Како вашето племе да стане посилно и како да бидете подобар лидер

Моето прво сеќавање на зборот „племе“ доаѓа од времето кога имав околу 8 години. Мојот дедо беше пастор на црква во динамичната заедница на Јамајка, Квинс. Едно зимско утро, мојата учителка од неделното училиште, г-ѓа Хај, ни одржа посебна лекција, користејќи добро познато африканско клише: „потребно е цело племе за да се воспита дете“. Според мене, овој концепт е фасцинантен, пишува Ренди Мур, кој повеќе од 16 години надгледува операции во непрофитни организации, им помага на дипломците од недоволно познати факултети да најдат вработување со унапредување на нивните дигитални вештини и вмрежување со врсници, и кој работи во областа на педагогијата и лидерство во Careers’ COO.

На тој час разговаравме за составот на племето, од ритуали за новородени деца и старешини, до хроничари и исцелители. Г-ѓа Хај не само што ни ја покажа колективната моќ на заедницата, нејзината ефикасност и чувството за припадност, туку и ни посочи како племињата можат да функционираат како конструктивни „заедници на пракса“, каде членовите колективно учат и меѓусебно си ги олеснуваат предизвиците кога ќе се појават. Додека овој пример служи како рано, формирачко сеќавање на моето африканско наследство, сепак постои и посебна корелација со претприемништвото.

Како лидери на организации што скалираат, одговорни сме за негување чувство на заедништво и припадност кај секој член на тимот што го вработуваме. Клучен и често пати занемаруван концепт во оваа дискусија е искрената одговорност што би требало да ја имаме кон нас самите, односно создавањето наш систем за поддршка како лидери.

  • Кому се јавувате кога ви треба совет за тешка одлука поврзана со вработените?
  • Со кого правите планови за пијалак после работа и ги споделувате успешните и неуспешните моменти од изминатата недела или дискутирате стратегии како да го надминете синдромот на натрапник?
  • Кому му нудите помош како ментор?

Одговорот на сите овие прашања е „племето“.

Постојат голем број расни и етнички групи во светот, со сопствени конструкти за тоа што точно претставува нивното племе што се различни од она што г-ѓа Хај првично ни го опиша, и што се во голема мера различни едни од други. Но, она што секогаш го паметам од нејзиниот час е фактот дека здружувањето зад иста цел како луѓе, со различни улоги и искуства, е чекор кон станување посилни заедно.

Проценете ја вашата моментална мрежа односи

Која беше последната личност надвор од организацијата кому сте се јавиле за совет?

Често пати, во нашите мрежи има луѓе кои покажале дека се вистински шампиони за нашиот успех, но не сме им оддале почит како на такви. Можеби можете да координирате месечен онлајн состанок или да создадете канал на Slack каде можете да споделувате креативни идеи еден со друг или пак да побарате двонасочни повратни информации.

Создадете време

Ако требаше визуелно да исцртате мапа на вашата мрежа, сигурен сум дека имате еден до тројца поддржувачи кои би биле на кратко растојание од вас. Ова е некој со кого сте доживеале професионални и животни искуства и кој треба да остане активен поддржувач на вашиот лидерски пат, но и вие во неговиот.

Идентификувајте лидер кој има повеќе искуство

Ако треба да идентификуваме некој кој раководи со поголема организација, тогаш има големи шанси ова лице да има помалку достапно време од вас.

Сакате да бидете сигурни дека посегнувате кон нив со намера. Нивното време е вредно и би требало да сте добро информирани и да ги имате истражено потребните информации кога комуницирате со нив.

Можеби ви треба совет за тоа како да го лансирате бизнисот на нов географски пазар, или пак сакате да се распрашате за клучните лекции што ги научиле кога го скалирале нивниот оперативен буџет од 2 милиони долари на 200 милиони долари – што и да е случајот, тие се старешините на вашето племе и нивната мудрост е златна. Побарајте ја.

Осигурајте се дека имате исцелител во племето

Сите наши патувања се неверојатно различни, а сепак по нив одиме соочувајќи се со уникатен сет предизвици што можат да ја заматат нашата лидерска леќа ако не сме соодветно фокусирани. Ова може да има ефект на снежна топка во поглед на нанесување лична штета. Оттука, вашето ментално, физичко и емоционално здравје се подеднакво важни (ако не и повеќе) отколку вашето професионално и економско здравје  – тие се заемно поврзани.

Идентификувајте терапевт, стручњак за добросостојба, духовен водач, животен обучувач, тренер за физички вежби и/или кој било друг кој може да ве поддржи во остварувањето на најдобрата верзија од себеси. Ајде да го викаме ова лице „исцелител“.

Одвојте време за физичка активност, здрави избори на исхрана и поминете време со саканите. Бидете сигурни дека истата инвестиција ја вложувате и кај членовите на вашиот тим. Од вас зависи да си ги создадете ритуалите за личен успех. Што би вклучиле?

Учете со членовите од вашиот колектив

Некои сметаат дека омоќувањето (охрабрувањето) е клучно за раст: Најдобрите средини за стекнување нови знаења се создаваат кога има реални последици по поединецот и неговата/нејзината заедница во пракса. Значи, вашите неуспеси како водачи да ги остварите клучните деловни резултати можат да имаат реални професионални последици што речиси сигурно ќе влијаат и на нашата лична добросостојба.

Нова анкета на 2000 Американци, спроведена од Muse Health Hand Sanitizer, покажа дека 65% од испитаниците кажале дека кризата со Ковид-19 послужила како аларм да се обратат во нивните заедници, додека 52% испитаници понудиле доброволни услуги во нивните заедници за првпат, како резултат на пандемијата.

Какви активности имате одредено во вашиот распоред кога се среќавате како колектив со вашето племе за да разговарате за некој заеднички проблем или можност за учење нешто ново?

Можеби во заедницата се дискутираат стратегии за подготовка на финансиска ревизија, или пак нов пакет одредби што одредуваат дали вашите договорни страни би требало всушност да бидат вработени со половина работно време.

Примарната идеја е дека ги дискутирате овие теми како заедница на лидери – членови на вашето племе, кои се собираат околу намерно учење, споделување и развивање најдобри практики, и го поддржуваат поединечниот и колективниот успех во процесот. Оваа прибегнување кон вашето племе исто така помага во создавањето отпорност.

Како им помагате на другите во вашето племе?

Слично на одржувањето список со племенски старешини, сетете се дека вие исто така сте старешина на помлад лидер во вашиот колектив.

Сите сме добиле различен сет социетални привилегии врз основа на конструктите за раса/етничка припадност, пол, сексуална ориентација, когнитивни и физички способности, итн. Верувам дека е важно да се користат овие привилегии за да се биде сојузник/ко- заговорник со некој кој можеби ја нема истата општествена позиција.

Имате единствена шанса да развиете разновидно племе што може да ви дозволи пристап до можности, и способноста сите да водат живот исполнет со избори. Има нешто реципрочно во давањето назад на други како клучна вредност на племето.

Додека овие пет компоненти не се единствени чекори кон развивањето сопствено претприемничко племе, тие обезбедуваат основни градива за оцртување на вашата целокупна мрежа за поддршка: што е достапно во моментов? Кои се можностите? Какви лични потреби имаш како лидер, а сметаш дека не се задоволени?

Вие сте единственото лице со одговорите на овие прашања и вашето племе може да биде на ваше располагање да ве поддржи да стигнете до тие одговори. Во крајна линија, потребно е село за да се воспита лидер.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -