Како да го водите сопствениот бизнис со само 3 саата работа ноќе

Финансиската несигурност натера многумина да почнат да размислуваат за План Б со цел изнаоѓање дополнителни приходи, додека пак други го поминаа карантинот размислувајќи дали кариерата што отсекогаш ја посакувале е вистинскиот пат за нивната долгорочна иднина, пишува Каника Толвер, извршен директор и автор на „Кариерна рехабилитација“ за Entrepreneur.

Оваа ситуација, за возврат, ги тера луѓето на големо да размислуваат за создавање страничен бизнис или за започнување проект за кој чувствуваат страст, што пак е во поголема согласност со сликата што ја создале за тоа кои се нивните идни чекори. Но како некој може да создаде страничен бизнис додека работи со полно работно време? Можеби имате тешка корпоративна работа и се чувствувате дека обидот да се почне нешто ново едноставно не може да се направи. Или пак сте мајка која се грижи за сопствените деца и која не може да се ослободи од чувството дека постои нешто друго што го посакува за себе.

Каника Толвер неодамна стапила во контакт со Ники Тејлор, мајка, основач на компанија и извршен директор на консултантска фирма што работи со недвижен имот во Италија, која успешно го менаџира сопствениот бизнис на кој му посветува 3 часа навечер додека истовремено се справува со одговорностите како родител. Во прилог се неколку од нејзините најважни совети за создавање и управување со вашата бизнис империја во ограничено време.

Бидете екстра фокусирани

„Бидете супер фокусирани и немојте да се впуштате во празни активности што ви го одвлекуваат вниманието,“ препорачува Тејлор. „Не е нормално колку време поминуваме на социјалните медиуми или во гледање серии на Нетфликс кога тоа време можеме да го фокусираме работејќи на нашите соништа. Направете список на апсолутно неопходни работи што мора да се направат и направете ги само тие. Претприемачки бизнис на страна значи дека треба да се разбирате во се` – да сте специјалист по информатичка технологија, секретар и маркетинг гуру. Понекогаш можете да се чувствувате како да е премногу, но ќе бидете и многу благодарни кога ќе почнат да се појавуваат резултати.“

Онлајн публикацијата „Муза“ истакнува дека според едно истражување на Универзитетот во Калифорнија, во просек се потребни 23 минути и 15 секунди да се вратите на вршењето одредена работна задача кога еднаш веќе вниманието ви побегнало. Неверојатно нели? Ако сте човек кому лесно му бега вниманието, екстра фокусиран пристап е најважен апсект за успехот на страничниот бизнис.

Начинот на размислување е клучен

„Начинот на размислување игра моќна улога во нашиот успех во што и да правиме,“ вели Тејлор. „Чувството на поистоветување на благодарноста со вашиот бизнис може да има феноменален ефект врз тоа како работите се одвиваат во ваша корист. Сите бизниси имаат подеми и падови, но одржувањето на вербата во она што го создавате и станувањето отпорен на куршуми се нештата што ќе го штитат не само вашето ментално здравје, туку исто така и резултатите што вашиот бизнис го има потенцијалот да ги постигне.“

Надградбата на вашите вештини нека биде дел од вашата редовна рутина

„Сум престанала да бројам колку многу нови програми сум морала да научам откако почнав да работам за себе,“ признава Тејлор. „Но тоа ме придвижи многу многу подалеку на патот на растот на мојот бизнис отколку да работев за некој друг и да поминував низ тие движења секој ден. Повторувањето е мајка на сите вештини, и посветувањето време на проширување на вашето знаење не само што ќе ве направи еден вид производ од гледна точка на бизнисот, туку исто така ќе бидете способни да го водите сопственото шоу на почетокот, кога можеби го немате потребниот буџет за да ангажирате вработени.“

Запомнете зошто сте започнале сопствен бизнис

„Вашето ,зошто’ е вашиот најголем двигател,“ Тејлор охрабрува. „Тоа е нештото што ве турка напред, дури и кога се чувствувате како да сакате да се откажете. Тоа е она што ја мотивира и стимулира креативноста и страста навистина да тргнете по тоа што го сакате. Моето најголемо ,зошто’ е моето семејство. Никогаш не сакам да бидам мајката која на нејзините деца ќе им каже: „можевме да имаме повеќе, но не можев да се грижам за следењето на сопствените сништа“. Сакам моите деца да ме погледнат и да се чувствуваат инспирирани да излезат во светот и да ги бркаат сопствените сништа во животот бидејќи нивните родители им дале пример дека тоа е возможно.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -