде нивниот начин на лидерство е поткопан. Морате секогаш да се потсетувате себеси дека навистина сте ја заслужиле вашата позиција и дека сте исто толку добри како и колегите мажи на ваша позиција. Немојте да се плашите да го истакнете вашиот авторитет кога ситуацијата го налага тоа.

Можноста доаѓа кај оние кои се подготвени. Бидете спремни да ја искористите во секое време. Сите имаат мрежи. Никој не е остров. Единствената разлика можеби се нивоата на нашата мрежа, но како што растете вие, растат и тие. Ако си ја работите работата, луѓето ќе го забележат тоа. Дадете сè од себе. Тоа е добар совет, но исто така може да биде и ограничување, бидејќи ако не можете да дадете сè од себе за одредена работа тогаш се засрамувате и оддалечувате од неа, не ја допирате бидејќи се чувствувате дека не можете да ја исполните. Но вие почнете со работа, и повторувајте си: „и што ако не успее?“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -