Како да ја користите емоционалната интелигенција за деловен успех

Концептот на емоционална интелигенција се изучува со децении. Но, дури во 1995 год, со објавувањето на книгата на Даниел Големан – „Емоционална интелигенција“, концептот станува популарен.

Во исто време, работодавците се` уште го немаа прифатено концептот на емоционалната интелигенција на работното место. Можеби поради тоа што веруваа во митовите за ЕИ како што е идејата дека такво нешто не е многу важно. Таквата ситуација се промени кога низа истражувања открија дека емоционалната интелигенција е најсилен предвидувач на ефективноста во работните средини, пишува Џон Рамптон, претприемач, инвеститор и ментор за стартап компании.

Дополнително, McKinsey & Company предвидува дека побарувачката за технолошки, социјални, емоционални и поголеми когнитивни вештини ќе порасне до 2030 год. И како што почнуваме да го живееме животот во светот по Ковид, емоционалната интелигенција е порелевантна денес од кога било претходно.

Имајќи го тоа на ум, во продолжение се неколку начини на кои можете да ја користите емоционалната интелигенција за да го подобрите и личниот и организацискиот деловен успех.

Создадете капацитет

Иако „ЕИ е пакет од вештини, ставови и однесувања“ таа е исто така и варијабила, тврди Билд Дејвис, главен консултант во PSI Talent Management International. „Во еден момент можам да бидам емоционално интелигентен и емоционално глупав во следниот. Така што, развивањето на ЕИ значи дека сте емоционално интелигентни повеќе време“.

Според Дејвис, секогаш кога сме уморни или нервозни, можно е да загубиме дел од нашиот капацитет за емоционална интелигенција. Уште пострашно е што овие емоции ни дозволуваат да сме лесно иритабилни. Како последица на тоа, ова води кон одбранбени навики како што е микро-менаџирање или агресивен говор на тело.

Имајќи го ова на ум, „клучна почетна точка за ЕИ е способноста да се менаџираат нашите животи и да се создава капацитет,“ советува Дејвис. „Аргументирано, ова значи дека имате подисциплиниран пристап кон тоа како ја менаџираме нашата енергија и работа на умствено пријателски начин“.

Лесно место за почеток би било одвојување време за смирување на умот. Ако имате лидерска улога, ова би можело да го охрабри вашиот тим често да прави пауза во текот на денот и да ги користат деновите од одморот. Исто така, кога знаете дека прават пауза за да се опуштат, не ги бомбардирајте со прашања и проблеми поврзани со работата.

Практикувајте емпатија

„Едноставно кажано, емпатија е кога себеси се ставате во чевлите на некој друг,“ пишува Дена Ричи во нејзината статија објавена во „Календар“. Поседувањето на оваа карактеристика е најверојатно најважната лидерска вештина. На крајот на краиштата, емпатијата е основа за создавање и засилување социјални врски.

Уште повеќе, емпатијата создава полојални, ангажирани и попродуктивни тимови. И таа исто така ја зголемува среќата, не` учи на присуство и негува иновативни соработки.

Така што, како можете да практикувате емпатија? Еве неколку области на кои треба да се фокусирате:

  • Запознајте ги луѓето подобро, на пример нивното потекло и интереси. Ова можете да го направите на средба еден-на-еден или на некој неформален ручек;
  • Пред да избрзате со носење суд или давање критика, одвојте време додека не се почувствувате смирени и ги имате сите релевантни податоци;
  • Слушајте повеќе, зборувајте помалку;
  • Развивајте ја вашата самосвест преку водење дневник и барање повратни информации;
  • Прашајте ги другите како се кога имате интуитивно чувство дека нешто не е во ред;
  • Бидете искрени, па дури и малку ранливи.

Фокусирајте се на менталното здравје и добросостојба

Да не ја омаловажуваме штетата што ја предизвика пандемијата, но дава голема надеж фактот што кризата ја истакна важноста на менталното здравје. Од јануари 2021 год, над 41% возрасни лица во САД искажале дека чувствуваат симптоми на анксиозност или депресивни нарушувања. И, кога тие проблеми не се третирани, може да доведе до нарушување на голем број работи, од физичкото здравје до односите во врските до продуктивноста.

Кои се добрите вести? Можете да го искористите вашиот календар за да му дадете приоритет на вашето ментално здравје преку:

  • Ограничување на времето поминато на социјалните медиуми и пред екран;
  • Излегувањето надвор на прошетка барем 20 минути дневно;
  • Состанување со терапевт онлајн;
  • Минимизирање на изолацијата – дури и да станува збор за брз телефонски или видео повик;
  • Слободното време да го поминувате на значајни активности во кои уживате;
  • Грижата кон себе треба да ви биде дневна рутина.

На организациско ниво, лидерите можат да ги користат следниве тактики:

  • Култура во која секој се чувствува сигурен во поглед на споделување на сопствените чувства и борби;
  • Стартување програма за добросостојба на вработените;
  • Фокус на рана интервенција/превенција, како совети за тоа како членовите на вашиот тим можат да се справат со стрес и анксиозност;
  • Негување здрава и позитивна работна средина;
  • Дозволете автономија и флексибилни распореди на работа;
  • Помош во решавање на проблемите поврзани со управувањето со време.

Променете го начинот на размислување за критика и повратни информации

Кога станува збор за критика или повратни информации, голем дел од нас треперат од страв. Тоа е разбирливо. Дали некој навистина сака да слуша за минати престапи или неуспеси?

Но, наместо да го избегнувате ова, искористите ги повратните информации во ваша предност. Тоа не е лесен потфат. Сепак, можно е ако прво користите рефлексија, длабоко размислување.

Ова значи дека треба да си ги поставите следните прашања: Зошто ве вознемирува критиката? Што е мојата реакција? Какви дејствија можам да преземам без да го вперувам прстот во некого?

Оттука, гледајте го негативниот фидбек како можност за учење и раст. На пример, тоа не е личен напад на вашите вештини и способности. Напротив, ви помага да ги идентификувате сопствените грешки.

Уште повеќе, повратните информации можат да го променат вашето лошо однесување и навики. Во случајот на лидерите, тоа може да ја подобри нивната ефикасност и ефективност. И, може да создаде доверба помеѓу клиентите и вработените.

Создадете социјални врски

Сега, повеќе од кога и да е претходно, треба да градите социјални врски со вашиот тим. Како резултат на тоа, на сите им фали интеракцијата со физичко присуство во канцеларија, како и социјалната изолација и на работа и во личните животи.

За да се справите со ова, создадете другарство со вашиот тим на далечина преку виртуелни ручеци, турнири во играње игри, фитнес предизвици…

Кога ќе се соберете сите повторно со физичко присуство, спроведете тим-билдинг активности, интерактивни работилници или забави за време на неработните денови. И, имајте на ум дека членовите на тимот можете да ги вклучите и во добротворни настани или волонтерство.

Споделувањето значи грижа

На крај, не го чувајте вашето знаење за емоционалната интелигенција алчно за вас самите. Ако сте свесни за какви било статии, книги, аудио програми, конференции на оваа тема, споделете ги тие ресурси со другите. Можете исто така да организирате семинари или работилници кои вашиот тим ќе ги посетува заеднички.

Уште еден предлог би бил да се дискутираат основните принципи на емоционалната интелигенција за време на состаноците. И секако, охрабрете ги другите да ја тестираат нивната ЕИ и договорете проверки за состојбата на менталното здравје на вашите вработени.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -