Како да бидете дисциплинирани во ваша корист за подобар живот

Во моментов се чувствувам совладана од премногу обврски и прилив на информации, расцепена во многу различни насоки, и сфатив дека треба да вклучам повеќе дисциплина во мојот живот. Но самиот збор ми предизвикува мешани чувства, вели Ејми Стентон, основач и извршен директор на Stanton & Company, и ко-автор на книгата „Женската револуција“.

Кога и да го слушнам зборот „дисциплина“, замислувам како сум во основно училиште и строгиот наставник не` дисциплинира нас учениците.

Во ретроспектива, благодарна сум за тоа искуство што го мразев како дете, бидејќи ми создаде силно чувство за лична одговорност. Знаев што се очекува од мене, и исто така ги знаев последиците ако не ги исполнам тие очекување. Подоцна, кога ја започнав мојата прва работа во рекламната индустрија во BBDO во Њујорк, сфатив колку е важна дисциплината во контекст на работата. Извештаите на агенцијата мораа да бидат напишани на еден многу специфичен начин. Мораа да се почитуваат протоколите. Насоките за имиџот на брендот мораа да се практикуваат. Дисциплината создава простор за и ја поддржува креативноста, а токму тоа компанијата за која работев го продаваше тогаш.

Во моите дваесетти години во Њујорк почнав да трчам на маратони, што пак бараше од мене да имам огромни количини дисциплина, признава Стентон. Ова исто така имаше влијание и на начинот на кој се однесував кон мојата работа, што пак исто имаше влијание и во начинот на кој го структурирав мојот живот. Морав да се разбудам во одредено време со цел да можам да џогирам од сабајле. Морав да ја напуштам канцеларијата во одредено време за да стигнам дома и да се погрижам за себе и да се подготвам за следното утро. И додека поголемиот дел од дискусиите за продуктивноста сега се фокусираат на „хакирање“ на времето или други трикови што треба да ви овозможат да сработите повеќе и побрзо, ако сакате да сте успешни во животот дисциплината мора да биде константа.

Ако ни недостасува дисциплина во една област во животот, тогаш шансите се големи дека ни недостасува дисциплина и во други области.

Не верувам дека најдобриот начин да го водите животот е да се структурирате себеси од некаква си спонтаност. Потребна е рамнотежа. Така што, ако се прашувате како можете да практикувате дисциплина во вашата секојдневна рутина, има неколку едноставни, но ефикасни начини како да ја развиете таа вештина.

Започнете со тоа што ќе бидете дисциплинирани во врска со нешто што го сакате

Многу е полесно да се натерате себеси да бидете исполнителни за нешта за кои искрено се грижите отколку да се принудувате себеси да учествувате во нешто за кое не се грижите.

На пример, еден начин на кој вежбам дисциплина во секојдневниот живот се часовите по танц што ги посетувам. Навистина почнав да сакам да присуствувам на тие часови. Го обожавам фактот како еден час танцување ме прави да се чувствувам. Одбирам да го поминам времето на овој начин, и ретко пати сум во искушение да закажам други обврски во тоа време бидејќи толку многу го сакам танцот и знам дека редовното одење на часови е обврска кон себеси. И бидејќи сакам да одам на часови по танц, полесно ми е да си го исполнам ветувањето.

Причината поради која ве охрабрувам да почнете да „вежбате дисциплина“ со нешто кое го сакате е бидејќи тоа ќе ви помогне да забележите кога се давате премногу себеси во животот. Ако, секоја недела морате да се убедите себеси да ја одржувате посветеност во други нешта, тогаш можеби се впуштате во премногу обврски. И ако правите екстра напори за тие обврски, тогаш има големи шанси да се чувствувате совладани и под стрес. И ако се чувствувате така, тогаш нема да можете да создадете ефикасна дневна и неделна рутина.

Отстранете повеќе одшто додавате

Ако сакате да создадете едноставност во вашиот живот, морате да отстраните повеќе одошто додавате.

Секогаш кога се чувствуваме дека би требало да правиме повеќе, склони сме да мислиме дека одговорот на тој проблем е дека треба „да правиме“ повеќе. Трикови за зголемена продуктивност, поумни листи со задолженија, итн., сите упатуваат во насоката на „правење“, а во реалноста, ефикасноста се создава со отстранување: отстранување обврски, посветеност на нешто што не е продуктивно, отстранување непотребни проекти, итн.

Ако постојано се наоѓаме себеси на места каде поставуваме цели но не сме целосно способни да ги оствариме, тогаш најверојатно, нашиот проблем не е само дисциплина. Имаме „зафатен“ проблем. Се обидуваме да направиме премногу – повеќе од способностите на кој било човек – што пак доведува до чувства на саморазочрување.

Пред да можеме да практикуваме дисциплина во нашите дневни животи, мораме да се осигураме дека почнуваме со листа на задолженија.

Откријте кои активности бараат интензивна дисциплина и кои не бараат никаква

Лично за мене, продолжува Стентон, идеалното сценарио е негување дисциплина во врска со нештата што на кои им е потребна. Тогаш можете да имате целосен недостаток на дисциплина во други области во животот, што создава некој вид креативен тек и простор за неочекуваното.

Така што дисциплина на работа, при вежбање фитнес и други работи што се секојдневно неопходни овозможува простор за повеќе креативност и флуидност во други области. Дисциплината во однос на закажувањето задачи и задолженија значи дека официјално можеме да закажеме лично време или социјално време или време за едноставно „бивање“ – што се моментите каде се крие магијата.

Вистинската цел на дисциплината е да бидете сигурни дека кога сте фокусирани на нешто, вие сте 100% присутни. Откако ќе завршите со активноста тогаш дозволете си малку слобода. Бидете отворени за нови можности. Дозволете му на умот да лута. Создадете структура за неструктуираното време.

Создадете рутини околу дисциплините на кои сте им посветени

Вашите дневни фитнес вежби, неделните средби со терапевт, месечните вечери или онлајн средби со пријателите – сите овие знаци што ви го покажуваат патот можат да ви помогнат во негувањето дисциплина.

Ајде да ги наречеме „дисциплини на кои сте им посветени“.

Станува збор за активности во нашите распореди што се вкоренети во нашите секојдневни навики и природни рутини. На пример, времето кога одите во фитнес центар секој ден ви олеснува да знаете кои други периоди од денот можете да ги искористите за ваше добро. Или сознанието дека секоја сабота во 11ч наутро имате час по уметност на кој со љубов присуствувате значи дека имате неколку часа наутро и целото попладне да бидете дисциплинирани на други начини.

Клучот е секогаш да се прашувате себеси: „Дали сум премногу крут, премногу дисциплиниран со моето време? Или, не сум доволно дисциплиниран?“

Ако по цели денови немате ништо закажано тогаш тоа не е точниот одговор. Ниту пак точниот одговор е секоја минута од денот да ви биде однапред планирана.

Како и во се`, така и тука станува збор за рамнотежа. Учиме која е вистинската рамнотежа со наоѓање на крајностите и на изборот да се движиме некаде во средината.

Извор: minutes.co

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -