Како да побарате повисока плата за време на пандемија (и како да ја добиете)

Една од првите работи што компаниите скратија за време на карантините беше годишното покачување на платата. До јули 2020 год, една третина од работодавачите во Британија (35%), одлучија да ги пренаменат буџетите првично одвоени за повисоки годишни плати во средства потребни за справување со економските импликации предизвикани од кризата на Ковид-19, вели истражувањето спроведено од осигурителната компанија „Вилис Тауерс Ватсон“. Наместо да им даваат три проценти повисока плата на годишно ниво на нивните вработени, компаниите одлучија да ја одложат оваа практика и да ги замрзнат платите, па четири од десет бизниси (39%) одлучија да ги намалат годишните бонуси, пишува Наташа Бернал, уредник за бизнис вести на порталот Wired.

Работодавците кои беа дел од истражувањето на осигурителната компанија во Британија, Франција и Германија веќе ги повлекоа можностите за доделување годишен бонус и во периодот по ослабнувањето на кризата предизвикана од пандемијата. Буџетите во 2021 година ќе бидат пониски од нивоата пред Ковид, споделиле фирмите. Оваа одлука беше донесена пред компаниите да се соочат со втор бран на коронавирус и економска несигурност. Со оглед на моменталната состојба, шансите да побарате повисоката плата можеби делуваат залудно. Не се.

Утврдете ја сопствената вредност

Откако еднаш ќе направите лично истражување на финансиската состојба на компанијата и ќе ја утврдите платата на луѓето што ја добиваат за еквивалентни позиции во вашиот тим и на поширокиот пазар, тогаш морате да го одредите вистинското време да разговарате со вашиот шеф. Времето е сега, вели Ким Скот, поранешна извршна директорка во Google и авторка на книгите „Радикална искреност: Како да добиете што сакате ако кажете што мислите“ и „Само работа: како да сработите се`, брзо и ферски“.

Скот вели дека нема потреба да се заканувате дека ќе ја напуштите работата за да добиете повисока плата, но дека треба да преговарате со поголема доза самодоверба ако знаете дека можете да биде платени повеќе на друго место бидејќи ја познавате вашата пазарна вредност. „Ако сте дел од недоволно застапена група, односно ако сте жена, ако припаѓате на малцинствата, иако вашата компанија нема намера да доделува плата врз основа на предрасуди, сепак има големи шанси тие предрасуди да постојат на пазарот,“ вели таа. „Шансите се големи дека вие не сте доволно платени (во споредба со вашите колеги)“.

Ако вие добивате пониска основица отколку некој кој го има истото работно место во вашата компанија, а вие сте поефикасен работник, тогаш вашата компанија треба да објасни зошто е тоа така.

Не го одложувајте неизбежното

Иако е полесна опција, чекањето да заврши пандемијата за да побарате повисока плата може да биде скапа одлука. Луѓето кои не бараат повисока плата ризикуваат да дозволат да им се зголеми нивото на огорченост, што пак не е само потрошено време, туку исто така и проблем за тоа кога конечно ќе разговарате за пари. Скот го нарекува тоа „долг од повратна информација“.

„Не се чувствувате дека сте доволно платени, но тоа прашање ви е незгодно да го поставите, па затоа не ни го спомнувате. И така станувате се` полут, но сте загрижени зошто сте лути, па не го спомнувате ни тоа прашање. И потоа, кога конечно ќе го поставите прашањето, се соочувате со бес. А ретко комуницираме најдобро што можеме кога чувствуваме бес,“ објаснува Скот. „Така што, ако ви се допаѓа позицијата, ако ви се допаѓаат колегите, тогаш е навистина важно во поглед на вашата ефикасност, и исто така за вашата компанија, да добиете фер плата“.

Тактички пристап

Ако вашето барање е одбиено, тогаш на ум имајте ја најдобрата алтернатива во преговарачкиот договор, советува Скот. Станува збор за вид вежба развиена од страна на експертите за преговарање при Универзитетот Харвард Роџер Фишер и Вилијам Ури, која ви помага точно да ја одредите целта во одредено сценарио (и како да го добиете второто најдобро нешто, ако тоа што го сакате не можете). Вежбата може да ви помогне да ја одредите вашата идеална плата, она што ќе бидете подготвени да го прифатите, и точката под која не можете да се спуштите.

Понекогаш исходот од овие разговори може да ви го разјасни фактот дека немате иднина во таа компанија. Но дури и во пандемијата, во време кога има многу повеќе баратели на работа отколку отворени работни места, менаџерите ќе се обидат да ги спречат талентираните професионалци да си заминат од компанијата. Дури и да немаат буџет за повисока плата, сепак можете да започнете долг разговор.

„Сакате да имате „роџерски“ аргумент, каде ја разбирате гледната точка на шефот, и шефот ја разбира вашата гледна точка,“ вели Скот, „наместо да водите преговори што изгледаат како да имате натпревар по туркање со раце“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -