Како да ја најдете потребната мотивација за да ги остварите сопствените соништа

Дали ви паѓа тешко кога правите нешто затоа што знаете дека мора? Дали ви е проблем станувањето рано наутро за да одитие на вежбање или на трчање, како што си ветивте минатата вечер? Дали одењето на работа што не ја саката ви станува сè потешко? И можеби едно од најтешките прашања: дали се борите самите со себе кога треба да ја одбегнувате храната што навистина сакате да ја јадете?

Поврзано:

Ако вашиот одговор е „да“ на кое било (или сите) од овие прашања, знајте, не сте сами. Најверојатно никој не може да ви каже како да се спречи појавувањето на тоа чувство, но има начини кои можат да ви помогнат да се соочите и справите со тие чувства. Затоа, порталот coffee.yoga.life.com сподели начини како да ја најдете мотивацијата што ви треба за да ги направите оние работи што не сакате да ги правите, а мора.

Што е мотивација?

Според dictionary.com, мотивацијата е чин што нè обезбедува со причина да делуваме на одреден начин. Со други зборови, мотивацијата е причината зошто го правиме тоа што го правиме. Односно, мотивацијата е вашето „зошто“.

Запознајте го вашето „зошто“

Во нашите животи се среќаваме со илјадници моменти кога мора да направиме избор да направиме нешто што не сакаме. Ова може да варира од готвење дома наместо јадење брза храна, до останување на работно место кое го мразиме наместо давање отказ. Зошто ги правиме овие избори? Ова се моментите кога навистина треба да седнете и да размислите што е тоа што вие го добивате кога ги правите тие нешта. Дали е тоа така за да можете да се грижите за сопственото семејство? Дали го правите тоа за да си го подобрите здравјето? Дали тоа ќе ја зголеми вашата самопочит? Дали конечно ќе можете да одите на одморот од вашите соништа? Која е причината поради која првично сте започнале да правите нешто и што е тоа што ќе го добиете ако продолжите да ја правите работата која не ја сакате?

мотивација

Последиците од делување наспроти мирување

Секое дејство има последица. Но запомнете, последиците можат да бидат и добри и лоши. За пример, да се фокусираме на редовно вежбање. Ајде да анализираме кои се придобивките од вежбањето, без разлика дали го правите тоа дома или сега, на отворено. Што ве натера да почнете да вежбате на почеток? Дали причината беше намалување на килограмите? Да се чувствувате подобро со себеси? Дали можеби сте сакале да трчате маратон од 5км? Дали вашето здравје ќе се подобри ако вежбате? Дали ќе накачите тежина? Дали тогаш ќе бидете среќни со начинот на кој изгледате? Првиот и најголем извор на мотивација е личната корист. Што ќе добиете вие од сето тоа?

Направете мапа на визијата

Мапа на визијата е визуелна претстава на вашите цели. Постојаното гледање на визијата што ја имате за да ги остварите вашите цели ви помага да согледате дека целиот ваш живот е извор на мотивација што не може да се замени или игнорира. Ако немате ваква мапа, морате уште денес да креирате една.

Престанете да се споредувате со други

Споредбата со другите не е извор на мотивација, туку на демотивација. Затоа, ПРЕСТАНЕТЕ да го правите тоа. Луѓето најчесто ги постираат најубавите моменти од нивните животи. Повеќето нема да ви дозволат да им ги видите солзите, неуспесите губитоците, деновите кога сè им е тргнато на лева нога… Следниов чекор е клучен за да останете мотивирани: престанете да следите кој било на социјалните медиуми кој ве прави да се чувствувате инфериорни, нестручни, свесни за себе или безвредни. Направете го тоа веднаш!

Погрижете се за себе

Еден од најбрзите начини да ја изгубите мотивацијата е да се најдете во ситуација во која не добивате ништо за возврат за дополнителните напори што сте ги вложиле. Закажете време во текот на денот за да ги правите работите што вие сакате да ги правите. Можете да го искористите времето да прочитате книга, да боите боенки за возрасни (се препорачуваат доколку сакате да се опуштите), обидете се да зготвите оброк според нов рецепт, или пак едноставно, најдете време да уживате во домашната бања. Што и да ви носи радост, морате да најдете време за тоа секоја можна недела.  

Побарајте цитати што ќе ве мотивираат

Ако ви треба мотивација, еден од најлесните начини да ја најдете е да побарате мотивирачки цитати. Можете само да напишете „мотивирачки цитати“ на Google и ќе ви се појават еден тон страници. Можете да побарате и на YouTube ако можеби претпочитате мотивациски видеа. Еден од најпосетените сајтови на интернет за мотивациски цитати е brainyquote

Мотивациски #-и

Ако сте некој кој обожава да поминува време на социјалните медиуми, тогаш знаете дека хаштазите можат да ви помогнат да најдете скоро сè. Во прилог се неколку што можат да ви бидат корисни: #motivation, #motivationalquotes, #motivational, #motivationmonday, #motivationdaily, #motivationoftheday.

мотивација

Мотивациски говорници

Ако некогаш сте имале шанска да чуете како зборува мотивациски говорник, тогаш знате колку може тој говор да делува охрабрувачки и поттикнувачки. Чувствтото да сте во иста соба со мотивациски говорник е искуство што се препорачува, барем еднаш во животот. Најверојатно веќе си имате омилени лица, но доколку немате, одете на YouTube и одберете тројца чии канали ви се допаѓаат и почнете да ги следите. Неколку имиња кои можеби ќе ви бидат корисни се: Опра, Стедман Граам, Тони Робинс (или гледајте го документарецот „Не сум гуру“ – “I am not your Guru” на Netflix), Брене Браун, Сајмон Синек…

Најчесто, потребна ни е мотивација за редовно вежбање и чистење

За да се мотивирате да вежбате, можете да: направите листа со песни кои ве тераат да трошите енергија, купите нови патики за вежбање или нови алишта, обврзете се да посветите време на барем едно ситно нешто во текот на секој ден, како на пример, отворете го душечето за јога и извежбајте по една вежба од сите пози што ги знаете… Или пак, одвезете се до парк, кеј или некое друго место на отворено, и ќе видите дека чекорот до започнување со џогирање е навистина мал.

За да се мотивирате да чистите можете да: направите листа со песни кои ве тераат да играње, слушајте ја вашата омилена радио емисија или подкаст, па дури и аудио книга, направете игра од тој чин, како на пример, обидете се да го срушите сопствениот рекорд во чистење дневна соба, или натпреварувајте се со партнерот или децата, почестете се себеси откако ќе заврши чистењето, со убава топла купка, масажа, или омилениот десерт.

Мотивацијата е особено лична работа и кај секого функционира на различен начин. Ваше е да најдете начин според кој тешките нешта и работите што не сакате да ги правите ги оправдуваат и се поклопуваат со вашите вредности и приоритети. Постојат начини да најдете мотивација и надвор од вас, но најсилната мотивација доаѓа од внатре. Таа е некој вид оган кој ја „пали“ целокупната ваша личност. Сè додека не го најдете тој конкретен оган, обидете се да примените некои од советите за да почнете да ги остварувате сопствените цели.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -