Како до успешна комуникација

Добрите комуникатори знаат дека само затоа што нешто било кажано, тоа не значи дека било слушнато. Одличните комуникатори знаат дека дури и да била слушната нивната порака, тоа не значи дека била разбрана, пишува Стив Китинг кој има над 30 години искуство во продажба и кој десетици пати годишно патува низ светот за да држи предавања за лидерство, продажба, услуги за клиентите и бизнис менаџмент.

Недостатокот на комуникација може да биде смртоносен за една организација и повеќето луѓе го сфаќаат тоа. Она што некои луѓе, и за несреќа некои лидери не го разбираат, е дека погрешната комуникација може да биде исто толку смртоносна. Војните, вклучително и светските војни, буквално почнале поради погрешна комуникација.

Една причина за погрешната комуникација е лошо информиран комуникатор. Едно нешто што често пати им го кажувам на луѓето кои сакаат да бидат подобри презентери е дека ако знаете за што зборувате, немате потреба да бидете нервозни. Исто така, им кажувам дека ако не знаат за што зборуваат, нема потреба да зборуваат на прво место.

Што претставува одлична комуникација

Дури и добро информираните комуникатори можат понекогаш погрешно да комуницираат. Но најдобрите комуникатори не го прават тоа. Тие постојано ги применуваат следните четири принципи за успешна комуникација.

Прво, тие ја упростуваат нивната порака. Не користат жаргон и користат зборови и фрази што лесно се разбираат. Не користат повеќе зборови од што е потребно. Не користат зборови со четири слога кога двосложни зборови ја пренесуваат пораката. Неподготвените комуникатори сакаат да импресионираат. Одличните комуникатори сакаат да остават впечаток.

Најдобрите комуникатори го гледаат лицето или луѓето со кои зборуваат. Забележувате дека напишав „со кои“ зборуваат. Тие секако не им зборуваат на луѓето. Ја познаваат нивната публика и прават големи напори да зборуваат во интерес на тие луѓе.

Најдобрите комуникатори знаат дека комуникацијата не завршува кога си одат од салата за состаноци. Знаат дека луѓето ќе ги гледаат за да одлучат дали тоа што го споделиле претходно е вистина. Така што, не само што ја кажуваат вистината, туку и ја покажуваат. Нивните дејства соодветствуваат со нивните зборови. Таквите дејствија ја засилуваат и оживуваат пораката. Нивните дејства додаваат интегритет не само поради зборовите што биле изговорени, туку и на нивните идни зборови исто така.

Врвните комуникатори знаат дека добар дијалог е подобро од најдобриот монолог. Така што, тие се ангажираат во разговорот со нивните слушатели и бараат одговор што покажува дека тоа што го кажале соодветствува со тоа што било слушнато. Тие поставуваат едно, две прашања за да одредат дали тоа што било слушнато навистина било и разбрано.

Тие прифаќаат 100% одговорност за успехот на комуникацијата. Никогаш не претпоставуваат дека само поради тоа што кажале нешто дека се случила вистинска комуникација.

Комуникацијата е вештина, а по дефиниција вештина може да се развие. Но, развитокот зависи од желбата да станете поефективен комуникатор. Ефективната комуникација е витална вештина кај автентичните лидери. Успешната комуникација води кон успешни исходи.

Денес одлучете дека ќе ги развивате вашите комуникациски вештини и луѓето кои ги водите ќе ви заблагодарат утре.

Извор: stevekeating.me

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -