Како да се справиме со цела година акумулирана оптовареност од работа од дома

Во текот на минатата година, нашите животи доживеаја коренити промени што доведоа до тоа голем број луѓе да чувствуваат исцрпеност и оптовареност од работа, пишува Нилуфар Ахмед, предавач по социјални науки од Универзитетот во Бристол, за сајтот за претприемништво The Conversation.

Најсреќните од нас можеа да се оттргнат себеси од патот на штетата и да работат од дома за време на пандемијата. Сега го поминуваме денот пред екранот на компјутерот, а голем дел од нашите комуникации се случуваат преку видео повици. Ова доведува до она што се нарекува „Зум замор“ – состојбата кога нашите мозоци се преморени од прекумерна стимулација.

На страна од очните проблеми што настануваат кога се гледа во екран по цел ден (а ако не гледаме во компјутерот, гледаме во телевизорот или телефонот), нашето чувство за простор е нарушено од онлајн состаноци. Одеднаш, сите се многу поблиску од она што би биле за време на состаноците пред пандемијата.

Во шеесеттите години на минатиот век, антропологот Едвард Хал објаснува како нашите врски функционираат во рамки на општествено прифатени растојанија. Блиското семејство и интимните врски се случуваат на близина од половина метар. Блиските пријатели се на дистанца од 1,2 метри.

Пандемијата му испраќа на нашиот мозок конфликтни пораки. Со видео повиците, лицата на соговорниците се 50 см од нас, а ова му кажува на мозокот дека тие ни се блиски или интимни пријатели, наместо колеги и странци. Слично на ова, правилата за социјална дистанца ги истуркаа нашите сакани на многу подалечно поле од она што е вообичаено резервирано за луѓето кои би можеле да ги сретнеме или да ги познаваме, но не многу добро – познаници наместо пријатели.

Иако нашите рационални умови ја разбираат социјалната дистанца, физичката неспособност да ги допреме нашите пријатели и семејство и тие да бидат близу до нас, може да го збуни размислувањето и да се мисли дека дистанцата е некаков вид отфрлање. Когнитивниот напор да се справиме со овие конфликтни пораки предизвикува замор.

Видео повиците исто така не` приморуваат да се гледаме себеси повеќе отколку што сме навикнати, и ова може да предизвика чувство на неудобност и да не` натера да се грижиме прекумерно за тоа како другите не` перцепираат.

Но, исклучувањето на камерата за време на видео повиците може да ја зголеми оптовареноста од работа на други начини – луѓето можеби бараат шанса да проверат емаил или да сработат друга работа што не стигнале додека слушаат што се случува на состанокот. Овој вид работење повеќе задачи во исто време е ментално не` исцрпува.

Многу сме поефикасни кога работиме на една задача. Нашите мозоци реагираат на крајот на една активност и на почетокот на нова активност според претходно научени низи. Често пати овие низи вклучуваат и физичко движење.

Овие навики во голема мера исчезнаа – дневното патување до и од работа е најочигледното отсуство за оние кои работат од дома, но одењето до и од состаноците исто така му овозможува на мозокот и на телото време да се подготват за следната задача. Надвор од работа, џогирањето, одењето во теретана и редовните состаноци, сите тие ја формираат структурата и одвојувањето на просторот во нашите животи.

Замаглената граница помеѓу домот и работата не само што ја всели работата во нашите домови, туку и се зголеми бројот на часови што го поминуваме во работа. Кога не сме во можност или сме немотивирани да учествуваме во нашите вообичаени активности, тогаш тоа значи дека неделите и викендите почнале да се претопуваат во неразграничено време, а со зимските денови, уште е помала разликата помеѓу денот и ноќта.

Како да се надмине оваа состојба

Како можеме да се справиме со чувството на прегореност и исцрпеност?

Одвојте време во вашиот работен ден за лаф муабет, неповрзан со работата. Дневните разговори се во распон од банални муабети до разговори за времето надвор, до темелни дискусии за сопствените животи.

Одвојте време за овие разговори, па дури и договорете ручек онлајн. Различната употреба на технологијата ќе ви помогне да ја разбиете монотонијата и поврзаноста на екраните со оптовареноста од работа. Дополнително, споделувањето простор со колеги со кои сте пријатели во реалниот живот и кои имаат пристап во вашиот личен простор, ги прави онлајн средбите помалку стресни.

Добротворната организација Fight for Sight предлага да го користиме правилото 20 -20 -20, каде за секои 20 минути гледање во екран, гледате на далечина на 20 метри 20 секунди, за да ги олабавите очните мускули. Каде што е возможно, за време на видео состаноците, камерата нека ви биде исклучена или префрлете се на телефонски разговори, и размислете дали состанокот навистина треба да трае цел час.

Пред и по состанокот, станете од биро, раздвижете се малку, имитрајте го одењето до и од состанок, и обидете се да имате барем еден ден без состаноци во текот на работната недела.

Разграничените простори му помагаат на умот психолошки да се исклучи од работа. Ако масата за ручање ја користите како биро за работа во текот на денот, префрлете ги предметите поврзани со работата надвор од видно поле на крајот на денот. Ова би можело да биде само кутија сместена на страна од масата каде ги одложувате вашите работни предмети, и потоа отворајте ја секое утре за да го обележите почетокот на работата.

За да го ограничите работењето на повеќе задачи одеднаш и да го зголемите фокусот, затворете ги вишокот табови и пребарувачи, исклучите го звукот на телефонот, и проверувајте ги и одговарајте на мејловите во одреден период од денот.

Рутината кога почнувате и кога завршувате со работа во исто време, секој ден, со додавањето на лажен пат до и од работа – кога се подготвувате и го напуштите домот пред да направите круг околу зграда и да почнете со работа – може да ви помогне да создадете ментална поделба на просторот.

Како што доаѓа пролета и деновите стануваат значително подолги и посветли, имате совршена прилика да го зголемите времето што го поминувате надвор, и да вежбате, што пак претставува природен зголемувач на расположението.

Поминувањето време надвор ни помага да се чувствуваме поповрзани со другите, дури и со одржувањето социјална дистанца можеме да размениме пријатни зборови, или дури и само насмевки, а тоа ја зголемува добросостојбата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -