Каде најмногу грешиме во комуникацијата

Фото: Pexels

Комуникацијата е составен дел од животот и затоа многу е важно како и што зборуваме, како реагираме и со каков говор на телото се служиме. Но, понекогаш е тешко да се остане фокусиран, смирен или да се најде вистинскиот одговор.

За да бидеме што поуспешни во разговорите, еве што не треба да се прави.

Претпоставување пред да се слушне целата приказна

Лесно е да се суди за нечие мислење. Сепак, за да имате продуктивна и ефикасна комуникација треба да ја ислушате целата приказна. Не избрзувајте со одговори и забелешки, можеби подоцна ќе зажалите за кажаното.

Очекување соговорникот да “чита мисли“

Секогаш треба да се биде јасен и концизен. Никој не умее да чита мисли. Затоа, не бидете навредени ако некој погрешно ве разбрал, додеке сте зборувале во “шифри“.

Прекинување

Воопшто не е културно да се прекине соговорникот додека зборува. Без разлика што (не) се согласувате, оставете го/ја да се доискаже, па потоа изнесете го својот став или мислење.

Реагирање без одговор

Можеби во одредени ситуации ќе се вознемирите, но многу е важно да не наседнете на провокациите и да останете смирени. Почекајте неколку секунди, да ви поминат негативните емоции, па потоа склопете добар одговор.

Негативен/апатичен говор на телото

Ова особено лошо изгледа на работното место. Можеби разговорот не е премногу интересен, но во ниеден случај не смеете да делувате незаинтересирано или апатично. Обидете се да “говорите со телото“ на позитивен начин и да не лутате со мислите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -