Како да го забрзате растот на вашиот бизнис без разлика на околностите

Нема никаков сомнеж: сегашната ситуација во светот создаде предизвици за сите, вклучително и за претприемачите. Бизнисите беа приморани да ги затворат вратите и попатно да направат бројни промени во нивните бизнис модели со цел да се одржат. Како што се менуваат рестрикциите, а бизнисите во различни индустрии повторно почнуваат со работа, голем број претприемачи сфаќаат дека постојат нови можности за приспособување на новото нормално.

Се менува и однесувањето на потрошувачите, и продажбите онлајн се вивнаа до небо. Комуникацијата на далечина е новото нормално. Трошењето на луксузни производи и услуги мораше да се реконфигурира. Како резултат на ова и на други промени, компаниите се обидуваат да ги прилагодат нивните бизнис модели, вели Бернардо Мартинез, потпретседател за глобални трговски позајмици во PayPal. За многумина, резултатот не е само опстанок, туку и раст.

И покрај несигурноста, Мартинез споделува сопствени сознанија за тоа како сопствениците на бизниси можат да го искористат сегашниот нестабилен пејзаж во нивна корист.

Идентификувајте го „белиот простор“

Пореметувањата имаат склоност да отворат нови можности. Пандемијата ги забрза промените во однесувањето на потрошувачите, брзо терајќи не` напред три до пет години, вели Мартинез. „Дигиталните продажби растат брзо, но генерално стануваше збор за луксузни производи,“ вели тој. Благодарение на наметнатите рестрикции поради вирусот, се научивме да ги нарачуваме неопходните производи онлајн, вклучително и намирниците. Луѓето исто така стекнаа познавање и желба да влегуваат во комуникација преку различни онлајн платформи, и тоа е промена која според Мартинез ќе опстои и откако ќе се намали влијанието на Ковид-19.

За претприемачите, овие промени откриваат можности. Да земеме за пример еден фудбалски тренер. Порано тоа лице би било ограничено да одржува тренинзи на ученици со физичка блискост, но одржувањето на тренингот онлајн му дозволува да допре до децата низ целата земја. Пошироко гледано, чекорот од учење со физичко присуство кон учење на далечина создаде итна побарувачка за интерактивни образовни софтвери, што пак го поттикна растот на голем број стартап компании што работат во областа на технологијата и образованието. „Можете истата логика да ја примените на секоја индустрија,“ вели Мартинез. Секоја промена во однесувањето на потрошувачите создава прозорец за компаниите преку кој можат да преземат активности и да излезат во пресрет на барањата на клиентите.

Прифатете хибридни модели

Мартинез го наведува примерот на еден претприемач чија продажба паднала за 90% на почетокот на пандемијата, што е застрашувачки пад со кој голем број мали бизниси можат да се поистоветат. Како што времето минувало и станувало јасно дека пандемијата не е моментален настан, Мартинез вели дека сопственикот на бизнисот работел на создавањето нов приходен канал: претходно продавал производи исклучиво преку дистрибутери, а сега почнал да продава директно на клиентите преку оналјн пазари. Како резултат на промената, неговата продажба почнала да закрепнува

Откако работите ќе се вратат во нормала, тој ќе може да продава и преку дистрибутери и онлајн, што е „средина во која никогаш претходно не се обидел да работи“, објаснува Мартинез. „За среќа, компанијата стана подинамична“.

Мартинез има искуство од голем број бизниси во различни индустрии што остваруваат успех со прифаќањето на сличен пристап. На пример, голем број ресторани инвестираат во проширен модел за вршење достава, а продолжуваат да нудат вечерање со физичко присуство. Некои ресторани ги променија менијата и создадоа посебна верзија „за носење“ со оброци што можат лесно да се транспортираат. „Ќе видиме како моделите еволуираат како што луѓето се обидуваат да научат што функционира а што не,“ дополнува тој.

Планирајте долгорочно

„Сега сме во првото полувреме од натпреварот,“ вели Мартинез, кој смета дека голем број од промените во однесувањето на потрошувачите предизвикано од пандемијата ќе опстојат и по неа. Како резултат на тоа, тој препорачува создавање еден вид мапа во која активностите што треба да ги преземете за да го развиете бизнисот ќе се протегаат на повеќе од шест месеци, до година дена. За многу претприемачи, ова значи потпирање врз дигиталната комуникација и продажба. „Тие треба да го прифатат новиот свет,“ вели Мартинез. Додека во минатото, физичката локација беше клучна за успехот на малопродажните бизниси, во иднина, тоа ќе игра се` помала централна улога бидејќи луѓето ќе продолжат да пазарат онлајн.

Ова изискува стратегија и време. Премногу е лесно да се падне во замка во која вашите дејствија се поттикнати од сите претходни одлуки што сте ги донеле, наместо чекор нанапред кон повисока цел. „Ако мислите дека ќе ја прифатите интернет средината и имате процес со повеќе канали, тогаш разберете и како вашите партнери од минатото можат да ве однесат напред,“ поентира Мартинез. „Тоа нема да се случи преку ноќ“.

Извор: Entrepreneur.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -