Како да изградите лична отпорност во година исполнета со предизвици

Во време на повисоки нивоа на стрес и болка, потребно е повеќе од верба во вашата способност за надминување препреки. Потребна е отпорност, смета Диана Шај, помошник уредник во Fast Company, чиј новинарски интерес лежи во областа на работните навики, новите професионални трендови и одржување рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Добрата вест е што отпорноста е „сет практични вештини што можат да се развијат со вежбање и трпение,“ вели Џош Алтман, соработник директор во Центарот за советување на студенти при Универзитетот Аделфи.

Закрепнувањето и учењето лекции од неуспехот или несреќата често пати е хаотичен процес. Многумина го запоставуваат моментот да ги согледаат сопствените чувства, што пак може да помогне да бидете сигурни дека нема да ја направите истата грешка повторно или дека нема да го почувствувате истото ниво на стрес во иднина. Кога си давате себеси време да стекнете мудрост, тогаш си давате можност одново да се дефинирате себеси на поефективен начин.

Бидејќи неодамна ја поминавме годишнината од настапувањето на пандемијата, одлучив во продолжение да предочам неколку основни техники за стекнување отпорност, што верувам ќе ви помогнат да бидете подготвени за што и да е тоа што иднината ќе го донесе, посочува Шај:

Скројте ги вашите механизми за справување

Кога се справуваме со стрес или болка, тогаш бараме што е тоа што функционира за нас. Немојте да се чувствувате чудно ако овие тактики за справување се малку смешни или едноставни. Активности како што се одржување дневник, вежбање или разговарање за вашите проблеми со некој кому му верувате може да помогнат во борбата со стресот и анксиозноста. Овие методи не би требало да се начини преку кои вие одбегнувате или се оттргнувате од негативните чувства на неуспех или загуба. Но, кога си дозволувате време да се одморите и закрепнете, значи дека имате време да ги апсорбирате лошите искуства и да ја повратите силата.

Промена во начинот на размислување исто така може да помогне во надминувањето на предизвиците. Согледајте ја ситуацијата во поширок контекст и поставувајте си прашања со „зошто“, бидејќи тие ќе ви помогнат одново да се фокусирате на вашата основна цел, ќе ве приземјат во процесот и ќе ви помогнат да стекнете соодветна перспектива.

Обидете се да правите активности надвор од вашата комфорна зона

За да создадете отпорност, обидете се да си поставите нов предизвик секој ден. На пример, ако самите учите кодирање, обидете се да одвоите 20 минути дневно за да вежбате со ваш соученик. Кога некоја голема задача ја разложувате на помали делови и со нив се зафаќате еден по еден, тоа може да ви помогне да ја подобрите самодовербата и отпорноста. Други начини на кои можете да се предизвикате себеси вклучуваат учење нова вештина, почнување ново хоби, или волја да се најдете себеси во каква било средина во која ќе се натерате себеси да ви биде удобно со тоа што ќе ви биде неудобно.

Секако, на почетокот оваа нова активност може да делува стресна, но процесот на учење како да не се откажувате или срамите од тешките емоции може да ви помогне да создадете сопствена издржливост наспроти најголемите закани во животот. Луѓето кои се отпорни не се поединци кои лизгаат низ животот без никаков напор; тие се луѓе кои доживеале моменти на болка и предизвик кои ја одржуваат нивната способност за постигнуваат нови цели.

Најдете луѓе кои ве разбираат и ве поддржуваат

Учењето отпорност е полесно кога се опкружувате со заедница која ви дава поддршка, која ја разбира неволјата со која сте соочени и која може да ве расположи кога треба. Членовите на семејството можат да бидат одлични поддржувачи, но има и други начини да се најде поддршка. Размислете да се приклучите на група доброволци или граѓанска организација, или пак најдете нов интерес и научете што повеќе за таа област.

Кога пријателите и семејството се околу вас, тогаш ви се зголемува мотивацијата и способноста да издржите предизвикувачки околности. Во една студија спроведена на Универзитетот Стенфорд, посветена на страста и остварувањето цели, истражувачите откриле дека заедници кои приоритетот го ставаат на независноста (во смисла на поврзаност со поголема група) покажувале поголемо чувство на внатрешна мотивација.

Развијте начин на размислување што ќе ве тера „да скокате нанапред“

Наместо да размислувате дека треба да се повлечете од некаква предизвикувачка ситуација, обидете да „скокнете нанапред“, вели Др. Ванеса Кенеди, директор за психологија во Дрифтвуд Рековери, центар за лечење на зависности. „Скокањето нанапред“ става акцент на важноста да се приспособите на новата реалност, наспроти обидите да се вратите на состојбата во која сте биле пред загубата или предизвикот.

Оваа способност изискува повеќе од живеење во минатото. Станува збор за тоа да покажете дека можете да се исправите пред вошливите животни услови и дека можете да најдете сила и ресурси да се движите напред. Усвојувањето на напреден начин на размислување може да ви помогне да одбегнете реактивно однесување и да научите да гледате преку постоечките стрес фактори.

„Скокањето нанапред“ е исто така релевантен начин на размислување во поглед на нашето тековно справување со пандемијата. За многумина, враќањето на старото нормално нема да биде возможно – на работното место, дома, или кога станува збор за тоа како ги третираме најранливите популации. Одржувањето на нашата отпорност може да значи и посветеност работите да се прават поинаку (и подобро) во иднина.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -