Каде се крие можност сред криза?

Времето е несигурно, а за сопствениците на бизниси, ситуацијата со јавното здравје што требаше итно да се реши, го претвори пазарот во проблематична и застрашувачка средина. Следењето на насоките за социјално дистанцирање можеби е непријатно, но многу компании се соочуваат со краткорочни загуби и матни исходи.

Поврзано:

Сепак грижата за вашиот бизнис во време на криза е клучна. Во прилог се некои практични и одговорни стратегии што можат да ви помогнат да го одржите бизнисот во овие тешки времиња, пишува Entrepreneur.

Културата на компанијата нека ви биде во фокус

Без разлика дали сте единствен сопственик или вработувате десетици лица, вашата компанија има култура. Тоа е вашиот етос, вашата причина зошто воопшто постоите, она што ве разликува од конкуренцијата. Некои компании ги отфрлаат темите како „компаниска култура“ бидејќи се деликатни и проблематични, но го прават тоа на сопствена штета. Во суштина, IBM спроведе истражување и откри дека вработените кои чувствувале силна врска со нивната компанија и нивните колеги, создале подобар финансиски исход за разлика од другите вработени.

Ова е точно. Кохезивна компаниска култура води кон подобри искуства и за вработените и за вашите клиенти. Така што, иако бизнисот сега оди бавно, одвојте време и размислете за тоа каков вид на бизнис сакате да водите. Посветете и малку енергија на тоа да го охрабрите персоналот да се чувствува како дел од важна заедница, дури и во случај сите да работите од дома. Културата може да се негува, дури и на далечина. Заедничка смисла за цел и посветеност на заедничките цели може да ја направи вашата компанија идеално место за работа и да ја претвори во организација што ќе биде посветена на испорачувањето одлични услуги кон клиентите.

Приближете ѝ се на вашата заедница

Без разлика дали вашата фирма е сметководствена компанија, продавница за материјали или бизнис за пејзажно уредување, вие сте дел од вашата заедница. Дури и онлајн бизнисите се некаде основани, нели? Ако бизнисот ви оди бавно, или пак ако водите бизнис што сега се оценува како не-есенцијален, искористите го времето како можност да создадете посилни врско со вашите соседи. Анализирајте ја вашата заедница и видете кои потреби вашата компанија може да задоволи. Може ли да обезбеди оброци за локалната болница? Можете ли да го организирате персоналот да испорачува намирници до членовите на заедницата кои не можат самите да одат во продавница? Дали постои некоја едукативна програма што можете бесплатно да им ја понудите на родителите што бараат начини да ги анимираат нивните скоро побудалени деца? Ако сте приморани да забавите во овие тешки времиња, тогаш направете нешто продуктивно со ресурсите што ви се на располагање. Создавањето посилни врски со вашата заедница ќе ви овозможи побрзо опоравување кога бизните ќе почнат повторно да се отвараат.

Сконцентрирајте се на она што им е потребно на вашите клиенти

Кога преплашените муштерии ги испразнија полиците со гел за дезинфекција на раце, што направија големите и малите дестилерии? Го сменија производството, од алкохолни пијалоци во масовни количини на средство за дезинфекција. Иако можеби не сте дел од бизнисот со дестилиран алкохол, сè уште сте во можност да ги преосмислите стоките  и услугите што ги нудите со цел задоволување на некои од новите конзумерски потреби. Рестораните што беа приморани да затворат врати повторно ги осмислија нивните бизниси, нудејќи им хартиени производи и свежо месо на клиентите кои можеби не се во состојба да ги набават овие производи во продавница. Продавница за ткаенини можеби може да состави пакети што ги содржат сите потребни работи за домашно производство на маска за лице. Сметководител може да го надогради личното познавање на стратегиите и промените во законот и регулативите за даноци за да им помогне на клиентите да задржат што поголем дел од сопствените пари. Кога ќе се смени пазарот, и бизнисите мора да се сменат.

Креирајте поинтересна онлајн содржина

Ако постои надеж во ситуацијата, тогаш тоа е можноста да се зафатиме со работи што секогаш сме сакале да ги започнеме а никогаш не сме нашле време. Создавањето динамична содржина за вашата веб страница е една од тие задачи. Дури и да не сте роден писател, има буквално еден тон недоволно платени фриленсери низ целиот свет кои можат да ги употребат вашите идеи за да произведат содржина што ќе ги натера вашите клиенти да се ангажираат на вашиот сајт и така да го промовирате вашиот бренд и бизнис.

Без разлика дали почнувате да создавате блог на вашата компанија, или креирате забавни и информативни видеа, или едноставно ги надополнувате постоечките информации за вашата компанија, новото лице на сајтот на вашата фирма има смисла, особено во време кога толку многу луѓе седат дома пред нивните компјутери. Не сте убедени дека свежа содржина и посилна онлајн позиција во пребарувачките алатки се важни? Тогаш земете го предвид фактот дека 72% од онлајн маркетерите во САД веруваат дека најефективна стратегија да го подобрите интернет пребарувањето на вашата компанија е содржинскиот маркетинг. Додека продажбата оди бавно, искористете ја можност да се погрижите за вашите задачи и обврски што можеби сте ги запоставиле пред појавата на пандемијата.

Според Федералната агенција за справување со кризи на САД, 40 проценти од бизнисите не отвораат повторно откако ќе преживеат некаква катастрофа. Ова е реална статистика и иако не можеме да ги предвидиме или избегнеме сите потешкотии, она што можеме да го направиме е да вложиме малку време и енергија во позиционирањето на нашата компанија за да може да излезе од оваа криза во најдобра можна форма. Негувањето на компаниска култура, засилувањето на врските со заедницата, испорачувањето на она што им е потребно на вашите клиенти и вложувањето во подигнање на нивото на содржината на вашиот вебсајт се разумни стратегии кои можат да ви помогнат да испливате од бурата помалку оштетени од другите. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -