Како да започнете бизнис кога економијата паѓа

Ковид-19 примори милиони компании одново да ги проценат сопствените бизнис модели, но што се случува со бизнисите што сè уште се идеи во умовите на амбициозните претприемачи? Додека масовни отпуштања од работа и очајни мерки за спас на економијата доминираат во вестите, малкумина зборуваат за искуството од започнување бизнис во сегашната клима.

Според Entrepreneur, кризите низ историјата покажуваат дека рецесијата на повидок ќе создаде вистински можности за основачите. Мајкл Лоеб, основач и извршен директор на Loeb.nyc вели: „Ваквите моменти се како шумски пожари. Огнот ќе уништи некои бизниси, но тие исто така ќе ја обезбедат топлината за испуштање нови семки во почвата. Многу воодушевувачки компании се родени од пепелта на економскиот пад и падот на пазарот.“

Во 2008 год, финансиската криза и проблемите со домувањето што таа ги предизвика во САД ги натера луѓето да бараат сместување со достапна цена без долгорочни обврски. Тогаш се роди Airbnb како поевтина и пофлексибилна алтернатива на традиционалното домување. До 2011 год, Airbnb беше проценета на повеќе од еден билион долари.

Ако сметате дека вашата бизнис идеја е подготвена да го изоди следниот чекор, тогаш позиционирајте го бизнисот како решение за новите потреби на потрошувачите. Во продолжение се совети што можат да ви помогнат.

  1. Пронајдете ја вашата ниша

Компаниите што ги (ре)дефинираат индустриите, како Airbnb, се оформуваат за време на рецесии. Дали сте способни да таргетирате одредена ниша во моментов – дали нудите решение што би им помогнало на луѓето да ја пребродат кризата? Секако, можете да ја прилагодите вашата оригинална идеја за да ја таргетирате баш таа ниша.

Направете чекор назад и преиспитајте го светот околу вас. Идентификувајте ги проблемите со кои се соочени вашите пријатели, соработници, луѓето кои ги гледате на вести.. Замислете ги можните решенија на проблемите за кои не се нуди одговор во моментов.

Голем број пазарни ниши се обликуваат сред сегашните немири. И здравствениот и образовниот систем – две од најважните индустрии во секое општество – се соочуваат со значително пореметување во функционирањето. Овие индустрии имаат потреба од итни реконструктивни иницијативи. Образованието не било суштински пореметено скоро 100 години. Сега, родителите и учениците бараат начини да го оптимизираат нивното време, онлајн ресурси и интеракција со наставници за да одбегнат да изгубат месеци учење.

Условите нема да се нормализираат во догледно време, така што приспособливоста е сила

Ако вашиот производ или услуга сè уште целосно не ги задоволува сегашните потреби, видете дали можете да го прилагодите за да соодветствува на новото нормално. Условите нема да се нормализираат во догледно време, така што приспособливоста е сила. Дали можеби имате производ-софтвер кој би можел да го подобри искуството на корисниците за време на видео конференции, дури иако на почетокот тој софтвер не бил дизајниран за таа цел? Дали вашата услуга може да им го олесни онлајн искуството на бизнисите или комуникациите?

Ако можете да исполните ниша со вашиот производ, дадете сè од себе да ја искористите шансата – ваквите можности се ретки. Џонатан Гричан, ко-основач на глобалниот пред-инвестициски акцелератор Founder Institute вели: „Сакаш да лизгаш во насока каде оди пакот, не каде што пакот е во моментов.“

  • Дајте им го на луѓето она што им е потребно: врски и поврзаност

За време на економски пад, луѓето се помалку склони да купуваат работи за кои немаат вистинска потреба. Непотребните производи нема да успеат. Идеите што функционираат се концентрираат на темелно решавање на еден проблем.

Што им треба на луѓето во моментов? Што вам ви треба во моментов?

Едно нешто што му е потребно секому е поврзаност. Станете незаменливи со создавање и засилување на врските меѓу луѓето. Ова нема да можете да го направите без да го гаите вашето сопствено присуство онлајн – колку повеќе интеракција, толку подобро. Користете дигитални алатки за да се рекламирате себеси и за да создадете врски со вашите клиенти. Tiktok е лесен и забавен начин да допрете до помладите клиенти. Instagram може да ги истакне визуелните елементи на вашиот производ и да поттикне дебата. Организирајте настан за почеток на вашиот бизнис во вид на домашна забава. Интимноста и онлајн врските се столбовите на новото нормално – дури и кога ќе бидат повторно дозволени собирања на поголем број лица, вашето онлајн присуство ќе ви гарантира поголема изложеност во иднина.

Имајте ја приватноста секогаш на ум, во спротивно многу брзо ќе ја изгубите довербата. Јужна Кореа и Велика Британија развија апликации со чија помош се следи стапката на заразеност со Ковид-19, но поборниците за правата на приватност ги искажаа нивните грижи во однос на тоа како технологијата ги проценува личните податоци. Бидете еден чекор подалеку од вакви замки со тоа што ќе сфатите што другите компании (вклучувајќи ги и вашите потенцијални конкуренти) прават и учете од нивните грешки и успеси.

  • Подгответе се на лично ниво да „нурнете“ во бизнисот

Погледнете во вашиот новчаник. Ако напорот да се натераат инвеститорите да направат иницијален влог порано бил голем, сега тоа ќе биде уште покрупен предизвик бидејќи сега тие не го одврзуваат ќесето толку често и толку многу.

„Во моментов, инвеститорите не бараат идеи – тие бараат бизниси со тим и способност да испливаат на површина,“ вели Гричан. „Морате да имате минимум капитал за трошење за да  ја „одлепите“ вашата бизнис идеја од земја и да добиете повеќе средства.“

Ако вашата заштеда е црна дупка и во моментов не сте вработени, можеби ќе треба да направите чекор назад. Секако, можете да побарате од вашите пријатели или членови на семејството да инвестираат, но ова е тешко време за сите, така што чекорете внимателно: не сакате да ги оддалечите блиските луѓе, особено во вакво несигурно време. Размислете дали треба да вклучите партнер во компанијата, но бидете свесни дека тие ќе сакаат и вие да придонесете финансиски исто така – барем две, три илјади долари.

Исто така, запрашајте се себеси дали сте на вистинското ментално место. За да бидете бизнис лидер во вакви времиња, треба да бидете отворени и креативни, за да можете да го согледате светот од различни агли и да ги идентификувате можностите каде другите не можат

Исто така, запрашајте се себеси дали сте на вистинското ментално место. За да бидете бизнис лидер во вакви времиња, треба да бидете отворени и креативни, за да можете да го согледате светот од различни агли и да ги идентификувате можностите каде другите не можат. Исто така, важно е да имате флуидна интелигенција за решавање нови, непознати и неочекувани проблеми како што доаѓаат.

Ако сте преокупирани со други делови од вашиот живот, вашата способност да бидете отворени и флексибилни може да се компромитира.

За да успеете да заработите на вашите силни страни, бидете дисциплинирани. Секое утро направете список со работите што треба да ги остварите дента, како на пример да посегнете по лидерите во индустријата со кого сакате да бидете партнер, или дизајнирате го вашиот минимално исплатлив производ (МИП). Работите правете ги едно по друго и покрај чувството на итност. Добијте повратни информации во сите фази на развој на вашиот производ. Вашиот МИП не треба да биде рафиниран или скап во оваа фаза – тој само треба да ја отелотвори вашата идеја и тогаш ќе можете да тестирате како пазарите ќе одговорат на него. Ако во моментов имате работа со полно работно време, не ја напуштајте додека не добиете силни и позитивни реакции на вашиот прототип.

  • Ползувајте ги придобивките од отворање бизнис во време на рецесија

Со економскиот пад, поголемиот дел од компаниите што поддржуваат нови бизниси нудат цени со попуст. На пример Shopify ги нуди сопствените услуги бесплатно во период од 90 дена, HubSpot ги тргна ограничувањата за маркетинг мејлови и значително ја намали цената на платените огласи. За еден претприемач, цената на отворањето бизнис е пониска од вообичаено и најверојатно ќе остана така во следните 12 месеци.

Професионалците кои претходно биле недопирливи сега ви се на дофат

Уште една предност во сегашната клима е поширокиот опсег на достапни таленти на пазарот. Големите компании се соочуваа со проблеми. Airbnb отпушти 25 проценти од персоналот поради пандемијата. Голем број висококвалификувани работници сега бараат работа. Професионалците кои претходно биле недопирливи сега ви се на дофат.

Потта вложена од страна на новите вработени е исто толку вредна колку и финансискиот удел. Нивното професионално искуство ќе ви помогне да разберете кога да почнете да пичирате и како да им пристапите на можните клиенти.

Во рецесија се оформуваат компаниите што ја дефинираат категоријата. Исто како што компаниите што се занимаваат со крипто-валути процветаа кога довербата во банките и традиционалните системи се најде на најниско ниво, бизнисите што понудија алтернативни решенија на заедничките проблеми за време на кризата имаат предност пред конкуренцијата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -