Како да уживате во прошетки во природа и да се заштитите од крлежи

Топлото време нè извади надвор во природа, но сонцето не им годи само на луѓето, туку и на бројни инсекти и животинки. Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе излезете на прошетка во шума или тревна површина. А после секоја прошетка, при враќањето дома, детално прегледајте го телото, особено меките места, како вратот, местото зад ушите и косата, нозете… Зошто треба да го сторите ова? За да проверите да не сте закачиле крлеж.

Крлежите се ситни животинки, долги неколку милиметри. Се хранат со крв и се закопуваат со главата под кожа. Полни со крв, можат да бидат со големина колку зрно грашок. Постојат разни видови крлежи и ги има низ целиот свет, а во Македонија најраспространет е шумскиот крлеж.

Симптоми

Ако се заразени, крлежите се преносители на Лајмска болест, која ако не се открие на време, може да доведе до сериозни проблеми. Симптомите на оваа болест можат да се појават во рок од неколку дена, па до неколку месеци од каснувањето, а ако не се лечи, може да предизвика менингитис, па дури и делумна парализа.

Најкарактеристичен знак за каснување од заразен крлеж е црвенило без оток кое се шири симетрично, а се јавува од три дена до четири недели од каснувањето. Други симптоми се температура, главоболка, болки во мускулите, отоци и болки во зглобовите, замор. Ако не се лекува, инфекцијата може да се предизвика проблеми со срцето, воспаление на црниот дроб, воспаление на очите и невролошки проблеми.

Како да се заштитиме?

Кога одите во природа, облекувајте облека со долги ракави и ногавици. Препорачливо е ногавиците да се стават во чорапи, децата да носат хулахопки и соодветни обувки. Треба да се избегнува облека со темни бои, на светла облека крлежите полесно се воочуваат. Исто така треба да се носат мазни материјали, затоа што на материјалите со влакненца (пр. волна) полесно се закачуваат. Движењето треба да биде по одбележани патеки, избегнувајте провлекување низ грмушки или седење на земја. Користете средства за одбивање на крлежи.

Што да направите ако ”закачите” крлеж

Не го кинете со нокти или со игли, пинцети и други алатки. Одете на лекар во првите 24 часа од закачувањето кои се сметаат за безопасни, затоа што толку време му е потребно на заразен крлеж за да почне да ги исфрла бактериите во каснатото место. Каснување од заразен крлеж се третира со антибиотска терапија.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -