Како да негувате самодоверба како лидер

Самодовербата e едно од најважните својства на еден лидер. Ако покажувате самодоверба, другите членови на вашиот тим ќе имаат повеќе верба во вашите одлуки. Шансите се поголеми дека ќе ве почитуваат и ќе го слушаат тоа што вие имате да го кажете. Дополнително, ќе можете да ја понесете вашата самодоверба на преговарачката маса, на состаноците со тимот, на состаноците со клиентите и во други интеракции, што на крајот на денот ќе ви донесе тактичка предност, пишува Тимоти Картер, извршен директор на SEO.co.

Проблемот со самодовербата е што голем број луѓе не ја поседуваат природно. Можеби вие не се будите наутро со чувство на врховна самодоверба како што е случај со некои други.

Но еве една интересна мала тајна; некои од луѓето со највисок степен самодоверба што сте ги сретнале не се природно такви. Напротив, глумат. Или пак можеби се истренирале себеси да имаат повеќе самодоверба. Или двете.

Ако ти можат да го направат тоа, тогаш можете и вие. Ајде да копаме подлабоко. Како можете да негувате повисок степен на самодоверба како лидер?

Фокусирајте се на она за кое веќе чувствувате самодоверба

„Самодоверба“ е општ термин, но се применува во голем број индивидуални дејствија и активности во текот на денот. Кога треба да му „одржите лекција“ на тимот, може да не чувствувате дека имате самодоверба. Но можеби поседувате висок степен самодоверба кога решавате комплицирана судоку загатка; или кога правите нешто поедноставно, како нарачување пијалак во кафуле пред работа.

Во секој случај, има нешто за што веќе поседувате самодоверба, така што фокусирајте се на тоа. Внимателно обрнете внимание на оваа самодоверба, дури и да се претопува во „белата врева“ од вашата вообичаена рутина. Поминете време во оваа самодоверба. Фокусирајте се на неа. Шансите се големи дека ова чувство ќе продолжи да резонира со вас дури и кога работите на други задачи.

Подобрете ја средината

Следно, размислете како да ја подобрите вашата средина. Често пати не сфаќаме дека нашето опкружување има огромно влијание на тоа како се чувствуваме во врска со нас самите. Се`, од поставувањето на парчињата мебел, до бојата на ѕидовите во вашата канцеларија, може да има влијание на вашите мисли и чувства.

На пример, ако вашата канцеларија е мала, темна, преполна со предмети и изолирана од другите вработени, можеби ќе се чувствувате фатени во стапица, мали и отцепени од вашата група. Но ако имате силно осветлена, шарена канцеларија со украси што ги сакате и им се восхитувате, ќе се чувствувате многу подобро во врска со себеси. Можете да негувате повисок степен на самодоверба со поголем простор, повисоко место за седење, подобра видливост и пристап, и секако повеќе работи што одговараат на вашиот личен вкус. Одвојте време да ја оптимизирате вашата средина за вашата самодоверба; најверојатно веднаш ќе ја забележите разликата.

Вежбајте ги вистинските пози

Нашите мозоци природно ги поврзуваат нашите чувства со говорот на нашето тело. Поголемиот број луѓе ја разбираат ова врска веднаш; кога се чувствуваме среќни, се смееме, и коа сме лути, се муртиме. Но не е општо знаење дека оваа врска исто така функционира назачки: смеењето во принцип може да го „измами“ вашиот мозок да се чувствува посреќно.

Можете да извлечете корист ако правите пози што асоцираат на моќни луѓе со самодоверба. На пример, можете да стоите исправено, со подигнат граден кош, со рацете на колковите. Или пак можете да заземете поза на суперхерој и да ги држите рацете високо над главата. Направете го ова пред огледало за да извлечете максимална корист.

Без разлика на тоа која поза ја избирате, најверојатно ќе почнете да чувствувате повеќе самодоверба инстантно. Само бидете сигурни дека ги вежбате овие пози некаде каде другите не можат да ве видат; можеби ќе делувате малку смешно ако некој ваш вработен ве фати како глумите. (Со среќа со враќањето на самодовербата од таа точка).

Преправајте се

Сите сме го слушнале советот: „Преправај се додека успееш“, но дали сте знаеле дека ова тврдење е засновано на емпириски потврден научен принцип? Основната идеја е дека самодовербата (или кое било друго чувство) се заснована на кластер неврони кои истовремено испалуваат сигнали во секвенца. Дури и само да симулирате самодоверба, а не ја чувствувате вистински, ги тренирате тие неврони да испалуваат заедно и да создаваат добри навики што на крајот ќе дојдат природно.

На пример, ајде да речеме дека влегувате на состанок со тимот со чувство на нервоза и срам. Наместо тоа, ќе се охрабрите себеси и ќе се натерате да изгледате како да имате самодоверба; ќе заземете добар став, ќе употребите цврст и стабилен глас, и ќе покажувате сигурност на лицето кога ќе се соочите со скептицизмот на вработените. Следниот пат кога ќе бидете во ваква ситуација, оваа шема на однесување ќе дојде природно, а вам ќе ви биде многу полесно.

Ако овој принцип на однесување доволно го применувате во обемен број ситуации, на крајот ќе почнете да чувствувате повисока самодоверба природно.

Кога еднаш ќе стекнете повисок степен на самодоверба како лидер, ќе инспирирате повеќе доверба и верба од вашите вработени. Ќе имате поавторитетно присуство на состаноци. И ќе добиете повеќе преговори. На крај, овие успеси ќе ја засилат вашата самодоверба уште повеќе – а вие ќе се прашувате што било тоа што ја спречувало вашата самодоверба на почетокот.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -