Како да размислувате како успешен претприемач

Претприемништвото има врска со пробивање нови патишта; со правење чекор кој никој претходно не го направил, барем не на истиот начин или на истото место. Така што, не би требало да не` изненадува тоа што голем дел од академската литература за претприемништвото, од  Ричард Кантилон на почетокот на 18от век па навака, се фокусира на оваа дејност како на потфат што носи несигурност, цени Пер Бајланд, професор доктор и асистент професор по претприемништво на економскиот факултет при Државниот универзитет на Окалхома.

Иако можеби „несигурноста“ е она што претприемачите го прават со економијата од теоретска гледна точка, тоа не е, и не треба да биде образложението за отпочнување бизнис. На крајот на краиштата, несигурност значи дека исходот е непознат, што пак за возврат значи дека крајот би можел да биде грд. Со други зборови, несигурноста е цена – тоа е товарот на рамената на претприемачот. Претприемачите се во право кога се обидуваат да ја одбегнат таа несигурност.

Факт е дека теоретичарите се и во право и не се. Да, претприемачите треба да се справуваат со несигурноста бидејќи тие се тие кои ја добиваат наградата во форма на профит и тие се тие кои ги сносат последиците од губитокот кога работите не се одвиваат според планираното. Но, тоа што несигурноста доаѓа заедно со претприемништвото не значи дека тоа е причината поради која некој станува претприемач. Напротив, тоа е „неопходното зло“.

Што разбираат успешните претприемачи

Успешните претприемачи, и во минато и во сегашноста, го разбираат вистинското значење на несигурноста. Тие кои веќе доживеале успех често пати учат на потешкиот начин, преку лично искуство. Тие кои имаат поголеми шанси од другите да станат успешни ја разбираат несигурноста на апстрактен начин или го имаат вистинското интуитивно чувство. Без разлика, во минатото или во сегашноста, тие разбираат дека несигурноста „вреди“.

Тоа значи дека тие не се фокусираат на несигурноста, туку ја прифаќаат. Претприемачите одбираат да се справуваат со несигурноста како некој кој вложува голем труд во работата, можеби вредна 10 000 часови, и знае дека тешката работа значи постигнување успех. Како да се издржат тие бескрајни часови од навидум напорната работа што се чини дека немаат крај? Со очите вперени во наградата.

Успешните претприемачи ја препознаваат наградата и она што е потребно да се освои. Тие сфаќаат дека единствениот начин бизнисите да ги убедат клиентите да купуваат од нив и да ја победат конкуренцијата е да обезбедат вредност. Не дека им се насмевнала среќата, туку успешните претприемачи се потпираат на логиката во која доминира вредноста. Крајната вредност на нивните напори ја ставаат на прво место и ги насочуваат нивните напори во максимизирање на таа вредност.

Постојат три клучни компоненти во логиката во која доминира вредноста што можете да ги примените во вашиот бизнис:

Вредноста е супер-моќта на претприемачот

Претприемачите се справуваат со несигурноста бидејќи тоа е единствениот начин да направите нешто различно, нешто ново и да донесете поголема вредност од другите. Сепак, да го правите она што некој друг веќе го прави не е начин на кој можете да се издвоите од останатите. Тоа исто така не е начин да бидете вистински успешен. За да бидете успешни, треба да ја развиете вашата супер-моќ – да сфатите која е, да се сконцентрирате на и да испорачате вистинска вредност.

Вредноста е субјективна

Ова звучи чудно, но е точно: вредноста е субјективна. Ова не значи дека вредност може да биде што било или дека таа е релативна или дека не постои такво нешто како реална вредност. Само значи дека вредноста е во очите на гледачот. Важната лекција тука е дека вие, претприемачите, не одредувате што е вашата вредност. Вашата работа е да сфатите како тоа што вие го нудите може да има вредност за другите. На тоа би требало да се фокусирате, не на она што мислите дека би ја направила вашата понуда „подобра“.

Потрошувачот е апсолутниот вреднувач

Секој претприемач, без разлика дали применува модел на продажба од бизнисот кон потрошувачот, или кон друг бизнис, треба да препознае дека, на крајот на денот, потрошувачот е крал. Или, како што академскиот свет сака да се изрази, потрошувачот е суверен. Ако продавате директно на потрошувачи, тогаш овој принцип е доволно очигледен. Не можете да склучите продажба освен ако потрошувачите не ја ценат вашата понуда. Но, дури и со моделот бизнис-кон-бизнис, не можете долго да опстоите во индустријата освен ако она со што вие придонесувате во економијата нема вредност за крајниот потрошувач. Дури и ако на вашите муштерии им се допаѓа она што го правите, можете да ја одржите профитабилноста само ако вашиот бизнис му се допаѓа на муштеријата што го купува крајното добро.

Уште еден начин на усвојување на логиката во која доминира вредноста е да ги усвоите „четирите В“ – модел развиен од Хантер Хејстинг. Тој вели дека овие поенти за размислување како успешен претприемач користат четири вредносни принципи: вредносниот потенцијал – што подразбира разбирање и проценка на потенцијалот на субјективната вредност на потрошувачот; вредносно олеснување – овозможување пристап до консумирањето; фаќање на вредноста – во кој степен фирмата има разбирање за вредноста фасцилитирана од страна на вредносен систем со кој управува клиентот; и агилност на вредноста – колку добро фирмата одговора на желбите на потрошувачот што се менуваат со тек на време и конкурентните предности, и колку добро фирмата одржува постојана испорака на иновации до клиентите.

Поентата не е во терминологијата или моделот, туку во лекцијата: вредноста треба да биде на прво место. И кога и` давате приоритет на вредноста и препознавате дека таа е субјективна и насочена кон потрошувачот, нејзиниот товар станува поднослив. Несигурноста е само средство за постигнување на крајната цел. Секако дека доаѓа со одредена цена, но тоа е неопходен трошок со цел да го унапредите производството и да направите нешто навистина иновативно.

Најважно е дека товарот на несигурноста може да се оправда бидејќи ви овозможува да произведете вредност. Оваа поента е клучот за успехот.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -