Како да стекнете поголема самодоверба на деловните состаноци

Групните состаноци можат да бидат застрашувачки. Голем број луѓе во една организција, често пати на различни нивоа, седат на исто место и се расфрлаат со секакви идеи. Состаноците се можност да извршите влијание на идеите во развој, но тие исто така се место каде можете да покажете незнаење пред голема група луѓе. Ако сте нов член на тимот во организацијата или интровертен тип кој не сака да биде во центарот на вниманието, полесно е да се стопите во позадината и да побарате други начини како можете да извршите влијание, пишува Арт Маркман, доктор по науки и професор по психологија и маркетинг на Универзитетот во Остин, Тексас.

Но, постои вистинска предност во гласното говорење пред група луѓе. На пример, шансите се поголеми да извршите влијание на тековните настани ако се вклучите во разговорите, отколку ако сопствените мисли ги чувате за себе. Друга предност е што вашите коментари можат да поттикнат нови идеи кај вашите колеги што можат добрите проекти да ги направат уште подобри. На крај, вашето учество на состаноците им дава шанса на другите вработени во организацијата да го запознаат начинот на кој размислувате, што пак може да доведе до нови можности во кои ќе го побараат вашиот ангажман во иднина.

Ако имате тешкотии со собирање храброст да кажете нешто, тогаш можете да се подготвите со техники како тоа да го направите успешно.

Слушајте пред да се вклучите во разговорот

Како саксофонист, читам многу за импровизациите во џез музиката. Еден од клучните совети што им ги даваат на музичарите кои се вклучуваат да свират во нов состав е да одолеат на нагонот да свират многу ноти и да ја воодушевуваат публиката со нивната техничка виртуозност се` додека не сфатат што групата всушност прави. Тоа значи дека морате да слушате пред да почнете да свирите. На тој начин, вашето свирење ќе се претопи во она што сите останати го прават.

Истиот совет се применува во процесот на учење да говорите гласно и јасно за време на состаноци. Обрнете внимание на она што го зборуваат луѓето и како го кажуваат тоа. Размислете за коментарите што другите веќе ги дале што извршиле влијание наспроти тие што на некој начин испариле по нивното изговарање. Идеите што се паметат се кажани од луѓе кои го поврзуваат тоа што имаат да го кажат со потребите на групата. Вашата цел кога придонесувате на состанокот е да се поврзете со грижите на луѓето.

Претходно подгответе се

Нешто што може да го направи вашето учество во состанокот помалку стресно е внимателно да го подготвите вашите придонес претходно. Кога има некое прашање што предизвикува грижи кај вас, погледнете ја агендата однапред. Размислите за поентите кои би сакале да ги споделите. Запишете реченица или две што ја истакнува клучната поента што сакате да ја кажете.

Можете ви се чини чудно да подготвувате коментар што сакате да го споделите на состанок. Но, говорењето пред група (дури и како некој кој само придонесува на состанокот) може да биде стресно. Истражувањата посочуваат дека количината информации што можете да ги чувате во умот се намалува кога анксиозноста поврзана со некој вид настап оди нагоре. Тоа значи дека не можете да се потпрете на сите вистински зборови што би требало да ви дојдат на ум за првпат во моментот кога не сте навикнати да зборувате на состанок. Претходната подготовка ќе ви помогне да го кажете тоа што сакате на краток и концизен начин.

Не размислувајте премногу

Анксиозноста што ја чувствувате пред да кажете нешто на состанок може исто така да предизвика да ве фати целосен страв. Честа реакција на стравот и анскиозноста е едноставно да се стаписате. Сепак, вашиот најголем страв во врска со говорењето јавно е најверојатно тоа што другите луѓе ќе ве осудат ако кажете нешто што нема да го придвижи разговорот напред.

Што подолго чекате, толку се поголеми шансите да чувствувате анксиозност. Можеби сметате дека најлесниот начин да се справите со анксиозноста е да се откажете од кажување било што. Дури и ако во одреден момент успеете да кренете рака, анксиозноста може да ви го отежне самото кажување уште повеќе.

Наместо тоа, обидете се да не размислувате премногу. Кога ќе дојде поентата која сакате да ја дискутирате на дневен ред, само веднаш подигнете ја раката. Брзо направете го тоа. На тој начин нема да одбегнете прилика да придонесете во разговорот.

Има помалку негативни аспекти од што се плашите

Можеби најважното нешто што треба да го запомните е дека стравот од јавното говорење е пострашен од зборувањето на состанок. Најлошото сценарио од кое се плашите, всушност нема да се реализира. Во принцип, најлошото сценарио ако вашиот говор на состанокот вистина е неефикасен е ситуација во која никој воопшто и не внимава и заборава дека сте кажале нешто воопшто.

Ако имате страв од јавно говорење на состанок, вреди да се запрашате дали кој било коментар што некој некогаш го дал трајно ја намалила почитта што ја имате за тоа лице. Веројатноста е дека нема да се сетите на примери дека такво нешто се случило, според вашето искуство. И најверојатно тоа нема ни на вам да ви се случи. Ова е најверојатно ситуација во која она од што најмногу се плашите е самиот страв.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -