Како да работите со некој кој не можете да го поднесете

Ги одбирате пријателите, но обично не можете да ги одберете луѓето со кои работите. Има големи шанси дека сте работеле со некој кој не ви се допаѓа некогаш во текот на вашата кариера. Дури и сега можеби има некој во вашиот тим кој не можете да го поднесете – вака ја започнува нејзината статија Стефани Воза за бизнис порталот Fast Company.

Работата на далечина ја ограничува количината интеракции што ги имате со колегите, но овој начин на работа може исто така да подразбира и ограничени информации што може дополнително да ја влоши динамиката на работното место, вели Карлос Валдес-Дапена, автор на „Виртуелни тимови: како да одржувате самоконтрола кога не можете да се сретнете лице-в-лице“.

„Кога виртуелно соработувате, секогаш можете да ја исклучите камерата за да не мора да гледате во нив,“ вели тој. „Но работењето на далечина исто така ви ги ограничува сигналите што тоа лице ги испраќа. Не го гледате говорот на телото или пак можете да испуштите суптилни знаци, како што е изразот на лицето или тонот на гласот. Така можете да станете поранливи на недоразбирања што можат понатаму да ги развијат вашите негативни чувства“.

Дали вие тоа го сакате или не, вашата работа и репутација можат да почиваат единствено на вашата способност да се согласувате со другите. Валдес-Дапена вели дека постојат одредени чекори што можете да ги преземете за да ја направите ситуацијата поднослива.

Препознајте го фактот дека станува збор за ваш проблем

Фактот што вие не бендисувате некој друг не е нивен проблем, туку ваш, вели Валдес-Дапена. „Ако на некој начин сметам дека си непријатен, тоа е поради судовите што ги правам и реакциите што ги имам,“ пишува тој. „Морате да го прифатите фактот дека тоа се ваши чувства. Основата почнува со лична одговорност“.

Важно е да се забележи дека недопаѓање е различно од недостаток на доверба. „Можете да работите со кого било се` додека не се преминат границите или се нарушат правилата на работното место,“ објаснува Валдес-Дапена.

Дефинирајте го она што не ви се допаѓа

Недопаѓање е матен термин кој не помага многу, а позади него може да има неколку причини, вели авторот. „Можеби е до нивното однесување, или нешто во врска со начинот на кој зборуваат, или пак како се справуваат со другите,“ пишува тој. „Идејата е да се справите со вашите чувства, но прво треба да ги разберете. Кога почнувате да давате конкретни причини зошто некој колега не ви се допаѓа тоа ви овозможува да направите нешто со нив“.

На пример, можеби ќе откриете дека тој или таа не ви се допаѓа поради некој вид гадење, недостаток на вкус, презир или љубомора. Анализирајте ја вашата емотивна реакција за да можете подобро да се справите со неа. Валдес-Дапена признава дека еднаш имал колешка која не му се допаѓала, и сфатил дека тоа се должи на нејзината склоност да се фали. „Кога еднаш ја сфатив причината, сфатив дека тие мои чувства се поврзани со љубомора бидејќи претходно таа имаше направено неколку одлични работи,“ објаснува тој. „Бев воспитуван да бидам скромен. Јас правев нејзиното однесување да се однесува на мене. Наместо тоа, одново го дефинирав нејзиното однесување како ексцентрично или немотивирачко, но не како нешто што не можев да го преминам. Повторното дефинирање на она што не ви се допаѓа е најтешкиот дел“.

Одредете зошто е важно да работите со тоа лице

За да успешно работите заедно, потребно е на двете страни да им биде јасно зошто соработката е важна. На пример, можеби ви е доделена задача на важен проект која двајцата треба да ја извршат заедно. Или пак, можеби сакате вашиот претпоставен да види дека сте успешен тимски играч. Искористете ја причината за да составите еден вид изјава за целта, советува Валдес-Дапена. Тоа може да ви помогне да ја поврзете таа изјава со изјавата за вашата мисија или со идејата за големата слика за да и` дадете поголемо влијание. „Изјавата за целта помага во градењето сојуз околу споделената цел,“ вели тој. „Тоа не значи дека вие треба да бидете пријатели. Туку ви помага да се навратите на целта на вашата соработка за да можете да се фокусирате на вршењето на вашата задача“.

Направете план за иднина

Споделете ја изјавата за целта со другото лице и точно одредете ги вашите одговорности, како и делот од работата што го вршите заедно. Заедничката цел може да ви помогне да работите заедно поефикасно. „Седнете и разговарајте,“ вели Валдес-Дапена. „Кажете му/и`: еве зошто ова ми е мене важно. И прашајте што другото лице мисли за тоа“.

Тоа може да ви помогне да ги споделите слабите лични точки, како што е признавањето дека можеби вие не сте дале се` од себе на проектот. Има големи шанси другото лице да почне да зборува за сопствените слаби страни, потенцира Валдес-Дапена. „Разговорот може да го хуманизира другото лице и да ви помогне повторно да ги дефинирате вашите чувства,“ објаснува тој.

Секој пат кога ќе се осетите дека се приближува чувството на недопадливост, осврнете се на вашата изјава за целта. Можеби исто така ќе сакате да зборувате со доверлив пријател или менаџер за да добиете други перспективи во случај да имате слепи точки. „Дозволете да имате доза сомнеж за тоа лице,“ вели Валдес-Дапена. „Запомнете, и тие се обидуваат да го направат правилното нешто и тие биле вработени поради добра причина. Одвојте малку време за да ги анализирате сопствените мисли и чувства кога имате потреба. Никаде нема да стасате ако не се обидете. И на крајот, можеби ќе имате попродуктивен професионален однос“.  

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -