Како да го натерате сопствениот мозок да запомни скоро сè

Многу луѓе се жалат дека имаат лоша меморија. Листи за пазарење, родендени на пријатели, статистики за испит – овој вид информации како да не ни влегуваат во глава. Но меморијата не е исклесана во камен, како што можеби претпоставувате. Со соодветната техника ќе бидете во можност да се сетите на скоро сè, пишува Wired.

Нелсон Делис станал шампион во САД на натпреварот по меморија четири пати. Некои од неговите достигнувања се памтење на 10000 цифри од бројот Пи, редот на повеќе од девет шпила карти и списоци со стотици имиња откако ќе ги слушне само еднаш.

Но со малку посвета, Делис вели дека секој може да ја подобри сопствената меморија. Во продолжение на овој текст се наведени пет чекори што можете да ги следите за да ја наполните главата со голем број информации, и да ги запомните.

Почнете со силни слики

Ајде да почнеме со една прилично лесна мемориска задача: седумте светски чуда. За да ги запамтите овие, Делис препорачува да ги претворите сите овие нешта во слика која е лесна за помнење. Некои ќе бидат поочигледни. На пример, за Кинескиот ѕид, најверојатно ќе искористите слика на ѕид. За Петра, напротив, можеби ќе се одлучите за слика на вашето милениче (“pet” на англиски значи милениче).

„Користењето на сочни ментални слики како овие е крајно ефикасно. Она што сакате да го направите е да создадете крупни, мулти-сензорни сеќавања,“ објаснува Џулија Шо, психолог научник при Универзитетскиот колеџ во Лондон и автор на книгата „Илузијата на сеќавањето: сеќавање, заборавање и науката позади лажната меморија“. Сакате да целите кон ментални слики што скоро можете да ги почувствувате, помирисате и видите, да ги направите што пореални.

Позади овие заклучоци има цела една наука. „Сликите што се чудни, и што можат да бидат живописни или емотивни се „лепат“,“ дополнува Шо. „Кога го гледале мозокот, истражувачите откриле дека амгидалата – дел од мозокот кој игра клучна улога во процесирањето емоции – ги охрабрува другите делови од мозокот да складираат сеќавања“. Затоа силните емоции се одговорни за сеќавањата што ги памтиме.

Сместете ги сликите на одредена локација

Следниот чекор е да ги сместите тие силни ментални слики на место што ви е навистина добро познато. Во примерот на Делис, секое од седумте светски чуда го сместил на патека низ неговата куќа, започнувајќи со ѕид во влезниот ходник, а Исус – кој ја претставува статуата на Исус Искупителот во Рио де Жанеиро – виси над неговиот кауч. „Што почудно, толку подобро,“ советува Делис. Во кујната, можете да си замислите лама како подготвува оброк – па да ве потсетува на Мачу Пикчу во Перу.

Оваа техника на поврзување на сликите со местата се нарекува „палата на меморијата“ и особено е корисна во памтењето на редот на одредени елементи, додава Шо. „Палатата на меморијата ја користи вашата постоечка меморија за некоја реално место. Место кое го познавате – и вообичаено тоа е вашиот дом или друга локацијата што можеби ја познавате многу добро.“

Ако е список со само седум наведени елементи, просторот може да биде релативно мал. Но кога станува збор за меморирање на 10000 цифри од бројот Пи, Делис морал да ја прошири неговата мемориска палата на територијата на неговиот роден град – Мајами. Тој ги поделил 10000 цифри во 2000 купчиња по 5 цифри, и ги поставил низ 10 различни квартови во градот.

„Истражувањата во невро-визуелизацијата покажуваат дека луѓето покажуваат зголемена активност во одреден дел од мозокот (парието – окципитален дел) кога учат сеќавања, користејќи ја палатата на меморијата,“ вели Шо. „Ова значи дека техниката помага заеднички да работат повеќе делови од мозокот кои вообичаено се посветени на други сетила – париеталниот дел е одговорен за движње во простор, а окципиталниот со способноста да гледаме слики.“

Многу внимавајте

Запомнувањето на седум чудни слики за седумте светски чуда не би требало да биде премногу тешко, но кога треба да запомните 10000 цифри од Пи, можеби ќе ви треба малку повеќе мотивација. „Ќе си ја кажев следнава мантра: сакам да го запомнам ова, сакам да го запомнам ова,“ вели Делис. „Тоа е едноставна мантра но со неа ќе го насочев вниманието и ќе се фокусирав на задачата и тоа ќе ми помогнеше да запомнам подобро.“

Разложете ги нештата што треба да ги запомните

Со многу големи броеви како Пи – или долги секвенци карти на пример – од голема помош е ако се разложат работите. Делис ги претворил секое од петте купчиња цирфи на Пи во слика којашто може лесно да ја запомни. „Зборовите се лесни, гледате еден збор и тој природно евоцира некаков вид визуелни знаци во вашиот ум. Но нешта како броеви, или карти, па дури и имиња се малку потешки,“ вели тој. „Но и за тие постојат системи што сме ги развиле и научиле така што, кога и да видиме едно име или број или карта, веќе имаме подготвена слика за него.“

За Делис, првите пет цифри од Пи по децималната запирка се претставени од Сем Нил како носи одело од Железниот Човек („Едноставно така ми дојде,“ додава тој). Втората секвенца цифри е преставена од сликата на неговиот пријател облечен како императорот од филмот Гладијатор, со палецот надолу.

Завршете со преглед на сработеното

Откако еднаш ќе ги искристализирате менталните слики и ќе ја населите вашата мемориска палата, тогаш треба само да бидете навистина сигурни дека ќе останат во вашата глава. „Поголемиот дел од сеќавањата не успеваат да се врежат во долгорочната меморија,“ објаснува Шо. „Поради тоа е важно да се повторува информацијата, за да се претвори од краткорочно сеќавање во долгорочна меморија.“

И за жал, нема лесен начин да се скокне овој чекор. Сè се сведува на повторување и напорна работа. „За да станам шампион по меморија морав да работам на неа секој ден. Да тренирам навистина напорно и да го претворам тоа во нешто што ќе ми стане инстинктивно. А тоа се случува со вежба,“ додава Делис.

И ако ова ви се чини како голема работа, во ред е, во право сте, е.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -