Како да престанете да држите се` под контрола и да раководите со помош на односите со колегите

Во текот на минатата година сите се чувствуваме како да немаме никаква контрола. Како ли би можеле воопшто да си претпоставивме дека ќе изгубиме толку многу од начинот на кој живеевме, социјализиравме и создававме односи?

„Тоа ме тера да се запрашам,“ пишува Шарлин Ли на нејзиниот блог на ЛинкедИн, која е експерт, говорник и автор од областа на лидерството,: „Што искусувате денес во однос на контролата во вашиот живот? И, особено за лидерите, што претставува контролата? Дали некогаш навистина сте ја имале? Дали денес се чувствувате дека имате контрола?

Ајде одново да дефинираме што подразбираме под поимот контрола за да можеме да бидеме лидери кои инспирираат, охрабруваат и ги поддржуваат другите. Ајде да зборуваме за заблудата во врска со контролата.

Историскиот начин на кој ја дефинираме контролата

Некои вообичаени фрази што луѓето на лидерски позиции често ги кажуваат се: „навистина мора сите нешта да ги држиш под контрола“, и „мораш да си сигурен дека знаеш што се случува“.

Историски, „контрола“ во менаџментот значи разбирање на се` што се случува во операциите, така што ако нешто непредвидено се случи, ќе можете да го идентификувате и да направите нешто во врска со него.

Но, во текот на последните дваесет години, технологијата целосно ја преврте парадигмата за контролата. Со напредокот во технологијата, вработените и клиентите имаат повеќе моќ. Денес, вработените и клиентите користат платформи како што се Glassdoor и Facebook каде можат да споделуваат повратни информации и искрено да разговараат за нивните искуства со одредена компанија.

Овие платформи се само еден потсетник дека не можете да контролирате што луѓето пишуваат за вашиот бренд или вашиот лидерски стил. Единственото нешто што можете да го направите е да работите уште повредно. Можете да бидете подобар лидер, како би можеле позитивните коментари и постови да бидат видливи, а негативните да не се задржуваат.

Историската парадигма за контрола е застарена. Како можеме да ја оставиме контролата и наместо тоа да ја прифатиме идејата за команда? Што можеме да кажеме и да направиме за да добиеме резултати? Како да стекнеме самодоверба дека задачите и обврските ќе бидат сработени без притоа да ги „контролирате“?

Размислувајте за оваа идеја со аналогијата на војска: дали е подобро да им се наредува на луѓето да одат во битка? Или дали всушност би сакале луѓето да одат во битка поради чувство на должност, лојалност, страст за мисијата? Ова е клучот за разбирањето на заблудите во врска со контролата. Треба да размислуваме за контролата на многу различен начин.

Новиот начин на дефинирање на контролата

Кога размислувате за голем лидер, на ум ви доаѓаат зборови како „визионер“, „самодоверба“ или „давање команди“. Но, замислите ги реалните лидери во вашиот живот: луѓето со кои би работеле пак доколку имате таква шанса. Најверојатно нема точно да се сетите што кажале или направиле, но ќе се сетите како направиле да се чувствувате.

Со вистинските лидери, не станува збор за контрола. Напротив, станува збор за односи.

Односите не се контролираат, тие се создаваат. Знаеме дека односите не се никогаш совршени. На истиот начин, лидерството исто така не е совршено. Така што, бидејќи вистинското лидерство е однос, тој постојано се менува и расте и се претвора во нешто ново и подобро.

Ова е новиот и правилниот начин да се размислува за лидерството: не како контрола, туку како врска.

Кога размислувате за сопствениот живот и лидерскиот стил, размислете за тоа како создавате односи и за нивото на доверба меѓу вашите колеги што поттикнува самодоверба за носењето одлуки за остварување на вашите цели.

Четири начини како да создадете подлабоки односи и да ја замените потребата за контрола

Бидете ранливи. Ова е тешко за многу лидери, но признанието дека ги немате сите одговори и фактот дека правите грешки ќе го продлабочи вашиот однос со тимот. Од ова ќе имате три вида корист: 1) ве ослободува од одговорноста да морате да ги имате сите одговори цело време; 2) ви овозможува да доведете повеќе луѓе во тимот, можеби дури и надвор од компанијата, кои можат да ви помогнат да стигнете до вистинскиот одговор заедно; 3) создава силно чувство за сопственост на проблемот помеѓу сите.

Излезете од вашата комфорна зона. Колку повеќе луѓе можат да видат дека сте надвор од комфорната зона, толку повеќе ќе бидат охрабрени да излезат од нивните сопствени зони. Ако се претставувате како некој кој ги има сите одговори, или на пример дека се чувствувате удобно при постојани промени, тогаш луѓето ќе мислат дека сте совршени. Сепак, кога луѓето сочувствуваат со вашето чувство на неудобност, тогаш тие не се чувствуваат толку осамено, а и вие исто така.

Подгответе се себеси за несовршенство во текот на патувањето и признајте кога ќе направите грешки. И помирете со тоа. Реално, 99% од одлуките што ги носиме се реверзибилни. Така што, можете да продолжите напред со одлуката и ако сфатите дека сте згрешиле, тогаш секогаш можете да се вратите назад.

Воспоставете кредибилитет. Лидерството има врска со кредибилитетот: како го создавате, како го користите. Кога ќе се појавите, и ја ставате службата и другите луѓе на прво место, тогаш воспоставувате кредибилитет во тие односи.

Ве охрабрувам да размислувате за дејствијата што можете да ги преземете за да ги продлабочите вашите деловни односи. Запомнете дека совршеноста и контролата не се одлика на лидерството.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -