И бизнисот сит и парите на број!

Oхрабрувајќи и поттикнувајќи ги жените со претприемачки дух Штедилница Можности Ви ги предлага кредитните продукти наменети за малите семејни бизниси.

Овие кредитни продукти се наменети за задоволување на сите потреби на фирмите и нивните сопственици, средства за дејноста и средства за домашни потреби.

Кредитите се наменети за кредитоспособни семејни бизниси и нивните сопственици, кои делуваат во областа на услугите, производството, туризмот, градежништвото, трговијата и занаетчиството.

Износот на кредитите е до 50.000 евра/3.000.000 МКД за правно лице, односно до 30.000 ЕУР/1.800.000 МКД за физичко лице.

Рокот на враќање зависи од намената на кредитот. За набавка на основни средства и опрема максималниот рок изнесува 60 месеци, за обртни средства изнесува 36 месеци, за лични и семејни потреби изнесува 95 месеци, додека за купување на станбен или деловен простор изнесува 180 месеци.

Годишната каматна стапка започнува од 7%.

Од останати трошоци за кредит може да има: манипулативен трошок кој започнува од 0,5%, месечна провизија за управување која започнува од 0,00%, меница од 500 денари и интеркаларна камата, зависно од денот на реализација кредитот.

Отплатата може да се врши со еднакви месечни рати или со флексибилен план на отплата, согласно очекуваните приливи од дејноста на клиентот.

Трошоци за апликацијата за кредит и личното советување на клиентот нема.

Дополнително, правните и физичките лица немаат обврска да вршат промени во нивната трансакциска сметка, односно средствата се префрлаат во банка по избор на корисникот на кредит.

Исто така, штедилницата нуди и депозити за сопствениците на компаниите или нивните деца и семјества по исклучително поволни услови.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -