Како да го победите заморот предизвикан од ZOOM

Дали некогаш сте го почувствувале задоволството од последниот одржан состанок на Zoom, a потоа наеднаш да се запрашате: зошто сум толку уморна? Она што го искусувате не е ништо невообичаено или различно од она што милиони други луѓе, дел од работната сила која е приморана да работи од дома, го чувствуваат. Ова се нарекува „Zoom замор“, и никој не е имун на него. Со воведувањето на виртуелните алатки што помагаат во теле-комуникацијата, заморот предизвикан од Zoom е нешто против кое сите во моментов се борат, додека истовремено се справуваат и со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, пишува Entrepreneur.

Поврзано:

Zoom заморот се прикрадува и може да се јави кај луѓе кои поминуваат голема количина време на виртуелни состаноци, обидувајќи се да компензираат за загубата на комуникацијата лице-в-лице. Но не дозволувајте оваа информација да ве обесхрабри во однос на иднината на вашата кариера на далечина – Zoom заморот може да се победи и вие можете да уживате во работењето на далечина, без тоа да претставува активност која ќе ве истошти.

Светот на Zoom состаноци ќе трае, па во продолжение се неколку совети како да го спречите појавувањето на Zoom заморот и како да имате попродуктивен ден додека работите од дома.

1. Блокирајте ја можноста да се гледате самите себе за време на состанокот

Понеделник е, и вие веќе сте поминале дел од времето за да изгледате претставително за вашиот дневен состанок на Zoom. Тоа е одлично (па дури и да вклучува носење некој вид пижами). Сепак, еден од факторите што највеќе придонесува да се развие овој Zoom замор е кога опцијата што овозможува да се видите самите себе е вклучена за време на состаноците, без разлика колку добро сте успеале да изгледате за таа средба. Луѓето не се навикнати да зјапаат во самите себе додека разговараат со други луѓе, освен ако не носите огледало со себе каде и да одите… Без разлика како се чувствувате во врска со вашиот карантински изглед, гледањето во самите себе предизвикува чувство на анксиозност кое е поврзано со Zoom заморот, а тоа е загриженост за тоа како изгледаме, звучиме, или што се случува со осветлувањето додека сме на состанокот.

За да го избегнете ваквото чувство, едноставно исклучете ја камерата секогаш кога имате можност. Ако сте загрижени како изгледате пред камерата, тогаш вклучете ја таа можност на апликацијата пред состанокот, за да направите какви и да се прилагодувања во последен момент, проверете го осветлувањето или набрзина променета ја локацијата. Доколку можноста да ја исклучите камерата за сопствено гледање не е возможна на платформата која ја користите, тогаш можете да ја блокирате со тоа што ќе залепите мало парче хартија. Без ваквото одвлекување на вниманието, секоја грижа или замор предизвикан од Zoom ќе биде минато.

2. Направете пауза

Како што продолжува работењето од дома, голем број лица кои се дел од работната сила забележуваат мешање на концептите за „работа“ и „дом“, бидејќи сега тие поими припаѓаат на истиот простор. Zoom заморот може да го влоши овој ефект, бидејќи секоја интеракција поврзана со работата е виртуелна и лесно достапна. Помеѓу брзите телефонски повици со вашите колеги и поголемите состаноци со вашиот оддел, дневниот распоред за состаноци брзо почнува да се претвора во закажани виртуелни состаноци на Zoom. Можеби закажувањето на последователни виртуелни состаноци претставува вистинско искушение во поглед на работната ефикасност, но тие исто така можат да предизвикаат Zoom заморот да се појави порано од очекуваното. Кофеинот е одлична работа, но тој нема бескрајно дејство кога станува збор за присуството на виртуелните состаноци.

За да се изборите со Zoom заморот што доаѓа како резултат на исполнет распоред со виртуелни состаноци, лекот е едноставен – закажувајте и редовни паузи во текот на денот. Ако си дозволите да помине малку време помеѓу состаноците, тогаш ќе си помогнете одново да ги наполните батериите за следниот состанок на Zoom, и ќе си дозволите малку повеќе време за да го испланирате следниот состанок што ве чека. Имајте на ум дека вашата пауза не значи дека морате да седите на бирото. Можеби ви треба еспресо за да ви ја засили енергијата? Дајте си неколку минути вистински да уживате во секоја голтка. Ефикасната пауза би требало да вклучува размрдување за да го поттикнете крвотокот, и воведување промена на погледот. Колку и да сакате прекрасни глетки на вашиот десктоп, излезете надвор на неколку минути или едноставно гледајте низ прозорецот, и ќе видите дека таквиот чекор прави чуда кога зборуваме за превенција на заморот предизвикан до Zoom.

3. Истражете ги другите можности

Виртуелните состаноци можат да бидат интересни за многумина – некои чувствуваат дека постои прекрасна алатка што ги поврзува колегите, и тоа го прави од удобноста на сопствениот кауч. Но, сред менувањето на работните стилови и справувањето со Zoom заморот, можеби заборавате дека постојат и други начини на комуникација. Да, тука се сè уште мејловите, брзите пораки, и телефонските повици. Се сеќавате на нив? Овие комуникациски канали можат да ве спасат од часови поминати пред екран, и од штетните ефекти што заморот предизвикан од Zoom може да ги има на вашата продуктивност.

Дали некогаш сте си заминале од состанок со чувството дека работите што сте ги дискутирале можеле да бидат пратени на мејл, наместо да поминувате саат време „напикани“ во мала сала за состаноци? Вашата „сала за состаноци“ во моментов е можеби вашата домашна канцеларија, но истото се применува и на непотребните состаноци. Ако вие сте одговорни за закажувањето на состаноците, обидете се на вашите колеги да им дадете шанса да го избегнат непосакуваниот Zoom замор и сумирајте ги информациите во е-мејл. Ако по секоја цена треба да имате дискусија со вашиот тим, закажете конференциски повик што нема да ги натера да ги отворат лаптопите и да се најдат во збунувачка ситуација бидејќи се оптеретени со идејата дека треба да остават добар професионален впечаток.

Со користењето на можностите за комуникација што не се поврзани со Zoom, ќе зачувате за себе и за вашите колеги, непотребно време пред камера.

4. Направете итинерар

Сите сме го искусиле ова: еден колега го започнува состанокот со прашањето како се сите, и пред да знаете, поминале 45 минути без никаква дискусија и темата за која е закажан состанокот е заборавена, но затоа пак ги знаете сите детали за викенд плановите на вашата колешка! Колку и да сакаат другите да слушаат за животот на нивните колеги во карантин, премногу празни муабети можат да направат состаноците да траат повеќе од планираното. Заморот предизвикан од Zoom  „цвета“ на продолжените виртуелни состаноци, а човечките битија се склони да разговараат надвор од темата и да го одолговлечат состанокот. Најдобриот начин да се спречи појавата на Zoom замор предизвикан од преголемото споделување информации различни од работните е да имате план.

За да спречите состаноците да ви ја одземаат шансата да си направите свежо кафе, направете итинерар пред време. Ако го закажете времето и направите распоред на точките за дискусија, вашите состаноци ќе течат непрекинато додека истовремено го ограничувате и виртуелното време и на другите колеги и го спречувате појавувањето на Zoom замор. Не грижете се – дури и со итинерар, времето може да се закаже на таков начин да имате и време да разговарате со вашите колеги за теми што не се поврзани со работата. Само осигурајте се дека сте одвоиле и конкретно време за вакви разговори и создадете јасна граница за да одбегнете преголема количина споделени информации кои не се однесуваат на работата.

5. Променете го местото на кое работите дома

Откако поминуваме недели и недели дома што се чини дека никогаш нема да завршат, омиленото ќоше во кујната веќе не е така егзотично како порано. Сепак, како што е образложено во втората точка, промена на погледот може да ви помогне да се почувствувате освежени, иако тоа може да значи преместување на некое светло место покрај прозорецот кој ви овозможува убав поглед на улицата на која живеете. Менувањето на вашата типична сценографија може да ви помогне да го победите заморот предизвикан од Zoom, со тоа што ќе ви овозможи чувство на свежина во вашата импровизирана или вистинска домашна канцеларија. Ако местото кое сега го користите има послаба светлина, тогаш променете го веднаш, бидејќи тоа може да го влоши заморот предизвикан од Zoom што можеби веќе го чувствувате. Обидете се да ја „сместите“ вашата домашна канцеларија на место што е посветло, се препорачува природна светлина која помага да се чувствувате побудни и сконцентрирани.

Иако виртуелните состаноци на Zoom се тешка задача за сите нас во моментов, еден ден ќе ви недостасува времето кога сте можеле да се справите со овој нов вид замор додека на себе носите полу-професионална, полу-пижама облека. Теле-комуникацијата е предизвик, но е предизвик кој заедно ќе го надминеме со тоа што ќе работиме на попаметен начин и, кога е потребно, ќе ги користиме многубројните ресурси што постојат вон виртуелните алатки. Едноставно, ако посветите внимание на тоа како се чувствуваат вашето тело и ум, ќе бидете способни да го забележите Zoom заморот брзо, и да го спречите неговото појавување во иднина. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -