Како да заработувате преку социјалните медиуми

Социјалните мрежи се неверојатно популарни. Од Twitter до TikTok, околу 3,8 милијарди луѓе на планетава ги користат во сите нивни форми. Просечниот корисник на интернет исто така поминува 2 часа и 24 минути секој ден на социјалните медиуми.

Популарноста ги прави социјалните мрежи совршено место не само за пронаоѓање нови контакти или споделување слики од вашето последно патување, туку и за пронаоѓање нови клиенти за бизнис. Најдоброто нешто во врска со нив е фактот што не е неопходно самите вие да водите бизнис, туку дека можете да извлечете корист од социјалните мрежи со промовирање на нечиј производ преку нешто што се нарекува здружен маркетинг (affiliate marketing). Овој вид маркетинг активности подразбираат заработка преку промовирање на производите или услугите на друга компанија или поединец онлајн.

Здружен маркетинг

Станува збор за вид на дигитален маркетинг каде заработувате компензации за промовирањето на производи или услуги на различни компании. Еден од најпопуларните модели за компензација е кога добивате процент од куповините на клиентите кои ви ги носите во компанијата.

Не треба да се споменува дека што повеќе луѓе упатите да купат одреден производ, толку повисока сума на пари ќе заработите. А социјалните медиуми можат да бидат одличен извор на можни клиенти.

Кои социјални медиуми треба да ги користите?

Денес скоро сите популарни социјални мрежи ја обезбедуваат потребната инфраструктура за спроведување на активности поврзани со здружениот маркетинг. Дури и на Instagram, каде употребата на линкови е ограничена, можете да ја упатите вашата публика на придружниот линк во вашето био.

Прашањето е кои канали на социјални медиуми најдобро функционираат во ваша корист. Доколку претпочитате да ги пренесувате вашите мисли преку текст, тогаш Facebook и Twitter се најверојатно вашата најдобра опција. Ако сте љубител на стил на комуникација со вашата публика преку убави слики и кратки видеа, тогаш очигледно Instagram би требало да биде вашиот клучен социјален медиум. И за тие што уживаат да создаваат видеа на кои даваат оцена за одреден производ или се нудат совети како нешто да направите сами, тогаш Youtube е секогаш подготвен да ги вдоми таквите креации, само не заборавајте да додадете придружен линк во описот.

Секако, возможно е да користите неколку канали на социјални медиуми истовремено, но не заборавајте дека квантитетот не треба да се стави пред квалитетот.

Совршено време за користење на социјалните медиуми

Кога има смисла да се користат социјалните медиуми во вашите напори да заработувате преку придружниот маркетинг? Подолу се објасните вообичаените случаи што се покажале како успешни.

Социјалните медиуми се користат за да се споделат вести за новиот онлајн проект што вашата компанија го започнала неодамна. Исто така, можат да се споделуваат позитивни впечатоци и искуства во врска со компанијата, алатките што сметате дека се корисни, па дури и да понудите помош во поглед на поддршката на клиентите. Рекламирањето на социјалните медиуми може да оди и во насока на споделување препораки на корисниците кои не знаат која компанија да ја одберат или да се префрлат на друга, и таквите прашања да ги поставуваат на социјалните медиуми и форуми, како што се Quora и Reddit. Важни социјални кампањи исто така најдобро е да се промовираат на овој вид медиуми, како што е на пример Black Friday. Рекламите споделени на социјалните медиуми исто така обезбедуваат поддршка за содржината на интернет страницата на компанијата.

Правила што треба да се следат

Не е тајна дека повеќето луѓе го мразат рекламирањето. Така што, кога промовирате производи во вашите постови на социјалните медиуми, многу е важно да се следат одредени правила:

Донесете вредност

Кратките постови кажуваат работи одо овј тип: „Користете ги тие-и-тие за да го регистрирате вашиот домејн“, или „добијте 20% попуст таму и таму“, со придружниот линк до сајтот на компанијата; но ваквите постови нема да резултираат со ангажман, туку со разочарување кај вашата публика. Клучното правило на Twitter на пример е да се создаде однос со заедницата, така што не треба да се фокусирате само на продажба туку на обезбедување совет, или на обезбедување решенија што се од интерес. На форуми како Quora и Reddit, вашите одговори и препораки би требало да обезбедат вредна содржина, така што опишете го вашето лично искуство, проблем што сте успеале да го решите, истражувањето што сте го спровеле, итн.

Линкови до различни објави

Обезбедете што повеќе детали, контекст и ангажман со поврзување кон одредена статија на вашиот вебсајт, што пак се поврзува со заедничките производи. Ова ќе ви помогне да им раскажете на вашите клиенти подобра приказна, и да изградите посилни односи со тоа што ќе им понудите моќни мислења, информации и содржина.

Одржувајте рамнотежа меѓу различните видови содржина

Можеби изгледа дека корисниците се секогаш среќни кога добиваат вести за некоја промоција или зделка, но се` што има врска со еден вид пристап брзо станува досадно и напорно. Решението е да изнајдете и да ја одржувате рамнотежата меѓу образовната или забавната содржина и промотивната содржина.

Користете кратки линкови

Долги линкови едноставно ќе го направат постот непривлечен. Добрата работа е што можат да се најдат голем број сајтови што нудат услуги за кратење линкови. На пример на Twitter, сите линкови се кратат преку неговата услуга – t.co. Или пак можете да користите други платформи за кратење линкови како што се Bitly или TinyURL. Исто така, голем број здружени мрежи обезбедуваат услуга за кратење на поврзаниот линк во рамките на нивната сопствена платформа.

Обезбедете референци до најрелевантните страници

На пример, ако зборувате за некоја одредена промоција, ставете референца која директно ќе ве одведе на главната страница на промоцијата. Ова ќе ја зголеми стапката на конверзија.

Додавајте слики и видеа во вашите постови

Ова е еден од најдобрите начини да привлечете внимание кон вашите постови. Во случај да работите заеднички маркетинг на Instagram, вреди да ги искористите вашите сопствени привлечни слики или видеа наместо генерички слики или придружни банери, бидејќи првите изгледаат поприродно.

Редовно објавувајте постови

Избегнувањето на нападноста не значи дека треба да исчезнете. Совршен начин би било да имате распоред со вашите активности на социјалните медиуми. На тој начин нема да ви снема идеи и содржина, и исто така можете да планирате различни пристапи и стратегии што можете да ги тестирате.

Ставете дисклејмер

Создадете поголема транспарентност и доверба со тоа што ќе бидете отворени со вашата публика: додадете дисклејмери на вашите постови. На тој начин вашата публика ќе ги има сите факти, и сетете се дека довербата значи лојалност, а тоа значи раст на бизнисот.

Време е да делувате

Со умен пристап, социјалните медиуми можат да бидат моќна алатка како преку здружен маркетинг да постигнете успех. Со изнаоѓање на најдобриот начин за пристап до вашата заедница, како и следење на овие едноставни правила и совети, дури и некој што не е многу запознаен со начинот на функционирање на социјалните медиуми може да постигне успех за кратко време.

Извор: namecheap.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -