Како да го одредите вистинскиот ритам за успешен и среќен бизнис

Сите препознаваме кога некој лошо пее. Без соодветна мелодија и тоналитет, песната едноставно нема да звучи како што треба.

Јасен ритам, хипнотизирачко време и синхронизирана шема – тоа е тоа што функционира. Добро изведен ритам служи како основа и позадина, што е клучно за создавање квалитетна музика. Мелодијата не` вовлекува и не` тера да слушаме уште – ваква компарација прави Џо Ен Фор за Entrepreneur, која работи како ментор за раст и сертифициран тренер за личен развој.

Постои сличен ритам што води до успешен, среќен бизнис. Но многу претприемачи не се обидуваат да го слушнат тој ритам, туку се трудат да импровизираат.

Претприемачите некогаш ги туркаат работите и отаде сопствените способностите. Во поривот да се постигнат одредени цели, сопствениците на бизниси преземаат обврски што често пати ги оптоваруваат и не им даваат мирно да спијат. Тогаш, уште пред да се свесни, веќе ја креативноста кај претприемачите е веќе затапена, здравјето им е загрозено и најверојатно е нанесена штета на компаниските финансиски средства.

Како да се постигне хармонија? Со ресетирање на ритамот.

Во продолжение на овој прилог се четири основни ритми – силни шеми а не сувопарни правила – кои, ако се повторуваат редовно и последователно, ќе му помогнат на вашиот бизнис да плови подобро.

Мир

Ако се чувствувате како да сте надвор од ритам, можеби ви недостига мирен ум што се постигнува кога живееме во согласност со нашите основни вредности.

Однапред одредете што ви е најважно и ќе можете да престанете да се чувствувате нервозни или анксиозни секој пат кога треба да донесете мала или голема одлука. Како што размислувате за овие вредности, немојте да се концентрирате на некакви слатки фрази. Одвојте го потребното време да ги преиспитате вашите внатрешни фундаментални верувања.

Кои суштински принципи ќе ви бидат од корист и ќе ве одржуваат во спокоен фокус? Што е тоа што го одредува успехот според вас? Искористете ги овие одговори како камен-темелник, или како маркери што ќе ви помогнат да го надгледувате сопствениот прогрес, за да можете да одредите кога излегувате „надвор од ритам“.

Понекогаш претприемачите нурнуваат премногу длабоко кога го растат бизнисот, и забораваат кои се и што навистина сакаат. Но, кога вашите основни вредности и стандарди ви служат како водич, ќе се сетите зошто го правите тоа што го правите, и како ќе го направите тоа.

Со цел постојано искусување мир и познавање на целта на вашиот бизнис, подредете ја секоја одлука што ќе ја донесете со вашите основни вредности. Правете чекори што ќе ве одведат до животот што сакате да го живеете.

Ефикасност

Според истиот принцип на подредување, можеби исто така ви треба реалистичен поглед на ефикасноста на ветувањето што вашата компанија им го дала на клиентите.

Дали го исполнувате тоа ветување? Дали луѓето го добиваат исходот што сте го посакувале откако сте ги ангажирале да работат за вас? Од клиенти до вработени до добавувачи, кој вид влијание или траен впечаток го посакувате со другите?

Анализирајте ги вашите способности. Со јасна искреност, одредете што можете успешно да извршите во рамките на вашите сегашни параметри. Кои се вашите силни страни, а кои слаби? Каков сет на вештини поседувате? Како ги подредувате овие аспекти од животот и работењето со вашите основни вредности?

Дадете го ветувањето со полна свесност. Потоа активирајте го ветувањето со потребните зборови и дејства. Како што учите да го интегрирате тоа што сте, со вештините што сте ги совладале, ќе почнете да ги блокирате нереалните очекувања што можат да ве исфрлат од ритам.

Вашата ефикасност е витален ритам кој директно влијае на брзината на вашиот раст. Одржувајте го.

Темпо

За бизнисот да се развива синхронизирано, понекогаш морате да го промените темпото. Секако дека брз и ефикасен одговор е достоен за почит, но смислата за постојана итност која ве тера да туркате напред со огромна брзина може да ја убие среќата.

Сменете го начинот на размислување околу она што ви е најважно.

Како да успеете вашиот бизнис да работи за вас? Преиспитајте ги вашите процеси. Дали внатрешните процеси се ефикасни? Дали вашиот контролен центар е оптимизиран за највисока ефикасност? Анализирајте ги обврските што ги создавате. Кои задолженија можат да се делегираат? Па дури и да се одбегнат целосно?

Ревидирајте го сопственото време. Дали си дозволувате да ве украдат нештата што ви го крадат вниманието? Дали трошокот на вашата енергија отсликува мудра инвестиција? Доколку не, што треба да се промени? Претприемачите имаат автономија да го живеат животот според сопствени услови – преговарајте ги тие услови како неопходност.

Нашите приоритети ги формираат нашите избори, но не е се` приоритет. Доделувањето еднакво ниво на важност на се` создава непотребна анксиозност. Понекогаш, за да се фокусирате на вистинските можности, заостанатите обврски на крајот на денот можат да бидат токму такви – напуштени.

Можност

Нешто опасно се случува кога сме толку многу надвор од ритам што често пати, претприемачите не се веќе желни да користат прилика: престануваме да размислуваме за раст. Потребата од безбедност почнува да ја малтретира нашата храброст.

Премногу често потребите поврзани со водењето на бизнисот ја крадат креативноста што на прво место ги натерала сопствениците на бизниси да започнат со истиот. Не престанувајте да создавате. Не престанувајте да преземате ризици. Продолжете да поставувате прашања. Експериментирајте со нови идеи и можности. Секој ден треба да содржи повеќекратни можни сценарија.

Способноста и желбата да се преземаат здрави ризици е специфичен, критичен ритам за секој вистински претприемач. Потребно е многу храброст и отпорност да пробате со нешто ново, да развиете нов производ или единствена услуга и тоа да го лансирате на нови или странски пазари.

Ако не можете да се сетите на последниот пат кога сте презеле ризик, тогаш можеби сте надвор од ритам. Тоа не значи дека треба да се искористи секоја прилика, туку дека ритамот е неопходен за успех.

Ако сакате да престанете да водите „раштиман“ бизнис, тогаш нека вашата мисија биде воспоставување и вежбање на овие ритми се` додека не прераснат во навики. Живејте ги сопствените основни вредности. Поставете го и активирајте го вашето ветување со совршенство. Одржувајте здраво темпо во вашиот бизнис. И немојте да престанете да преземате ризици. Бидејќи, тие навики се ритмичната основа на она што може да ве одведе до поздрав, посреќен бизнис.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -