Како да ја прифатите моќта на надежта и да го елиминирате стравот

Помеѓу големиот број инспиративни говори, дела и цитати, наследството на Нелсон Мандела ни открива и една реченица која може да се примени на сегашната ситуација со пандемијата на коронавирус – „Нека вашите избори ги отсликуваат вашите надежи, не вашите стравови“, пишува авторот, говорник и тренер Џејсон Форест за Entrepreneur.

Поврзано:

Како извршен директор кој обучува и советува комерцијалисти и лидери за тоа како да научат да размислуваат на начин кој ќе им овозможи да ги добијат сите дневни битки, тој целосно разбира колку е тешко да не се прават избори засновани на страв во денешно време на општа несигурност. Форест тоа го гледа, слуша и доживува секој ден, исто како и сите ние. Тој споделува пример кога негов клиент му кажал дека сака да забави со стратегијата за инвестирање бидејќи неговата компанија стравувала од можното воведување воена состојба. Кога почнувате да слушате противења што се засновани во воени режими, знаете дека сте во непозната територија.

Стравот стана голем дел од нашата реалност. Градоначалникот на Њу Јорк, Ендру Куомо изјави за телевизиската куќа NBC: „Стравот и паниката се пострашни од вирусот. Знаеме што треба да направиме со вирусот. Ќе биде тешко, но знаеме што треба да направиме. Но стравот и паниката можат да излезат повеќе од контрола отколку вирусот.“

Стравот е природен одговор. Разбирливо е. Улогата на мозочната жлезда амигдала е да ги стимулира исконските нагони да се бориме, да бегаме или да се „замрзнеме“ кога се соочуваме со опасни закани, како што во случајов е ширењето на коронавирусот. Тоа се традиционални реакции чија цел е да го зачуваат животот, но тие исто така доминираат со центарот за логично размислување во мозокот.

Со оглед на горекажаното, стравот е природен одговор. Разбирливо е. Улогата на мозочната жлезда амигдала е да ги стимулира исконските нагони да се бориме, да бегаме или да се „замрзнеме“ кога се соочуваме со опасни закани, како што во случајов е ширењето на коронавирусот. Тоа се традиционални реакции чија цел е да го зачуваат животот, но тие исто така доминираат со центарот за логично размислување во мозокот. Поголемиот дел од нас претпочитаат да ги контролираат ваквите реакции, да го минимизираат стравот и да го пребродат овој период.

Ако се сметате за личност која сака да биде подготвена за какви било предизвици, и доколку сакате да ги носите вашите одлуки врз принципот на Мандела, тогаш овој напис е наменет конкретно за вас.

Овие совети следете ги во следните недели или месеци кога чувствувате дека природниот одговор на стравот ви се вовлекува во свеста. Искористите ги овие насоки за да се справите со стравовите што ги чувствувате, создадете го сопствениот внатрешен глас и контролирајте ги сопствените мисли. Ништо не е поважно од здрав, неоптоварен ум, а овие едноставни дневни стратегии ќе ви помогнат да ги расчистите мисловните пајажини и да излезете на другата страна посилни.

1. Пронајдете ги личните дневни победи

Во моментов искусувате дневна победа, само можеби не сте целосно свесни за неа. На пазарите кои не беа толку тешко погодени од пандемијата, сите купуваат, така што она што сте го сметале за победа пред еден или два месеци можеби се состоело од склучување голем договор, проширување на вашиот удел на пазарот или ситуација во која нов клиент е подготвен да ја купи вашата нова услуга.

Сконцентрирајте се на процесот, резултатот самиот ќе дојде.

Постојат ПОБЕДИ, но погодете што уште може да биде дневна победа? На пример, ако ваш потенцијален клиент потпише електронски документ. Или да воспоставите комуникација со потенцијален клиент кој не одговорил на вашите меилови со недели. Успешно водење онлајн вебинар наместо состанок во живо за првпат. Сите овие успеси се ПОБЕДИ. Фостер секогаш им кажува на неговите клиенти да се сконцентрираат на процесот, а резултатот самиот ќе дојде. Немојте да дозволите да се чувствувате преплавени од моментот. Почнете да составувате листа од три дневни победи чиј успех се должи на самиот процес, односно ситуации во кои сте успеале да ја искористите шансата. Што помалку се фокусирате на резултатот, толку повеќе резултати ќе добиете. И кога се концентрирате на тие победи засновани на самиот процес, ќе почнете да гледате и да остварувате резултати.

2. Променете го дневниот фокус

Верувале или не, популарниот метод на вежбање – Пилатес – настанал во Првата Светска Војна во логор за воени заробеници. Џозеф Пилатес бил Германец кој живеел во Англија кога избувнала војната во 1914 год, а судбината го одвела во егзил и затворен во логор за воени заробеници до крајот на војната. Пилатес ги поминал следните четири години во тој логор, вклучувајќи ја 1918 година, кога Шпанскиот грип го зафатил светот и бил причина за смртта на 50 милиони луѓе.

Пилатес одлучил да ја победи болеста и собрал мала група луѓе кои учествувале во режим на строги физички вежби. Тој подоцна се фалел дека ниту еден од луѓето кои вежбале заедно со него секој ден во логорот воопшто не го фатиле грипот.

Можеби вашиот фокус е стапката на пациенти кои ја преживеале инфекцијата на коронавирус, можностите што претходно не постоеле, и начините како да останете здрави во домашен карантин?

Поентата не е дека Пилатес имал магичен лек. Фактот зошто тие луѓе не се разболеле од Шпанскиот грип се должи на нивниот фокус на сопственото здравје, а не на болеста, и на фактот дека ги презеле потребните чекори за тој фокус да им стане секојдневна пракса. На што и да се концентрирате, го правите тоа, а тоа што го правите, ве дефинира самите вас. Сепак, каде е вашиот фокус? „Залепен“ е на вестите, и ги анализира само проблемите со пазарите и цифрите за стапката на смртност? Или пак, можеби вашиот фокус е стапката на пациенти кои ја преживеале инфекцијата на коронавирус, можностите што претходно не постоеле, и начините како да останете здрави во домашен карантин? Секој ден, посветете се на отстранување на еден дневен фокус што не ì е од корист на вашата состојба на умот и додадете нов фокус што ќе ì биде корисен.

3. Променете ја сопствената дефиниција за пазарот

Кога паѓа довербата на потрошувачите, првото нешто што ќе настрада е продажбата. Луѓето се повлекуваат, се консолидираат и чекаат да помине бурата. Но тоа не значи дека немаат потреба да купуваат. Тоа дури не ни значи дека немаат ресурси да купат од вас. Во случаи во кои компаниите имаат средства на располагање а не ги трошат, тогаш тоа е јасен знак дека одлуките што ги носат се засновани на страв, а не на надеж.

Единствената разлика помеѓу лош пазар и добар пазар е местото каде купувачот добива дозвола да купува. Тоа е сè. На добриот пазар, таа дозвола доаѓа од секоја страна: медиумите, пријателите, чинителите, семејствата, колегите. Пречките се помали и продажбата е полесна. На лош пазар, дозволата доаѓа од едно единствено место. Доаѓа од вас.

Но има и добри вести. Никогаш не било полесно да се одвоиме од глутницата во вакви околности.

Луѓето сè уште имаат потреба од стоки и услуги и на пазарите каде се нудат неквалитетни производи. Во многу случаи, луѓето имаат потреба од она што вие имате да им го продадете УШТЕ ПОВЕЌЕ. Но самиот процес на продажба бара многу повеќе проактивност. Бара повратни информации, извештаи за постигнатото, здрав начин на размислување и волја да се препознаат и да се слават дневните победи. Овој процес изискува начин на размислување заснован на надеж, а не на страв. Бара трпение и упорност во еднаква мера. Го бара оној мал екстра напор што не беше потребен кога вашето учество на пазарот беше загарантирано и многу полесно, не толку одамна.

Но има и добри вести. Никогаш не било полесно да се одвоиме од глутницата во вакви околности. Додека другите се повлекуваат, обидете се да сфатите како да ја преживеете зимата, можете да одберете да стапнете цврсто на земја и да продолжите со начинот на размислување заснован на надеж и да излезете од кризата уште подобри од порано.

Тоа е моќта на надежта. Не пропуштајте ја оваа прилика да ја прифатите со цело срце.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -