Исчезнувањето на канцелариската романса

Нивните очи се сретнаа во собата со фотокопирот. Конечно двајцата успеаја да запознаат некој. На крајот, почнаа да живеат заедно и одлучија да се размножуваат. Прочитајте повеќе во „Педесет листови сива хартија“, наскоро во хартиено издание.

Романсата е долго познат спореден ефект од животот во канцеларија. Покрај се`, луѓето можат да поминуваат скоро половина од нивните будни часови на работа, и нивните колеги често пати ќе имаат по нешто заедничко со нив, дури и тоа да се сведува на поплаки за директорот. Некои врски неизбежно се случуваат, пишува The Economist.

Но животот во карантин го направи случувањето на нови романси многу, многу потешко. Иако онлајн излегувањето процвета за време на пандемијата, бројот на луѓе кои ја запознале нивната сродна душа на состанок што се одржува преку Zoom мора да е несомнено мал. Тешко е да се флертува кога изразите на лицето се набљудуваат од страна на дузина колеги. И навистина, колку е приватен муабетот што го водите на компаниската платформа за видео конференции?

Дури и пред пандемијата, романсата во канцеларија беше во опаѓање. Во 1995 год, 19% од (хетеросексуалните) лица го запознале својот партнер на работа, наведува истражувањето спроведено од Универзитетот Станфорд. До 2017 год, висината на овој процент падна на 11%. Сега е уште понизок. Бидејќи вработените професионалци ќе поминуваат повеќе време во работа дома и помалку во канцеларија, а се чини дека овој тренд ќе опстои и кога вирусот ќе помине, шансите за романса на работното место ќе бидат минимални.

Добро познато клише

Една причина за таквиот пад е фактот дека компаниите сфатиле дека врските на работа предизвикуваат поставување секаков вид етички прашања. Идејата дека шефот ја жени секретарката (или доктор излегува со сестра) е една од најстарите клишеа. За жал, таа тропа е толку силно вкоренета што секретартките и медицинските сестри поминаа децении во самостојно справување со несаканото внимание на нивните претпоставени. Како што ни покажа движењето #MeToo (И јас исто така), некои мажи ја користат нивната позиција на моќ за да ги малтретираат жените кои работат за нив.

Но и спогодбените врски можат да предизвикаат проблеми исто така. Врска со подреден ја отежнува работата на менаџерот кога треба да биде објективен за продуктивноста на вработениот. Колегите со право можат да се сомневаат дека директорот го фаворизира тој колега. Работите можат да се влошат и кога се раскинува врската. Повредените чувства може да ги отежнат односите помеѓу поранешните партнери и тие по прекинот да не можат да работат заедно. Дополнително, останатите колеги во канцеларија исто така ќе се чувствуваат непријатно.

Резултатот од ова е воведување политики кај голем број компании со кои се обесхрабрува или им се забранува на директорите да влегуваат во романтични врски со нивните подредени. Врските во канцеларија беа причината зошто Стив Истербрук ја напушти позицијата на извршен директор во МекДоналдс минатата година. Компанијата оваа недела поднесе и тужба против него.

Некои компании целосно забрануваат романтични врски на работното место. Други фирми имаат посебни насоки како што се правилата дека вработените не треба да дозволат да влезат во врска со колега бидејќи тоа ќе има влијание на нивното однесување на работа, и дека тие треба да ја пријават секоја врска што може да предизвика конфликт на интереси. Овие правила делуваат совршено разумно, иако имаат врска со жртвување на приватноста.

Има надеж

Некои од овие проблеми можат да се избегнат ако врската е посредна: ако луѓето ги запознаваат нивните партнери преку работа, наместо во истата канцеларија. Секако дека пак можат да се појават проблеми, како на пример ако менаџерот за аквизиции излегува со лице кое врши продажба кај неговиот добавувач. Но во поголемиот број околности, овие романси ги избегнуваат можните проблеми со недостаток на објективност и злоупотреба на положбата. Бартлеби бил доволно среќен што ја пронашол неговата сопруга преку работа пред 24 години – период што ги докажува бескрајните резерви трпение на г-ѓа Бартлеби.

Поради таа причина, можеби треба да му се прости на авторот на овој текст дека романсата во канцеларија нема засекогаш да исчезне. Милиони среќни двојки најверојатно се сретнале на биро или покрај кафемат. Можеби целосното непочитување на компаниските правила ќе им делува на двојките како мал симпатичен поттик. Но можеби и ќе треба да бидат внимателни: „Зборувај тивко ако зборуваш за љубов“, како што напишал Шекспир во „Многу врева за ништо“. Со ова на ум, романтичните романи можеби ќе треба малку да се модернизираат за да фатат чекор со ерата што ќе дојде по пандемијата.

Нивните очи се сретнаа кога двајцата посегнаа по шишето со гел за дезинфекција. „Дали би сакала да ги прекршиш правилото за социјална дистанца и да ми се придружиш во мојот меур,“ шепна тој. „Извини, не можам да те чујам со маската,“ одговори таа. Тој бараше инспирација. Како ли би можел да ги пренесе сопствените чувства? Како креативен директор на Tomkins & Tomkins, секако дека мора да има одговор. Дојде еден мозочен бран: ги крена рацете. Нејзините очи се раширија со разбирање. „Првиот збор,“ рече таа. „Звучи како….“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -