Како да инкорпорирате приказни во вашите деловни презентации

Дали некогаш сте се прашувале што ги прави некои компании поуспешни од други? Тоа што го забрзува и осигурува нивниот успех се приказните за нивните брендови што ги споделуваат со нивните постоечки и потенцијални клиенти! На крајот на краиштата, успешниот маркетинг во принцип е создавање заедница, цел и култура со која корисниците можат да се поврзаат, привлечна приказна поврзана со вредноста и целта, смета Ашиш Арора, ко-основач на SketchBubble.com, платформа која продава мостри за паурпоинт презентации и експерт по маркетинг.

Луѓето се предодредени за раскажување приказни и имаат природна склоност да измислуваат приказни за секој разговор, инцидент, или дејство. Сите имаме некаква приказна да раскажеме – поврзана со случувањата во училиште, љубовниот живот или бизнисот. Секој пат кога некој ни раскажува приказна, почнуваме да ја поврзуваме со некое наше претходно искуство. Маркетерите можат да ја ослободат моќта на приказната во нивните презентации и кампањи за да ја ангажираат и за да се поврзаат со нивната публика.

Во продолжение детално ќе видите како можете да ги искористите придобивките од раскажувањето приказни за да го поттикнете развојот на вашиот бизнис.

Запознајте се со науката за раскажување приказни

Науката исто така го поддржува позитивното влијание на раскажувањето приказни врз мозокот на слушателот. Кога некој ни раскажува факти, центрите за процесирање податоци во нашиот мозок се активираат. Од друга страна, кога некој раскажува приказна, сензорните центри во нашиот мозок исто така се активираат. Ефективната приказна ги синхронизира невроните на публиката со мозокот на раскажувачот и оттука му помага на тој што презентира да ја пренесе пораката на позначаен и подлабок начин.

Со приказните се пренесува емоционално искуство

Раскажувањето приказни има емоционално влијание врз публиката. Со пренесувањето целна приказна, можете да ги допрете умовите и срцата на вашата публика и да ја охрабрите да преземе дејство. Понатаму, можете да ги засилите емоционалните асоцијации со публиката и да ги претворите во активни учесници со тоа што ќе вклучите аналогија и метафора во вашите приказни.

Приказната треба да се поклопи со контекстот на презентацијата

Приказната не смее да изгледа како да е насила внесена во презентацијата; напротив, таа мора да оддава впечаток дека е незаменлив дел од слајдшоуто. Наметнатите приказни ја тераат публиката да изгуби интерес, ја збунуваат. Приказните треба да бидат кратки, крцкави и релевантни во поглед на поддршката што ја овозможуваат за информациите и податоците во вашата презентација и во однос на интересите и искуството на публиката.

Посветете внимание на визуелните елементи

Мозокот процесира информации и идеи презентирани низ визуелни елементи 90% побрзо од текстуалните податоци. Уште повеќе, визуелните елементи ја комуницираат вашата порака веднаш и создаваат сосема различен впечаток од пишаните зборови. Оттука, со дополнување на вашата приказна со релевантни видеа, знаци, слики, ќе направите таа да се истакнува од другите и да се запомни.

Обидете се да вклучите лична приказна

Ако вашата презентација го дозволува тоа, вметнете лични и вистински приказни за да ја стекнете довербата на публиката и за да ве разберат подлабоко. Вашата публика ќе ве осуди и ќе мисли дека сте лажго ако вашата приказна не е автентична или искрена. За да вашата приказна делува што поприродно и попривлечно, раскажете ја со разговорен тон.

Приказната треба да е фокусирана на резултатот, не на производот

Продажбата веќе не зависи само од услугите и производите. Зависи од тоа колку ефикасно создавате купувачко искуство и како вашите клиенти се чувствуваат откако ќе го купат вашиот производ. Тука доаѓа до израз улогата на приказната. Скицирајте приказна што има контраст, конфликт или дејство, фокусирана на тоа како вашиот производ ќе ги реши проблемите на потрошувачите.

Суштината

Не ја занемарувајте важноста на приказните во однос на очовечување на вашиот бренд и во однос на привлекување на вниманието на вашите корисници. Автентична и релевантна приказна помага да се засили врската со корисниците кои потоа ќе станат адвокати на вашиот бренд. Така што, добро размислете кога ќе ги ткаете емоциите и фактите во приказната, и бидете сигурни дека ја споделувате истата приказна по сите комуникациски канали.

Извор: business2community.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -