Како да го подобрите фокусот во работата

Помина цела година откако голем број работници беа испратени дома на „неколку недели“ кога пандемијата почна да пустоши. Преку ноќ, милиони луѓе мораа да научат како да работат на далечина – ако биле доволни среќни да ја задржат работата. Па дури и сега, кога вакцините даваат ветување дека ќе имаме некаков степен на „нормала“ во следните месеци, последиците од изминатата исцрпувачка година знаеме дека ќе се чувствуваат и во иднина. Но, работата сепак треба да се сработи, пишува Гвен Моран, писателка, уредничка и креаторка на веб сајтот Bloom Anywhere, наменет за луѓе кои сакаат да се движат нагоре во животот и кариерата.

Идеално, сеопфатна нега за себе, како што се здравата исхрана, вежбањето, редовниот сон, медитацијата и слично, ни помага да бидеме концентрирани и ефикасни. Но кога тие активности не се возможни, сепак доаѓа време кога едноставно морате да се концентрирате без разлика на околностите. Во продолжение се пет активности што можете да ги направите навика за да си помогнете да се приберете и да почнете да ги обавувате задолженијата.

Исфрлете ги работите што ви го одземаат вниманието

Дозволете си краток период време да ги намалите сите работи што ви го одземаат вниманието во вашата средина за да го минимизирате нивното влијание, советува неврологот Алисиа Валф, виш предавач на Политехничкиот институт Ренселаер. Дали има работи во вашата средина што ви го цедат вниманието? Справете се со нив. „Без разлика дали станува збор за вашиот телефон, па дури и можеби за отворен прозорец низ кој гледате надвор, справувањето со овие работи е исто така фокусирање на вашата работа – да се обидете да ги намалите тие работи во вашата средина,“ вели таа. Исклучете ја можноста да добивате известувања за случувањата на социјалните мрежи. Ако можете, преместете се на некое потивко место за да работите таму. И, ако има работи кои ви го пренасочуваат вниманието од работата, тие исто така можат брзо да се решат. Ако на пример, треба да пуштите машина за перење, можеби ќе ви биде полесно ако набрзина го направите тоа за да можете одново да си го вратите фокусот, додава таа.

Но, понекогаш можеби тоа што ви треба е диверзија. Едно истражување спроведено во 2011 год и издадено во билтенот „Познание“ (Cognition), откри дека дури и кратки диверзии можат да ни помогнат да се вратиме назад на задачата со обновено чувство на фокус. Така што, ако одењето на прошетка или гледањето неколку смешни видео клипови на ТикТок ќе ви помогне да се фокусирате, тогаш одвојте време за тие диверзии.

Стеснете го опсегот

Кога имате премногу обврски тогаш може да ви е тешко да се фокусирате, вели психологот по организационо однесување Кети Касели, основач и претседател на Building Giants – фирма која работи на обезбедување обуки за развој на вештините на работната сила. Така што, ако имате тешкотии со концентрацијата, поделете ги задачите во мали чекори и зафатете со нив, еден по еден. И престанете да се обидувате да извршувате повеќе работи едновремено, посочува таа. „Се` на се`, кога правиме премин од една работа на друга, она што навистина се случува е дека поради компензацијата, работиме побрзо, што пак предизвикува повеќе стрес, повеќе фрустрации, и повеќе притисок поради времето,“ објаснува таа. Работете на задачи што можете да ги завршите една по една и ќе ви биде полесно да се фокусирате, советува таа.

Одредете ги вашите моменти за славење

Имајте на ум дека сеопфатната цел што се обидувате да ја постигнете може да ве мотивира да се фокусирате. Експертот за умствена ефикасност, Џим Квик, автор на книгата „Без граници: надградете го вашиот мозок, научете се` побрзо, и отклучете го вашиот исклучителен живот“, вели дека треба да се почне со јасни исходи. Колегата на Кив, Клеј Херберт, ги нарекува тие јасни исходи „шампањ моменти“.

Еве пример: „Ако се натпреварувате во некој спорт, знаете, кога го отвораат шишето шампањ и слават бидејќи има јасен исход,“ вели Квик. Размислете за тоа како изгледаат успешните исходи. Какво чувство предизвикуваат? Зошто се важни? Што ќе се случи ако не ја завршите (задачата, проектот) успешно? Поврзете со вашите чувства што произлегуваат кога сработувате најдобро што можете и што тоа значи за вас. Емоционалната поврзаност со завршувањето на проектот може да ви ја обезбеди промената на енергија и да ви послужи како потсетник за приоритети на кои треба да се фокусирате.

Направете мозочна пауза

Некои луѓе прават мозочни паузи. Квик препорачува „мозочни паузи“, т.е. активности што вклучуваат три нешта:

  • Движење: движете го вашето тело „бидејќи кога го движите телото, се движи и мозокот, што пак ви дава енергија, односно одлични неуротрофични фактори што делуваат како ѓубриво за вашиот мозок,“ вели тој.
  • Внесувајте течности: „Одржувањето на хидратацијата го засилува вашето време на реагирање и брзината на мислење од 15% до 30%. Вашиот мозок најмногу се состои од вода,“ вели тој.
  • Дишете: да, дишете длабоко. Но исто така, седнете поисправено. „Многу често луѓето не можат да ја одржат нивната енергија да ги сработат работите што треба бидејќи држењето на нивното тело е лошо, а долната третина од вашите бели дробови апсорбира две третини од кислородот,“ објаснува тој.

Работете на спринтови

Кога сте во склад со периодите од денот кога вашата енергија го достигнува врвот, можете да ги искористите тие моменти во ваша предност. Кога сте во период кога енергијата е на високо ниво, работењето во мали изливи може да ви помогне да го засилите фокусот. Обидете се со техниката „Помодоро“ – подесете тајмер за 25-минутни интервали со 5-минутни паузи. За време на интервалите од 25 минути, предизвикајте се себеси со она што треба да го сработите. Можеби ќе треба да се фокусирате на една единствена задача или да се играте да го „победите часовникот“, и обидете се да сработите што повеќе можете на работен документ.

Но, понекогаш треба да ги прилагодиме и нашите очекувања, вели Валф. „Знаеме дека, во вообичаени околности, вниманието има навистина краток реален век,“ вели таа. „Тоа е едно од најограничените ресурси во поглед на својствата на мозокот“. Разберете дека стресот, тагата, анксиозноста, и други емоционални аспекти на пандемијата можат дополнително да ја оптеретат вашата способност за фокусирање. Така што, доза трпение со самите нас може да ни помогне да ги избегнеме негативните емоции што можат да настанат кога се чувствуваме фрустрирани и што ни ја влошуваат концентрацијата.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -