Како да ги натерате луѓето да ве сакаат вирутелно

Се наоѓате на виртуелен повик во врска со вашата работа, и им кажувате на колегите некоја анегдота. Повикот се одвива во најдобар ред, колегите реагираат на вашата приказна, ги гледате насмевките на нивните лица. Тогаш, одненадеж, ја снемува интернет конекцијата. Дури да се приклучите повторно, разговорот веќе продолжил понатаму, сега вашата публика разговара за времето.

Создавањето блиски врски со колегите во вистинскиот свет е лесно. Обично тоа се случува кога сите заедно гледате слики од мачки на интернет, или заедно превртувате очи на развојот на политичките настани, или пак заедно пиете бескрајни кафиња. Но животот не е повеќе едноставен. Сега кога секој работи од дома, единствените алатки на располагање се видео конференциите, групните пораки и меилови, можеби најладните форми на комуникација кога било измислени, пишува Би-Би-Си.

За работите да бидат уште полоши, раните денови на пандемијата беа вежба за опасностите во видео муабетите. Тука е работникот кој случајно отиде во тоалет додека камерата беше вклучена, а по него тргнаа и неговите домашни миленичиња, шефот кој ненамерно примени филтер што ја претвори неговата глава во компир и многу ненамерни голотии. Со овие „лапсуси“ на ум, тешко е човек да се опушти пред екранот, а уште помалку да покаже дека има харизма.

Па како можеме да ги натераме колегите, партнерите во бизнисот и клиентите, да не сакаат во овој нов виртуелен свет на работа? Во продолжение се пет исклучително корисни совети.

Насмејте се

Во 1936 год, американскиот писател и предавач Дејл Карнеги објавил книга која го промени светот. „Како да стекнувате пријатели и да влијаете на луѓето“ се продаде во повеќе од 15 милиони копии, што ја прави оваа книга една од најпопуларните четива за бизнисот на сите времиња. Милијардерот и филантроп Ворен Бафет ја прочитал на негови 15 години, и тој смета дека неговиот успех се должи на таа книга.

Еден од советите на Карнеги е важноста на насмевката. Тој потенцира дека ако изгледате задоволни што гледате некого, и тие ќе бидат задоволни што ве гледаат вас – и смета дека ова е причината зошто сите сакаме кучиња. „Тие се толку среќни кога ќе не` видат што скокаат од среќа,“ пишува Карнеги. „Така што природно, и нам ни е драго кога ќе ги видиме нив“.

Иако ова е генерално корисен иако очигледен совет, во нашиот случај видео состаноците нудат невообичаена можност: во стандардни околности би требало да упатувате насмевка на сите лица присутни во просторијата посебно, но на видео конференција, можете да шармирате 10 од 20 луѓе по цена на еден.

„Ако немате природна насмевка,“ објаснува Николас Бутман, поранешен фотограф и автор на „Како да ги натерате луѓето да ве сакаат за 90 секунди или помалку“, „тогаш применете го она што го научив од моделите а тоа е дека некои од нив кажуваат ,одлично, одлично, одлично’, три пати одеднаш, што пак го има истиот ефект“.

Иако видео разговорите се изненадувачки заморни, и секако ви ја цедат енергијата, навистина не постои изговор за вие да изгледате дека ви е здосадено.

Најдете заедничко тло

Во канцеларијата, во голема мера се потпираме на споделеното искуство кога се зближуваме со други. Се одушевуваме на чудните закуски што луѓето ги носат кога ќе се вратат од одмор, се жалиме за патот што го поминуваме до работа и се сеќаваме на минатиот Божиќ што сме го прославиле заедно. Иако можеби не сфаќаме зошто го правиме тоа, изнаоѓањето заедничко тло е еден од основните карактеристики на личниот шарм.

„Кога добивам известувања од корпорации, повеќето од нив се навистина кул, гледам одлични извршни директори кои можат да најдат заедничко тло дури и преку телефон, за околу 15 секунди,“ вели Бутман. „Ако можете да натерате некој да каже ,уау, и јас исто така’, тогаш сте ја постигнале целта“.

Така што, иако во моментов сме ограничени со видео повици, групни пораки и меилови, сепак има цел свет на искуства поврзани со пандемијата и времето за што можете да разговарате. Уживајте во тоа.

Бидете подготвени

Иако можеби сте импресионирани со вашата новостекната способност да водите виртуелни бизнис состаноци во кревет или додека подготвувате вечера, тоа сепак можеби не е добра идеја.

„Повиците преку ZOOM не се наменети за ,тепање време’,“ вели Сали Хогшед, поранешна директорка во агенција за рекламирање и автор на книгата „Фасцинирајте: Вашите 7 чекори до убедување и засенување“. „Тие се наменети за создавање врска и смислување идеи. Така што важно е да сме целосно присутни“.

Хогшед препорачува подготовка за виртуелните состаноци – како што би се подготвувале и за секој друг состанок. Ова често значи дека треба да започнете со онлајн истражување. Ако се среќавате со нов колега или соработник, дознајте ја неговата историја и какви интереси или мотивации има. Ако целта е да размислувате за можни идеи, запишете неколку белешки однапред. Исто така, клучно е да го запознаете софтверот што ќе го користите – дали тоа ќе биде ZOOM на пример – откријте какви карактеристики има платформата и користете ги во ваша предност. Ако целта на средбата е да испиете неколку виртуелни пијачки, Бутман препорачува додавање виртуелна позадина, или некоја што им кажува на луѓето нешто за вас или нешто смешно.

Позадините на ZOOM нудат двојна предност – не дозволуваат да се види нередот позади вас што може да биде пречка во непречениот тек на состанокот и не им дозволуваат на колегите да го судат вашиот дом. „Има многу луѓе кои не сакаат да дознаете колку им е убав животот,“ вели Бутман. Иако можеби е искушение да ги импресионирате вашите колеги со слика од вашиот двор во позадина или супер модерната кујна, сепак одберете позадина која е едноставна и неутрална, како што е ѕид или полица со книги. Ако сакате да користите виртуелни позадини, тогаш инвестирајте во зелен екран, или барем бело платно што можете едноставно да го закачите, за да ја избегнете можноста позадината да се појавува и да ја снемува од фокус. Овие детали ќе и` помогнат на вашата публика да се сконцентрира на она што го кажувате, така што шансите се поголеми дека ќе ги слушаат вашите приказни, ќе се смеат на вашите шеги и ќе бидат соодветно импресионирани од вашите идеи.

Отворено пофалете ги достигнувањата на другите

„Ласкањето од типот на: „оваа кошула ти стои супер“ е или клише, или е неискрена забелешка, и не помага во градењето однос,“ вели Хогшед. Но пофалбата, што е многу различно од ласкањето, има врска со давање комплименти што луѓето ги заслужуваат и ги прават да се чувствуваат видени.

Искрената пофалба за сработеното е еден од најефикасните начини на кои може да се влијае на нив, без да се претворите во негативец. Не им кажувајте на луѓето каде згрешиле, кажете им што направиле правилно. „Тоа ги тера да сакаат да работат уште,“ вели Хогшед.

Ако некој сподели интересен заклучок за време на повикот на ZOOM, тогаш кажете му го тоа таму и тогаш. Ако има добра идеја, кажете му го тоа. Истакнете ги вашите колеги за нивната подготвеност, па дури и за нивната способност да примат повратни информации за време на виртуелниот состанок.

Хогшед ја истакнува важноста на избегнувањето на премногу обични комплименти, кои нема да имаат големо влијание. „Пофалете ги на начин што не е очигледен и што не го слушаат цело време,“ вели таа. „Мојот сопруг има преубаво сини очи, и луѓето секогаш го коментираат тоа. Тој е поласкан, но тоа не создава однос“.

Раскажувајте приказни

Човечкиот род раскажува приказни веќе десетици илјади години; неодамна, научниците откриле 43 000 години стара слика во пештера на која се нацртани мали човечки фигури како ловат две свињи, и се смета за најстариот наратив пронајден на планетава. Ваквите слики се верува дека еволуирале како начин за поврзување со другите, пренесување информации и создавање смисла за светот што не` опкружува.

Иако сме преминале од седење околу оган на отворено во канцеларии и сега во виртуелни работни средини, раскажувањето приказни сепак се смета за основан начин на кој нашите мозоци функционираат. Психологот Џером Брунер верува дека фактите се памтат 22 пати повеќе кога се претставуваат во форма на приказна, а во светот кој се` повеќе и повеќе станува сатуриран од информации, способноста да се креира наратив е клучна за да бидете слушнати.

И иако самото раскажување приказни нема да генерира однос по себе, новинарите и луѓето во маркетинг индустријата со децении знаат дека тоа е првиот чекор кога сакате да привлечете нечие внимание. Кога еднаш луѓето се „закачени“ за вашата приказна, тогаш можете да работите на тоа да покажете колку сте интересни, паметни или смешни.

„Понекогаш кога правам интервју преку телефон со корпорации што ме сфаќаат како говорник, најверојатно ќе има ннеколкумина на конференцискиот повик кои ќе прашаат како сум,“ споделува Бутман. „Потоа јас раскажувам каде сум што правам, а тие ,се лепат’ на тоа што ќе го кажам и разговорот тече сам од себе,“ дополнува тој.

Бутман објаснува дека лесен начин да се подобри вашето раскажување приказни е да се вметне сензорна информација или да се направи споредба. „Еден од најдобрите во светот за ова е Ворен Бафет,“ вели тој. „Кога тој ја опиша последната финансиска криза, кажа: ,само кога ќе помине плимата сфаќаш кој пливал гол’“. Ова беше референца за банките што позајмија пари што не можеа да ги вратат назад, и очекуваа дека никој нема да забележи бидејќи пазарот би продолжил да расте.

Во свет во кој луѓето стануваат излишни преку ZOOM, или полошо, преку емаил, и кога вашиот следен состанок со шефот лице-в-лице можеби ќе се случи во 20201 год, може да се почувствуваме како да стануваме се` повеќе дехуманизирани, сведени на потпис на емаил, или работна позиција. Но иако многу од вообичаените начини да се поврземе со нашите колеги во моментов не се достапни, Бутман и Хогшед се сложуваат дека е возможно преку ZOOM да се создаваат односи со колегите и пријателите, само е различно.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -