Како да одговорите на незгодни прашања на интервју за работа

Ако претходно сте биле на голем број интервјуа за работа, тогаш знаете дека тие испрашувања се одвиваат подобро кога се даоѓате подготвени, односно кога веќе ги имате запишано и одговорено сите познати, очекувани прашања што можат да ви бидат поставени.

Но неизбежно, некои прашања ќе ве изненадат. За време на некои интервјуа, ќе ве прашаат да одговорите на целосно луди прашања што изгледаат како да не се поврзани со ништо специфично. Целта на таквите прашања е лицето кое ве интервјуира да може да процени како се снаоѓате во ситуации под притисок, или колку креативно размислувате, тврди Џудит Хамфри, основач на Групацијата Хамфри, фирма која се занимава со корпоративни комуникации од Торонто и автор на неколку книги вклучувајќи ја и „Излегување на бина: Како жените можат да зборуваат гласно, да се истакнат и да успеат“, од 2014 год.

Вашиот успех на интервјуто ќе зависи од тоа како се справувате со овие невообичаени прашања. Дали ќе паничите или ќе одговорите смирено, со јасна мисла?

Во продолжение се неколку начини што ќе ви помогнат да заблескате кога сте соочени со вакви откачени прашања:

Очекувајте ги

Можете да очекувате барем едно далекусежно прашање во кое било интервју за работа. Со оглед на непредвидливиот свет во кој живееме, регрутерите и менаџерите на човечките ресурси се` повеќе поставуваат такви неочекувани прашања бидејќи целта им е да најдат агилни вработени.

Така што, најверојатно ќе ви постават прашања што ќе ве изненадат и ќе ве натераат да дадете брз, остар и промислен одговор.

Прашањата на Apple се едни од најинвентивните, откачени прашања. Во една прилика, потенцијален вработен софтверски инженер за гаранција на квалитет бил запрашан: „Ако имаш две јајца, и сакаш да сфатиш кој е највисокиот спрат од кој можеш да го фрлиш јајцето без да го скршиш, како би го направил тоа?“ Amazon го прави истото. Нивен кандидат за вработување бил предизвикан со прашањето: „Како би решавал проблеми ако си на Марс?“ Или пак: „Амазон е посебна компанија. Што е посебно кај тебе?“

Microsoft го има поставено прашањето: „Како би ја поместил планината Фиџи?“ Nestle запрашал еден кандидат: „Ако си цигла во ѕид, која цигла би бил и зошто?“. Слични вакви прашања на скалата на откаченост би биле: „Ако си дрво, каков вид дрво би бил?“; или: „Кој вкус на сладолед би бил?“.

Останете прибрани

Кога ќе ви биде упатено вакво прашање, останете прибрани. Регрутерите поставуваат прашања за да видат како кандидатите се справуваат со стрес. Покажете дека ќе го поминете тестот со тоа што ќе останете „кул“.

Немојте да го муртите лицето или да одговорите со нервозен говор на тело. Ниту пак треба да дадете коментар на прашањето од типот на:„ Тоа е добро прашање“; „Уау, тоа е многу невообичаено прашање!“, или „Од каде го ископавте ова?“… Ако ова се првите зборови што излегуваат од вас, ќе звучите како да ве фатиле на препад.

Наместо вакви несмасни одговори, земете длабок воздух и застанете кога некое вакво прашање ќе ви биде поставено. Ќе ви треба време да си ги приберете мислите.

Бидете автентични

Кога одговарате на прашања, запомнете дека иако тие можат да делуваат апсолутно лудо, сепак интервјуто е отворена можност да го покажете вашиот автентичен карактер. Кога одговарате, бидете сигурни дека сте искрен кон себе и кон вашите вредности.

Прашањата за тоа какво дрво би биле сфатете ги како некој вид тест на вашата личност. Како се гледате себеси? Можете да одговорите дека се гледате како лидер, односно како моќен даб. Или пак, можете да сугерирате дека би биле јаболкница што дава плод и додава убавина во светот кога цвета секоја пролет.

Ако ве прашаат како ќе решавате проблеми на Марс, вашиот прв одговор би можел да биде да покажете грижа за безбедноста на вашиот тим, со оглед на тоа што црвената планета има екстремна средина. Таквиот одговор покажува дека имате лидерски квалитети и го потенцира фактот дека сте тимски играч.

Прашањето за циглата во ѕидот би било поставено за да се види како се поставувате себеси во однос на другите. Лице кое цели да стигне до позицијата извршен директор можеби ќе сака да биде некоја од највисоките цигли на која другите се огледуваат. Претприемач би сакал да биде првата поставена цигла, односно таа врз која другите наоѓаат цел и иднина.

Не постојат грешни или точни одговори. Но запомнете, вашите креативни одговори ќе дадат слика за вашата автентичност и вашата способност да се водите од вашите клучни уверувања.

Така што, ако лицето кое интервјуира во Amazon ви кажува дека компанијата е специфична и праша што е специфично кај вас, еден можен одговор е да кажете дека себеси не се доживувате како специфичен, но дека го гледате светот на различен начин од останатите. Можете да додадете дека го предизвикувате процесот на размислување и барате можни алтернативи и дека според вас, токму овие карактеристики ве прават вредни за компанијата.

Ослободете ја фантазијата со овие гатанки и забавувајте се, но имајте на ум дека овие луди прашања се исто така многу сериозни за лицето кое го врши интервјуто.

Не барајте повратни информации

Кога ќе завршите со одговарањето прашања, можеби ќе се прашувате дали сте обезбедиле задоволителни одговори. Најверојатно ќе се чувствувате малку чудно. Но немојте да барате повратни информации за тоа колку добро сте поминале. Ако барате пофалби или охрабрување од менаџерот на човечки ресурси или од регрутерот, ќе оддадете впечаток дека сте биле нервозни за време на интервјуто.

Напротив, покажете им дека се чувствувате удобно со незгодните прашања и вредностите што сте ги покажале. Ова ќе им остави впечаток дека сте подготвени да се справувате дури и со најневеројатните ситуации што можат да произлезат на работното место. Деновиве, покажувањето отпорност стои високо на листата на работодавците, а во крајна линија, годинава беше апсолутно тешка и невообичаена.

Извор: FastCompany

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -