Каде можете да ја пронајдете следната успешна идеја

Барате нови начини да иновирате? Добрите вести се што не е потребно да работите на таен технолошки пронајдок.

Размислете за Peloton, компанијата која нуди вежби за по дома, чии продажби пораснаа за 232% од ноември, далеку повеќе од очекувањата на компанијата. Интензивни вежби за возење статичен велосипед не се ништо ново, ниту пак интензивното потење дома. Но, комбинацијата на овие две работи за време на пандемијата, кога милиони луѓе беа приморани да останат дома, со очајна желба за еднорфин, и добивате финтес феномен, и тоа и покрај лошиот публицитет на компанијата кон крајот на 2019 година. Со појавувањето на промотивни понуди за одмор, нивните акции паднаа за 9%. Ауч. Но, со сигурност можеме да кажеме дека ја вратија старата вредност, пишува Ајтекин Танк основач на компанија за креирање онлајн формулари JotForm.

Секако, некаков вид на стриминг технологија беше вклучена во производот на Peloton, но вистинската причина за успех беше погодување на соодветното време и масовната демографска промена. Според објавуваниот автор во Harvard Business Review, Питер Ф. Дрикер, демографската промена е една од неколкуте изненадувачки места каде претприемачите можат да ја најдат нивната следна голема идеја.

Демографски промени

Население кое доживува забележителна промена – на пример, работа од дома – може да биде брза трака за генерирање иновативни идеи, пишува Дрикер. „Навистина, иновативните можности што се овозможени со промена во бројот на луѓето, и во нивната дистрибуција на образование, занимање и географски локации, се меѓу најисплатливите и најмалку ризични претприемачки потфати“.

Заедно со тие промени доаѓаат нови желби и потреби, и секако, можности да се задоволат, без да се инвестираат тон пари во развој на нова технологија. Пример за тоа е бегството од урбаните центри со појавата на пандемијата од Ковид-19. Според Њујорк Тајмс, жителите на градот Њујорк бегаа во предградијата и во селата во 2002 год. Вкупно 14 заинтересирани купувачи се појавиле на првиот ден од огласувањето на една куќа лоцирана во долината на реката Хадсон, додека други имоти добиле понуди и без да ги посетат потенцијалните купувачи.

Сега размислете за потенцијалот на тие можности: услуги или производи што на овие поранешни урбани жители ќе им бидат потребни – да најдат имот што можат да го изнајмат или купат, или услуги што ќе им помогнат да се прилагодат на нивниот нов рурален животен стил.

Демографските промени секогаш создаваат моменти за иновирање.

Промени во перцепцијата

Ако забележите област во која перцепциите на луѓето се промениле, тогаш најверојатно гледате во друго место за иновирање. Ако продолжиме со претходниот пример, младите професионалци порано итаа да се преселат во градовите бидејќи сметаа дека нивната блискост со хабовите од различните индустрии и финансиските центри се клучни фактори за напредок во кариерата. Но, ако пандемијата ни покажа нешто важно, тоа е дека урбаната средина не е веќе основен предуслов за успешна кариера. Многумина всушност почнаа да се фокусираат на негативните страни од живеењето во скап, густо населен град.

Компании како Slack, Zoom и Trello беа во можност да капитализираат од овие промени во перцепциите со тоа што им овозможија на луѓето да работат од каде било.

Или размислете за здравствената индустрија. Денес живееме подолго од кога било претходно, но потрагата по здравје и добросостојба се чини како да е на самиот почеток. Како што Дрикер вели: „Наместо да се радуваат на големите подобрувања во здравствената нега, Американците како да потенцираат колку се далеку од бесмртност“. Секој ден, како да се појавува нова иновација која тврди дека ќе ни помогне да живееме подобро: од алтернативи за месо добиени врз основа на растенија и разни еликсири, до разни видови грицки на база на медицински канабис и терапија со инфрацрвено светло. Веќе не е доволно само да живееме подолго.

Но, ако барате промени во перцепциите од половина празна чаша кон полна, или обратно, можеби ќе најдете нов начин на иновирање.

Наводна несоодветност

Понекогаш, толку сме навикнати на стариот начин на работа што не успеваме да ги забележиме болните точки, како кога нешто станува потешко или побавно од што би требало да биде.

На пример, на почетокот, купувањето чевли онлајн изгледаше како да им обезбедува на купувачите полесна опција за пазарање: луѓето не мора да возат до некој трговски центар, да чекаат во редици во продавниците, итн. Но концептот беше бавен и не успеа да привлече моментум.

Неодамна починатиот извршен директор на Zappos, Тони Хсај објасни во една прилика за списанието GQ: „На времето, Амазаон успешно тргуваше со книги, но продавањето на производ чија величина одговара на сите е многу поразлично од обидот да се убедат клиентите да купат нешто што е многу посубјективно, како што се чевли“.

Но тој дојде до една едноставна, но иновативна идеја што ја доведе индустријата и неговата компанија на следното ниво: понуди бесплатна достава и бесплатна рекламација. Хсај ги елиминира негативните страни во онлајн купувањето што другите компании за обувки ги земаа здраво за готово.

Или земете ги за пример табеларните пресметки – речиси секој претприемач ги користи секојдневно. Тие можеби го прават бизнисот полесен, но долго време тие беа понезгодни од што требаа да бидат – особено кога станува збор за споделување не-цифрени информации како имиња, датуми, прикачени документи и слично. За да се споделат информации што не ги собира во педантни колони беше потребен друг вид софтвер. Токму затоа, мојот тим помина три години во развивање на JotForm табели – за да можат корисниците да ги соберат сите видови различни информации собрани од онлајн формулари и да ги организираат во еден работен простор.

Стариот начин на функционирање можеби е добар, но можеби постои и многу подобар начин. Барајте ги болните точки што можеби вашата компанија или индустрија се обидува да ги избегне или едноставно не ги забележува.

Неочекувани неуспеси и успеси

Можеби веќе сте ја чуле приказната за потеклото на мастиките Вриглис: на почетокот, компанија со седиште во Чикаго продавала сапун и сода бикарбона за да открие дека бесплатните пакувања мастики што доаѓаа со овие производи се многу попопуларни отколку нивните основни производи. Компанијата го смени целосниот бизнис како одговор на овој неочекуван успех.

Дрикер пишува: „Неочекуваните успеси и неуспеси се високо продуктивни извори на иновативни можности бидејќи повеќето бизниси ги отфрлаат, не ги забележуваат, па дури и ги презираат“.

Ако, наместо да се отфрлаат неочекуваните настани, одиме подлабоко за да ги сфатиме основните причини, можеби ќе откриеме начин за иновирање што се разликува од нашата првична визија – но токму тоа е тоа што им е потребно на нашите корисници, и според мене, тоа е основната и најголема грижа на секој претприемач.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -